Што по средбата на Ковачевски и Петков во Рим? - Канал 5

Што по средбата на Ковачевски и Петков во Рим?

ЕУ или САД, кој прв ќе ја убеди Софија да ја крене рампата за преговарачкиот процес со Скопје?

Што по средбата на Ковачевски и Петков во Рим?

Претседателот на ДС, Павле Трајанов кој е коалиционен партнер во Владата, во следниве денови очекува засилен дипломатски притисок од САД врз двете страни. Според неговите информации од дипломатски извори кои ги соопшти во вчерашната Само вистина, американската „булдожер“ се подготвува да ги седне на маса и македонската и бугарската Влада се додека не најдат заедничко прифатливо решение. Дали ќе има договор до јуни не се знае, но Трајанов е убеден дека ЕУ нема капацитет да решава сложени прашања, додека американската дипломатија нема да се откаже од притисокот за да се надмине спорот наметнат од Бугарија.

- Се додека не се вклучи американската дипломатија нема да се реши ваков сложен проблем. Очекувам следните неколку денови да започне „булдожер“ дипломатија. Тоа значи можна е балканска конференција меѓу Македонија и Бугарија, а организатори да бидат САД. Слично како што беше Дејтон, лидерите на двете земји да седнат на заедничка маса, се додека не се најде прифатливи решение. Имам одредени информации од дипломатски избори дека тоа се подготвува, изјави Трајанов.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во пресрет на јуни очекува заедничка дипломатска офанзива и од САД и од ЕУ. Но според него власта повеќе треба да внимава на квалитетно, отколку на избрзано решение.

- Ако зборуваме за брзината на јуни, најдобро би било тоа да биде координирана акција и од САД и од ЕУ. Но не е секогаш брзината гаранција за квалитетот. На крајот на краиштата ние во овој период и тоа гледам дека Ковачевски го спомнува неколку пати треба да внимаваме и на квалитетот на решенијата. Тоа не треба да не донесе во ситуација сега да го откочиме процесот за веќе на наредната кривина да се соочиме со проблеми. Ако се работи на некој документ тоа е добро, но мислам дека тука владата е во право, не треба да се врзуваме толку за датуми, колку за тоа да добиеме решение кое навистина ќе го унапреди процесот на интеграција, изјави Арсовски за Канал 5.

Премиерите Ковачевски и Петков по вчерашната средба во Рим соопштија дека иако нема договор меѓу двете страни, дијалогот ќе продолжи се до изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. Ковачевски повтори дека не сака да се врзува со датуми, додека според Петков евентуалниот договор треба да мине низ три фази, а крајниот збор да го има Собранието.

Бугарскиот премиер уште во петокот побара од Радев да закаже консултативен состанок на Советот за национална безбедност, но пртеседателот вчера кажа дека прво ќе чека да ги слушне ставовите на Петков, пред да одлучи да ќе го прифати барањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од Мароко

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.

Манчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од Мароко

18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор .

Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија.

Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето.

„Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади.

Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона.

На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на  Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп.

Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“..

Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва.

Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер