3По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
МакедонијаСали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднинаСали денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце, проект од стратешко значење за инфраструктурното поврзување, економскиот развој и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Косово. На церемонијата присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, како и претставници на институциите и други гости. Во своето обраќање, Сали истакна дека почетокот на работите претставува многу повеќе од инфраструктурна инвестиција, оценувајќи дека станува збор за инвестиција во поврзувањето на луѓето, семејствата, бизнисите и пазарите на двете земји. „Со почетокот на работите на овој автопат го поставуваме и камен-темелникот на нашата заедничка, интегрирана и развиена иднина. По воспоставувањето на системот ‘One Stop Shop’, изградбата на овој пат значи дека Скопје и Приштина стануваат уште поблиски. Практично, на овој начин ја создаваме Европа уште пред да станеме членки на Европската Унија“, истакна Сали. Тој нагласи дека автопатот Скопје–Блаце ќе овозможи побрзо и побезбедно движење, ќе го олесни транспортот и ќе создаде подобри услови за економски развој и регионална соработка. Сали посочи дека добрососедството не се мери само со изјави, туку со конкретни проекти – со патишта што се градат, мостови што поврзуваат, граници што полесно се преминуваат и нови можности што се создаваат за граѓаните. На крајот, тој изрази уверување дека овој проект ќе отвори нова етапа во соработката, во која економиите ќе бидат поповрзани, граѓаните поблиски едни до други, а заедничката европска перспектива уште поконкретна. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаОЈО: Истрага за проневера во службата против финансиски раководителки во АД Државна лотаријаОЈО донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Во текот на цела 2024 година, првоосомничената на позиција директор на Секторот за финансии и сметководство и второосомничената како шеф на финансиски работи во АД за приредување игри на среќа Државна Лотарија на Република Македонија, вршејќи ги нивните посебни овластувања и должности определени со закон, заедно учествувале во дејствија на извршување на кривичното дело проневера со намера да прибават за себе противправна имотна корист. Тие присвоиле пари доверени во службата во значителен износ од 79.989.444 денари. Како овластени лица за подигнување на готовински средства наменети за исплата на мали добивки и лица задолжени за прием и уплата на дневниот промет остварен од сопствени продажни места на друштвото, тие целокупниот дневен промет за 2024 година кој им бил доверен од продажните места на АД Државна Лотарија на РМ, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе. Дополнително, од банкарските сметки на АД Државна Лотарија на РСМ подигале парични средства кои исто така ги присвојувале за себе. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, постои основан страв дека осомничените ќе ае обидат да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, како и особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите, но и околности што упатуваат на можноста да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаСо градежна механизација урнати дел од тезгите на Бит пазар Неполн ден откако се промени описот на скопски Бит-пазар, местото кадешто се урнаа објекти и тезги е веќе ограден со тараби и подготвен за нова градба.На терен има тешка механизација, но засега нема официјални информации кој ги урнал објектите и дали на нивно место ќе се гради нешто, како што се шпекулира во јавноста.Станува збор за првите тезги долж булеварот „Цветан Димов“, на потегот од Центар кон Чаир. Земјиштето е во приватна сопственост, а засега не се соопштува причината за отстранувањето на тезгите. Од Општина Чаир најавуваат повеќе информации, додека Град Скопје посочува дека случајот не е во нивна надлежност. Во меѓувреме, останатиот дел од Бит-пазар функционира непречено. Меѓу вработените на пазарот има незадоволство и револт, а дел од нив не сакаат јавно да ја коментираат ситуацијата. Дополнително, само неколку дена претходно, во непосредна близина, Град Скопје со повеќе институции спроведе акција за отстранување на дивите тезги на потегот од Бит-пазар кон „Мавровка“. Тогаш беа запленети околу 500 килограми храна, а за нелегалните препродавачи беа најавени и казни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
БалканПо моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење. Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција. За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија. -Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка. Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб. И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството. Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00