СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
2СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизШто можат нехируршките третмани ако се прават паметно – Што вели естетски хирург за изгледот на Ен Хатавеј?За хируршките процедури со кои познатите личности буквално го менуваат своето лице, се зборува со години, но естетската медицина одамна нуди и сосема поинакво решение. Токму за ова проговори еден естетски хирург на Тикток, коментирајќи го изгледот нЗа хируршките процедури со кои познатите личности буквално го менуваат своето лице, се зборува со години, но естетската медицина одамна нуди и сосема поинакво решение. Токму за ова проговори еден естетски хирург на Тикток, коментирајќи го изгледот на Ен Хатавеј на Оскарите. Откако Ен Хатавеј се појави на овогодинешните Оскари, социјалните мрежи и медиуми не престануваат да го анализираат нејзиното лице. Многумина се согласуваат дека таа изгледа подобро на 43 години отколку на 20, а експертите ширум светот дебатираат што стои зад ефектот на „вечна 25-годишна девојка“. „Навистина изгледа подобро“ „Ја видовте Ен Хатавеј на неодамнешните Оскари. Како тоа сега да изгледа подобро во своите четириесетти отколку кога беше во дваесеттите години? Таа е доказ дека применетите нехируршки козметички третмани низ годините не значи дека ќе дадат ефект на изразени образи, дека ќе биде надуена или премногу затегната, туку дека брчките ќе бидат помали, дека лицето ќе изгледа подобро, посвежо и дека навистина ќе изгледа природно и ненаметливо“, смета естетскиот хирург. „Мислам дека имала некои процедури како што се ботокс, дермални филери, некои полинуклеотиди, како „Плинест“, можеби, некои „Сунеко“. Сигурно правела третман со ласер околу очите, ласер за затегнување на кожата, можеби „ЕмФејс“, крвна плазма и добри креми дома. Прекрасен пример за тоа како употребата на ботокс филери и нехируршки козметички процедури од рана возраст, служи ако се изведуваат природно, и тогаш тоа изгледа многу убаво. „Тоа е апсолутно многу подобра опција отколку да правела хируршки лифтинг. Бидејќи ако се оперираше, верувам дека повеќе немаше да изгледа толку природно, а сега изгледа фантастично“, вели тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаОпштина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов ликДетското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето. Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни париУште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во МакедонијаВрховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба.Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни? Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter