Шпански брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа - Канал 5

Шпански брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа

Шпанскиот хуманитарен брод „Оупен Армс“ (Open Arms) денеска пристигна во близина на брегот на Газа.

Шпански брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа

Бродот носи 200 тони храна која очајно им е потребна на десетици илјади Палестинци раселени поради повеќе од петмесечната војна меѓу Хамас и Израел.

Помошта доаѓа откако Обединетите нации повторно предупредија на заканата од глад во Газа.

Бродот во вторникот тргна од Кипар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Лимани објави видео со албански знамиња низ Гостивар во пресрет на денот на независноста на Албанија

Во пресрет на денот албанското знаме , првиот човек на општина Гостивар, Валбон Лимани, објави видео на социјаните мрежи на кое се гледа како во централното градско подрачје на општината се поставени повеќе албански знамиња, но ниту едно македонско.

Градоначалникот Лимани објави видео со албански знамиња низ Гостивар во пресрет на денот на независноста на Албанија

Во пресрет на денот албанското знаме – 28 ноември, првиот човек на општина Гостивар, Валбон Лимани, објави видео на социјаните мрежи на кое се гледа како во централното градско подрачје на општината се поставени повеќе албански знамиња, но ниту едно македонско.

Иако во Законот за употреба на знамиња на заедниците стои дека покрај знамето на конкретната заедница мора да биде истакнато и државното знаме, сепак, тоа не е случај во видеото кое го објавил самиот градоначалник.

Од општина Гостивар пак за Канал 5, велат дека Законот за употреба на јазици е испочитуван во целост, а во пресрет на денот на албанското знаме – во центарот на Општината се поставени и државни знамиња,.

-Вчера започна украсувањето на градот Гостивар по повод празникот на албанското национално знаме 28 ноември. При украсувањето беше испочитувано и државното знаме на Република Македонија. Гоствар е пример за соживот, меѓусебно почитување и заедништво. Нашата определба е да ги негуваме и зајакнуваме овие вредности, почитувајќи ги симболите, традициите и празниците на сите заедници кои живеат во нашиот град. Соживотот не е само вредност што ја декларираме, туку принцип по кој постапуваме и кој продолжуваме да го градиме заедно,- – Општина Гостивар.

Од СВР Тетово, под чија надлежност влегува и територијата на општина Гостивар, по синоќашното видео на Лимани, велат дека досега не е пристигната ниту една пријава дека општината го прекршила Законот за употреба на знамиња. Оттаму , преку фотографии уверуваат дека покрај албанското, општината го истакнала и македонското знаме.

-Во СВР Тетово досега не е пристигната ниту една пријава за прекршување на Законот за употреба на знамиња на заедниците. На повеќе места во Гостивар, каде што општината има одговорност, поставени се македонското, албанското и турското знаме,- -СВР Тетово.

Согласно Законот за употреба на знамињата на заедници во Македонија - во општините кадешто припадниците на помала заедница се мнозинство, односно над се 50 проецнти, при одбележување на нивни празници, знамето на конкретната заедница се истакнува пред и во објектите на локалната самоуправа и на јавни места, но секогаш ви придружба на државното знаме.

За потсетување пак, додека од претходно во Македонија во повеќе наврати не се почитуваше Законот за употреба на знамињата на заедниците, во Тирана, на денот на независноста на Македонија - 8 септември, беа поставени повеќе македонски државни знамиња, преку што беше искажана почит за сите македонци во кои живеат во Албанија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека изминатиов период се заменети дотраените покриви во скопските средни училишта.

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

- Со години, додека учениците учеа, а професорите предаваа, покривите над нив прокиснуваа. Со години се знаеше за проблемот, а неговото решавање се оставаше за некое друго време. Како градоначалник, сметам дека ниту една генерација не смее да го помине школувањето чекајќи основни услови за настава. Затоа ги заменивме дотраените покриви. Под тие нови покриви ќе учат и денешните средношколци и генерациите што доаѓаат по нив. Моја одговорност како градоначалник е да ви обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека во градските средни училишта обновени се спортските терени, училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли, а обезбедено е и ормарче за секој ученик, како и бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата.

- Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Иднината на Скопје денес седи во училишните клупи и заслужува да го добие најдоброто од нас – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна дека во тек е поставувањето фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе се градат две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во среда Уставниот суд избира нов претседател, судијка од гостиварскиот суд предложена за нов член на судот

Уставниот суд на 2 декември во среда ќе избира нов претседател, месец дена пред да му истече деветгодишниот мандат како уставен судија на актуелниот прв човек на Судот, Дарко Костадиновски.

Во среда Уставниот суд избира нов претседател, судијка од гостиварскиот суд предложена за нов член на судот

Иако неговиот тригодишен мандат како претседател требаше да трае до јуни 2027 година, со престанокот на судиската функција автоматски престанува и можноста да продолжи да раководи со Судот.

-Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски на колегиум одржан на 2 ноември ги извести судиите за динамиката на состаноците и седниците. Меѓу нив и за изборот на нов претседател на Уставниот суд, на седница која ќе биде одржана на 2 декември,- Уставен суд на РМ.

Во јануари истекува и деветгодишниот мандат на уставниот судија Осман Кадриу. Предлозите за двете места што ќе се испразнат со заминувањето на Костадиновски и Кадриу треба да дојдат од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Од нејзиниот кабинет нема информација кога ќе ги достави предлозите за нови уставни судии, ниту кои имиња ќе ги предложи за двете места што ќе се испразнат.

Во меѓувреме, судијката од гостиварскиот основен суд Теодора Евтимовска-Бојковска денеска доби поддршка од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата како собраниски предлог за нов уставен судија. Беше поддржана со осум гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, а предлогот помина без дискусија.

-Собранието на РМ на седницата одржана на 20ти јули 2026 година ја констатираше оставката на судијата на Уставниот суд профр. д-р Гоце Наумовски. На негово место треба да се избере нов судија. Теодора Евтимовска Бојковска потекнува од Тетово, 1995 година дипломирала на Правниот факултет Јустинијан Први. Од 2008 година е избрана во Основниот суд Гостивар каде работи по предмети граѓанска материја. Се работи за искусен судија и човек кој може да помогне на Уставниот суд,- изјави - Ѓорѓија Сајкоски - Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За нејзиниот избор треба да се изјасни и Собранието на пленарна седница.

Новиот претседател на Уставен со мандат од три години ќе биде избран од редот на останатите актуелни судии во овој суд - Насер Ајдари, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Мери Дика-Георгиевска, Ана Павловска-Данева и Фатмир Скендер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер