ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
1ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ЖивотШар Планина прогласена за Национален паркПратениците во Собранието вчера со мнозинство од 66 гласа дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста. Земајќи ги предвид специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики и пејзажните и пределните вредности, Шар Планина ги исполни критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк. Историски момент, по шеесет години земјата доби нов Национален парк. По тој повод премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека со оваа одлука Владата спроведува континуирани политики за заштитата на природата, за зачувување на уникатните природни вредности, за заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија. – Шумите се наше природно богатство кое треба да го чуваме и за идните генерации и наша обврска е да ги заштитиме и да го зголемуваме на шумскиот фонд како клучна алка во борбата со последиците од климатските промени, додаде Заев во објавата. Министерството за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, пак, оцени дека со донесувањето на Законот се отвораат нови можности. – Со овој чекор отвараме една нова страница и нови можности, не само за заштита на нашето природно наследство, туку и за одржлив социо-економски развој на подрачјето и на државата, за воспоставување на поширока прекугранична соработка, за користење на нови финансиски можности и за развој на локални брендови и разни форми на туризам и зајакнување на продажната моќ. Им честитам на граѓаните за овој историски успех. Ова е голем чекор со кој обезбедивме големи придобивки за сите нас, но и за генерациите што доаѓаат, наведе министерот Нуредини во писмена изјава. Основната цел на законското решение е обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес. – Зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните вредности, создавање поповолни услови за одржување, развој и унапредување на природните вредности, спречување на дејствија со кои посредно или непосредно може да се промени состојбата на природните вредности, одржување и управување на националниот парк, со цел заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и регулирање на односот на човекот кон природата, заради зачувување на автентичната состојба на националниот парк, се конкретните цели на Законот. Со законот се поставува основата за зачувување, унапредување и одржливо користење на природните богатства за научно истражувачка, културна, воспитно-образовна, туристичко-рекреативна и друга намена. Вкупната површина на Националниот парк Шар Планина изнесува 54 215 хектари, што претставува 13,2 отсто од севкупната територија на Северна Македонија. Во националниот парк Шар Планина се востановуваат следните зони: зона за строга заштита, зона за активно управување, зона за одржливо користење и заштитен појас. Зона за строга заштита претставува дел од Националниот парк Шар Планина со највисок интерес за заштитата, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Вкупната површина на зоната за строга заштита на националниот парк Шар Планина изнесува 17 978 хектари или 33,16 проценти од вкупната површина на паркот. Во зоната за строга заштита забрането e спроведување на активности со кои се загрозува изворноста на природата и нарушува природната рамнотежа. Зоната за активно управување претставува зона од висок интерес за заштита, во која се потребни управувачки интервенции со цел реставрација, ревитализација или рехабилитација на живеалиштата, екосистемите и другите елементи од пределот. Во зоната за активно управување се опфатени најголем дел од значајните шумски екосистеми на Шар Планина, во прв ред зачувани букови шуми, шуми со смрча и ела или мешани шуми од зимзелени и листопадни видови, како и костенови шуми и некои рефугиијални шумски состоини. Зоната за активно управување зафаќа вкупна површина од 22 420 хектари или 41,35 отсто од вкупната површина на паркот. Зоната за одржливо користење претставува значителен дел од заштитеното подрачје која не поседува високи вредности за заштитата, во која се наоѓаат инфраструктурни објекти, објекти на културното наследство, типови на шумски насади коишто не се карактеристични за подрачјето, како и населени места со околното земјоделско земјиште. Зоната за одржливо користење опфаќа површина од 13 677 хектари или 25,23 проценти од вкупната површина на паркот. Заштитниот појас е површина чија улога е да ги заштити зоната за строга заштита, зоната за активно управување и зоната за одржливо користење од заканите што потекнуваат надвор од заштитеното подрачје. Вкупната површина на заштитниот појас на Националнио парк Шар Планина изнесува 140 хектари или 0,26 отсто од вкупната површина на паркот. Во однос на зонирањето, националниот експерт Анела Ставревска Панајотова од Интернационалната унија за заштита на природата нагласи дека биле земени повеќе аспекти за негово воспоставување, меѓу кои Законот за природа, светските стандарди за заштита на природата, карактеристичните пејсажи, живеалиштата и видовите, како и развојот на туризмот. – Во концепирање на зонирањето беше употребен и аспектот на развој на туризмот. Го консултиравме мастер планот за развој на Шапка, како ски-центар. Овој мастер план е изработен пред 10 години. Никогаш не заживеа, затоа што има политички интереси, лични интсереси, се јавуваат разни инвеститори. Не дошло време едноставно да заживее. Она што беше наша задача и како Министерство и како УНЕП да го ставиме во одредени рамки целиот тој развој. Се разбира дека сите сме свесни дека има потреба од развој, меѓутоа тој развој кога се работи за заштитено подрачје, мора да биде контролиран и развиен. Токму затоа одлучивме токму тој развој да го ограничиме во бафер зоната, наведе Ставревска Панајотова. Таа нагласи дека покрај сите други аспекти за поставување на зонирањето на НП Шар Планина, биле консултирани и сите засегнати страни, врз база на кои била донесена одлуката. – Размислувањето е да се подели развојот во одредени фази коишто ќе овозможат непречен развој, меѓутоа да не направиме премногу голем притисок врз природата, истакна Ставревска Панајотова. Со ова, како што нагласи таа, Шар Планина всушност ја затвора сложувалката на заштитени подрачја на Балканот. – Сега поставуваме НП којшто треба да се консолидира и да почне да функционира првите 10 години. Понатаму во иднина верувам дека ваквото зонирање нема да пречи за понатамошен разовој. Историски чекор, не сме имале прогласување на национален парк шеесетина години и на институциите и на нас како експерти, целиот процес ни е нов и се обидуваме најдобро да го направиме и за природата и за локалното население, да го постигнеме тој баланс, рече Ставревска Панајотова. Таа, во однос на проблемите кои постојат во тој регион, како дивата сеча, дивоградбите, дивите депонии и нерегулираните патишта, рече дека самото воспоставување на НП е интегрирано управување со одредено подрачје. – НП ќе има обврска да ги контролира и да ги задолжува сите они субјекти коишто работат на одредена проблематика. Ако развојот на илегалните градби се случува неконтролирано, ќе биде обврска на НП да разговара со Општината, да направи контрола, редовен мониторинг дали навистина тоа е планирано во градежните основи. Во однос на дивата сеча, за жал сите сме свесни дека постои во моментов. На територијата работат две продужници на ЈП Национални шуми, подружниците навистина се трудат да ги регулираат нелегалните активности меѓутоа не е ефектот задоволителен за сите нас и една од задачите на НП ќе биде да се справи со нелегалните активности. Не само со сечата туку и со илегалните активности врз дивиот свет и врз животните, посочи Ставревска Панајотова. Таа наведе дека за жал има многу диви депонии, посочувајќи дека обврска на НП ќе биде и да ги турка институциите коишто ќе работат, Комуналното претпријатие за јавна хигиена, да се санира целиот тој отпад и да се регулира неговото одложување. Нерегулирано одложување на отпад, истакна таа, има во сите села на целата територија, една од основните обврски ќе биде и таа. Фросина Пандурска од НВО „Пријателите на Шара", наведе дека всушност, основната улога на НП е заштита на природа. – Она што ќе биде најглавен предизвик во иднина е да се искомуницира со тие триесетина села коишто влегуваат во паркот и на жителите да им се предочи дека ограничувања коишто драстично ќе им го променат начинот на живеење ќе нема, меѓутоа ќе треба да се навикнат дека не ќе може секој да гради во секој момент каде што ќе му текне, како што се случува сега, бидејќи на некој начин ова е одговорност и на самите Општини коишто немаат изградено урбанистички планови за руралните средини, истакна таа. Пандурска посочи дека првенствено паркот треба да се грижи за мониторинг и заштита на природните ресурси во подрачјето. – Секако треба да комуницира со локалното население, да постои тело на засегнати страни, за сите чекори што ќе ги преземе паркот. Меѓутоа самиот Национален парк ќе отвори можности да се забрза развојот и да се подобрат животните услови и на општинско ниво, што подразбира комунални услуги, подобрување на патната инфраструктира и така натаму, рече Пандурска. Таа констатираше дека првите неколку години ќе бидат навистина предизвик за да профункционира управата. – Бидејќи првенствено треба да се обележат сите зони, да се објасни на локалното население каде почнува строга заштита, дали смее да се лови некаде, дали смее да се гради, дали смее да се сече дрва, а тоа ќе биде голем предизвик бидејќи тука веќе не зборуваме дали тоа тело управувачко ќе биде составено од 30 или 50 луѓе, туку зборуваме за ниво на свест,а таа свест се гради со години. Луѓето овде се навикнати да си користат дрво за сопствени потребни, некогаш тоа и да не го пријават во шумските подружници. Навикнати се да ловат и при тоа да не полагаат извештај, затоа што сите овие илегални активности ќе бидат предизвик за идната управа, нагласи таа. Имено, со Националниот парк ќе раководи Јавно претпријатие кое ќе работи според планот за управување со НП „Шар Планина".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на МуслиуСлучајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси. Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција? Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција? Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи. Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење. Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата. Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи. Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт подготвува максимален договор за Никола ЈокиќПоранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер. Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди. „Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика. „Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветСудијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во ВашингтонФедерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News). Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола. Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката. „Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“ Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат. „Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката. Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата. Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter