Северина објави фотографија од Малдивите со посвета за татко и

Северина Којиќ собра скоро 17 000 лајкови на Инстаграм за помалку од еден час.

Северина објави стара фотографија од одмор на Малдивите каде позира во фустан од Матија Вуица. Пејачката покрај фотографијата го спомна и својот покоен татко, а описот и фотографијата предизвикаа вистински ентузијазам.

„Ќерката на Север“, напиша Северина.

Пејачката еднаш во емисијата Амиџиќ изјави дека го добила името по нејзиниот татко Север. Таа потоа додаде дека нејзиниот татко имал тројца браќа на кои им биле дадени имиња од страните на светот - исток, запад и југ. Подоцна, како што рече пејачката, тие ги смениле своите имиња, а нејзиниот татко останал Север до неговата смрт.

Масовна забава во Амстердам како експеримент за ,,новото нормално“ (ВИДЕО)

Љубителите на забавите во Амстердам учествувале во истражувачки проект кој истовремено им служел да се одморат од карантинот воведен поради корона вирусот и да присуствуваат на првиот масовен настан по повеќе од една година.

Зиго Дом, најголемата концертна сала во Амстердам, со капацитет од 17.000 луѓе, собра 1.300 луѓе кои играа на музика на познати диџеи.

Нивните движења и контакти биле следени преку беџеви што ги носеле на вратот, со цел да се утврди како може повторно да се организираат вакви настани.

Сите гости морале да направат негативен тест за корона вирусот не постар од 48 часа, а биле поканети да бидат тестирани и пет дена по настанот, пренесува Ројтерс.

Тие биле поделени во шест групи, од кои секоја имала различни упатства за социјално дистанцирање и носење маски, како и слобода на движење низ просторот.

Владините советници ќе ги користат податоците за нивното однесување за да дадат препораки за можно ослободување на локдаунот во наредните месеци.

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Министерот за здравство, Венко Филичпе вели дека е стабилна состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.

-Според моето стручно мислење и според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, одговори кусо Филипче на новинарско прашање по пристигнувањето на правата пратка вакцини „Спутник В" на Скопскиот аеродром.

Мицкоски вчера на својот фејсбук профил упати порака до власта од Инфективната клиника.

-Ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од Инфективна, а потоа не чека многу работа, напиша меѓу другото Мицкоски.

Регистрирани се 333 нови случаи на Ковид 19, починале 10 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 .

Во Скопје – 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 268 оздравени пациенти од:

Скопје – 160, Прилеп - 28, Куманово – 20, Крива Паланка – 14, Велес – 9, Тетово - 6, Битола, Кичево и Гевгелија – по 4, Кочани, Берово и Пробиштип – по 3, Гостивар и Богданци – по 2, Кавадарци, Свети Николе, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево - по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,70г,70г) 2 пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по 1 пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Направени се 2.529 тестови преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-315, Биотек-377, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина-319, лабораторија Лаор–555, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 240, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)

Скопје 182, активни 4327

Куманово 20, активни 352

Прилеп 9, активни 700

Тетово 15, активни 271

Гостивар 6, активни 181

Штип 1, активни 117

Кавадарци 22, активни 568

Велес 7, активни 242

Битола 11, активни 219

Охрид 20, активни 463

Струмица 3, активни 190

Струга 2, активни 180

Кочани 1, активни 101

Кичево 2, активни 46

Неготино 8, активни 318

Гевгелија 4, активни 278

Свети Николе 2, активни 25

Крива Паланка 2, активни 128

Ресен 7, активни 62

Дебар 1, активни 18

Делчево, активни 66

Радовиш 1, активни 16

Берово 1, активни 31

Пробиштип, активни 34

Виница 1, активни 23

Валандово, активни 36

Крушево, активни 81

Богданци 1, активни 67

Кратово 2, активни 28

Демир Хисар 1, активни 27

Демир Капија, активни 32

Македонски Брод 1, активни 6

Македонска Каменица, активни 2

Пехчево, активни 3

Дојран, активни 1

притисни ентер