БалканСерија руски хакериски напади врз веб-страниците на бугарската владаВо Софија денеска се извршени серија хакерски напади врз веб-страниците на бугарската влада и министерствата за внатрешни работи и за одбрана.Oдговорноста за нападот ја презеде руската група „We are killnet”. Нападот првично почнал со напад кон сајтот на претседателството, а владините се отвораа, иако побавно од вообичаено. Бугарскиот главен обвинител, Иван Гешев, соопшти дека нападите врз бугарските институции дошле од рускиот град Магнитогорск. -Цел на нападот не е претседателството, туку бугарската држава, коментираше главниот обвинител Иван Гешев, оценувајќи го проблемот како сериозен и очекуван.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter