Семејството на жртвата во сообраќајката кај „Млечен“ утре поднесува претставки против судијката и обвинителката

​Изминативе години пресудите изречени за сообраќајни незгоди во земјава често предизвикуваа револт во јавноста.

Така е и со последниот случај за сообраќајката од пред 2 години кај „МЛЕЧЕН“, во кој возачот кој преку две полни ленти уби 32годишен човек додека возел мотор со неговата сопруга, која беше тешко повредена и го загуби бебето, доби само условна казна.

Пресудата е донесена, но семејството на починатиот и сопругата Наташа Димитривска не се откажуваат од потрага по правдата. За Димитриевска пресудата е едно големо разочарување. Таа во разговор за Канал 5 вели дека уште утре ќе поднесе претставка до надлежниот суд.

„Најпрвин претставка до самиот судија исто и постапки и спрема обвинител, за долго водење на случајот, ненавремено постапување на документи за утврдување на вина за Васил, кој ми го уништи животот, го одзеде животот на Гоце и на моето дете.“ „Големо разочарување беше пресудата, беше само јавно објавена и со кратко образложение дека признал, без да образложи остатоци кои околности ги зела...ни обвинител не беше присутен да чуе исход, станува збор за смртен случај, тешки последици и загуба на плод, и осуден не дојде, што побудува“-Наташа Димитриевска, сопруга на починатиот

Димитриевска има низа забелешки и за тоа како се водел целиот судски процес.

„Пропуст има уште во СВР Скопје кога го прават записникот. Наведено во записникот е дека моторот не бил регистриран. Си беше регистриран, Гоце си имаше положено за соодветна категорија, двајцата си носевме заштитна опрема, наместо тоа обвинителство да истражи..., таа борба со СВР Скопје ја водев сама, потоа документи во однос на плодот, исто сама си водев. На крајот обвинителот само дојде за да си води, и да не најде време да слушне пресуда.“ - Наташа Димитриевска, сопруга на починатиот

Вчера Зоран Димитриевски, таткото на починатиот, за Канал 5 истакна дека поради оваа пресуда не верува во правда, и доколку институциите не ја коригираат пресудата, тој ќе стори се да има правда за неговиот син.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев вчера за Канал 5 не ја коментираше пресудата. Најави дека в понеделник ќе ги разгледа сите аргументи за предметот па ќе излезе со официјална реакција.

а со оглед дека одлуката се уште не е правосилна, сега се чека дали ОЈО ќе се жали на Апелација. Оттаму вчера истакнаа дека допрва ќе одлучат дали ќе поднесат жалба за пресудата.

Возачот на џипот „ситроен крузер“ е Васил Ч., директор на фирма во Тетово, кој во моментот на несреќата имал 63 години.

Делото за кое го товарело ОЈО Скопје дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот поради небрежност но бидејќи имало и смртни последици, возачот се товари примарно по член 300, каде во став 4 е предвидена казна затвор од една до пет години доколку настапи смрт на едно или повеќе лица.

Неверојатно здрава намирница, добра за крвните садови и за диета, а и лесна за приготвување

Нутритивната хељдина каша станува сè попопуларна меѓу оние кои водат здрав и урамнотежен начин на исхрана.

Кашата од хељда е древно омилено јадење на многу Руси. Поради нејзините нутритивни вредности, таа добива сè поголемо внимание и сè поширока примена во секојдневната исхрана.

За многумина, кашата од хељда е повеќе од едноставен појадок - тоа е традиција што се пренесувала низ генерациите. Доколку ја приготвите само со вода и малку масло таа е лесен оброк без маснотии, а ако додадете млеко, мед и ореви станува вкусна и хранлива ужина која дава долготрајна енергија и чувство на ситост.

Здравствени придобивки

Борба против инфекции: Хељдата содржи рутин, кој позитивно влијае на ѕидовите на крвните садови, што може да помогне во спречување на настинки и други инфекции.

Ги зајакнува крвните садови: Рутинот присутен во хељдата е познат по својата способност да ги зајакнува крвните садови, што ја прави оваа каша корисна за луѓе со васкуларни проблеми, вклучувајќи го и дијабетесот.

Превенција на анемија: Хељдата е богата со железо, па се препорачува за лица кои боледуваат од анемија, обезбедувајќи ја потребната доза од овој важен минерал.

Поддршка при слабеење: Како нискокалорична и нутритивно богата, кашата од хељда е идеален избор за оние кои сакаат да одржат здрава тежина или држат диета.

Соодветна исхрана за трудници: Високото ниво на фолна киселина во хељдата ја прави корисна за здравјето на трудниците и правилниот развој на бебето.

Рецепт и подготовка

Рецептот за подготовка на оваа вкусна каша е едноставен и прилагодлив на различните вкусови и преференции, а потребни ви се само вода, сол и брашно од хељда.

Во сад ставете вода и сол. Кога водата ќе зоврие, тргнете го садот од оган и додајте го брашното од хељда. Мешајте ја смесата додека не се изедначи.

Кашата можете да ја збогатите со додавање сирење, павлака, јогурт, семки или слатки состојки како мед или суво грозје. За особено хранлив појадок, додајте пржени печурки со кромид.

Оваа вкусна и хранлива каша од хељда станува омилен дел од утринската рутина за многумина, нудејќи бројни здравствени придобивки и можности за креативност во кујната.

Најубавиот камен базен се наоѓа веднаш покрај брегот на морето во Дубровник

 – Во него се капела и Елизабет Тејлор, а еве зошто е атракција!

Овој дубровнички бисер никогаш нема да излезе од мода.

Јадранскиот брег е познат по својата неодолива убавина и едноставност, а едно од магичните места кое мора да го посетите во Хрватска е камениот базен во Дубровник.

Фотографиите од овој бисер го обиколија светот, прогласен е за најубав базен на планетата, а кога ќе ѕирнете во оваа оаза, ќе ви биде јасно зошто.

Овој базен е дел од еден од најстарите хотели во Дубровник, тој е симбол на луксузот сместен во раскошната поранешна кралска вила од 1913 година. Хотелот се наоѓа на само неколку минути пешачење од познатите средновековни градски ѕидини, кои отсекогаш го привлекувале вниманието на туристите.

Иако хотелот е синоним за ексклузивност и нуди сè што може да посака гостинот, оваа сезона социјалните мрежи не престануваат да објавуваат фотографии од неговиот камено-варовнички базен на Јадранот.

Лоциран веднаш до брегот, хотелот на своите гости им овозможува лесен пристап до камената плажа која се наоѓа во непосредна близина. Она што ја прави оваа плажа неодолива е камениот базен исполнет со морска вода, кој повремено го освежуваат високите бранови, создавајќи впечаток дека сте зачекориле во некоја старогрчка или староримска слика.

Базенот кој има правоаголна форма е опкружен со масивни камени блокови кои излегуваат од морето, тој има дупки низ кои продира морската вода. Во зависност од плимата и осеката, базенот самостојно се полни со морска вода.

Секако, откако ќе го видите, ќе ви стане јасно зошто стана омилен меѓу корисниците на Инстаграм.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер