Неверојатно здрава намирница, добра за крвните садови и за диета, а и лесна за приготвување - Канал 5

Неверојатно здрава намирница, добра за крвните садови и за диета, а и лесна за приготвување

Нутритивната хељдина каша станува сè попопуларна меѓу оние кои водат здрав и урамнотежен начин на исхрана.

Неверојатно здрава намирница, добра за крвните садови и за диета, а и лесна за  приготвување

Кашата од хељда е древно омилено јадење на многу Руси. Поради нејзините нутритивни вредности, таа добива сè поголемо внимание и сè поширока примена во секојдневната исхрана.

За многумина, кашата од хељда е повеќе од едноставен појадок - тоа е традиција што се пренесувала низ генерациите. Доколку ја приготвите само со вода и малку масло таа е лесен оброк без маснотии, а ако додадете млеко, мед и ореви станува вкусна и хранлива ужина која дава долготрајна енергија и чувство на ситост.

Здравствени придобивки

Борба против инфекции: Хељдата содржи рутин, кој позитивно влијае на ѕидовите на крвните садови, што може да помогне во спречување на настинки и други инфекции.

Ги зајакнува крвните садови: Рутинот присутен во хељдата е познат по својата способност да ги зајакнува крвните садови, што ја прави оваа каша корисна за луѓе со васкуларни проблеми, вклучувајќи го и дијабетесот.

Превенција на анемија: Хељдата е богата со железо, па се препорачува за лица кои боледуваат од анемија, обезбедувајќи ја потребната доза од овој важен минерал.

Поддршка при слабеење: Како нискокалорична и нутритивно богата, кашата од хељда е идеален избор за оние кои сакаат да одржат здрава тежина или држат диета.

Соодветна исхрана за трудници: Високото ниво на фолна киселина во хељдата ја прави корисна за здравјето на трудниците и правилниот развој на бебето.

Рецепт и подготовка

Рецептот за подготовка на оваа вкусна каша е едноставен и прилагодлив на различните вкусови и преференции, а потребни ви се само вода, сол и брашно од хељда.

Во сад ставете вода и сол. Кога водата ќе зоврие, тргнете го садот од оган и додајте го брашното од хељда. Мешајте ја смесата додека не се изедначи.

Кашата можете да ја збогатите со додавање сирење, павлака, јогурт, семки или слатки состојки како мед или суво грозје. За особено хранлив појадок, додајте пржени печурки со кромид.

Оваа вкусна и хранлива каша од хељда станува омилен дел од утринската рутина за многумина, нудејќи бројни здравствени придобивки и можности за креативност во кујната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“

Таа глумеше во хит-серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), а еве како денеска изгледа познатата актерка Ерика Еленијак која во август оваа година се приклучи на платформа наменета за возрасни.

Фото: Ѕвезда од  „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“

Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година.

Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма.

Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење.

Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума.

Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“.

Зад себе има два брака, кои завршиле со развод.

Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка.

Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари.

Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.

Ким издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“

„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него.

Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија.

Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“.

Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“.

Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“.

Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“

„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.

Германски министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“

Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп.

„Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“.

„Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој.

За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија.

„Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар.

Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка.

Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот.

Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп.

Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“.

Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“.

„Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања.

За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер