„Како не ви е срам?“: Хени и Џејла гаѓани со шишиња на концерт - Канал 5

„Како не ви е срам?“: Хени и Џејла гаѓани со шишиња на концерт

Српскиот Музичар Милош Стојковиќ-Хени настапи на белградската музичка недела со босанската пејачка Џејла Рамовиќ, а публиката во еден момент почна да фрла со шишиња по нив, што го разбесни пејачот.

„Како не ви е срам?“: Хени и Џејла гаѓани со шишиња на концерт

„Многу сељаци во публиката што фрлаат работи овде, ја погодија Џејла, сега ме погодија со ова. Како не ви е срам? Треба да ви биде. Ајде на Ризик, Џејла, да го направиме ова“, рече тој во видео објавено на TikTok, а потоа го отпеаја својот хит.

Инаку, ова не е првпат публиката да ги таргетира изведувачите на белградската музичка недела. Лани на мета беа Бресквица, Војаж, Ема Радујко и други.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.

Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот

Денеска (06.08.2026) во Велес, полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите беа запознаени со последиците што можат да настанат од користење мобилен телефон при управување возила. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС Кавадарци, на подрачје на Скопје и Кавадарци, реализираа превентивна активност „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, како и од СВР Штип, во Куманово, Свети Николе, Виница и Кочани спроведоа превентивни активности наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети и новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со акцент на тоа дека електричен тротинет може да управува само лице кои има наполнето 18 години. За време на активноста, граѓаните беа запознаени и со другите измени на Законот, а им беа делени и летоци со едукативна содржина. Полициските службеници од ПО Ропотово при СВР Битола, пак, во с.Дебреште со најмладите жители реализираа едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот при што ги запознаа со основните правила во сообраќајот, со цел развивање на безбедносна култура кај најмладите.

Полициски службеници од ПС Берово во Берово реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

притисни ентер