Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Министрите за надворешни работи на Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“. /МИА

Неверојатен потег на возач на Ламборџини ја воодушеви публиката (ВИДЕО)

Многу луѓе мислат дека трките за забрзување не се тешки, а до неодамна некои дури мислеа дека се безопасни.

Возачот на тјунирано Ламборџини Хуракан направи неверојатен потег на трката за забрзување во Австралија, за влакно избегнувајќи ѕид што би ја уништил италијанската егзотика. Тјунирано Lamborghini со две турбини и над 1.500 КС го зафати Mitsubishi Lancer Evo VIII чиј возач можеше само да го гледа Lamborghini како вози „на работ“.

За среќа, со одлични рефлекси и знаење, возачот успеа да ја врати контролата над Ламборџинито откако автомобилот сврте за 180 степени. Публиката со овации го награди возачот за овој мајсторски потег.

Европската Комисија најави 1,2 милијарди евра вложувања за Западен Балкан

Европската Комисија денеска објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан, кој може да поттикне инвестиции во износ од 1,2 милијарди евра во водоснабдување, одводнување, железница и за зелена трансформација на малите и средни претпријатија.

Од 1,2 милијарди инвестиции, 300 милиони евра се грантови од постоечкиот инструмент за претпристапна помош, останатиот износ ќе биде обезбеден од билатерални придонеси на земјите-членки на ЕУ и Норвешка, заеми од финансиски институции и придонеси од земјите од Западен Балкан.

Планирани се инвестиции за изградба и реновирање на водоводната мрежа и третман на отпадни води во Босна и Херцеговина и Црна Гора, за брзата пруга Белград-Велика Плана и за поддршка на иновациите и зелената трансформација на компаниите во регионот.

„Овие инвестиции, заедно со неопходните реформи и пристап до нашиот единствен пазар, ќе ги подготват економиите на нашите партнери да се приклучат на нашата Унија“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Невреме во Скопје: Повредена жена, пожарот кај Кванташки се закануваше да „проголта“ куќи

Почетокот на јули и натаму непредвидлив..

Ново невреме со силен ветер го зафати Скопје.. Мирјана Мирчевска Јовановиќ ги има деталите.. Мими, има и повредена скопјанка во невремето..

Каква е состојбата во главниот град во моментов?.. Имаше опасност и куќи да пламнат во оган кај Кванташки..

притисни ентер