Семејството на Ди Марија доби смртни закани - Канал 5

Семејството на Ди Марија доби смртни закани

 Семејството на аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија добило смртни закани поради негови изјави поврзани со наркотици во родниот град Росарио.

Семејството на Ди Марија доби смртни закани

Пред неколку дена, Ди Марија зборуваше за шверцот со дрога и други наркотици кои се случуваат во неговиот роден град.

- Таму живеат моите родители и сестрите, па тоа што се случува многу ме погодува. Ова е многу шокантно. Но, секогаш има желба и надеж, изјави Ди Марија.

Приближно во 2:30 часот по локално време, автомобил се упати до куќата во која обично престојува фудбалерот кога доаѓа во Аргентина. Луѓето од автомобилот оставија порака: „Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио. Ако не послуша, ќе убиеме некој од неговото семејство. Дури ни гувернерот нема да ве спаси. Ние не расфрламе мали парчиња хартија, туку мртви луѓе, порачаа заканувачите.

Додека автомобилот со голема брзина се оддалечувал од куќата, се слушнале четири истрели.

Ваквите закани често се шират во Росарио, особено откако гувернерот Масимилијано Пуљаро ја започна борбата против таканаречениот „наркотероризам“.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека разговарал за тоа што се случило со Ди Марија. Според Скалони, крилниот напаѓач ќе стартува за натпреварот на Аргентина против Костарика и покрај инцидентот.

Ди Марија ја започна својата кариера во Росарио Централ. Тој беше во клубот од 2001 до 2007 година. Во моментов Ди Марија е член на Бенфика со која има договор до 30 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Поранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер.

„Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер.

Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди.

„Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика.

„Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во Вашингтон

Федерален судија привремено – во траење од 14 дена – ја запре изградбата на монументален меморијален парк во Вашингтон, планирана од администрацијата на Доналд Трамп. 

Судијка ја стопираше изградбата на триумфалната капија на Трамп во Вашингтон

Одлуката, донесена доцна во четвртокот, претставува значителен удар за еден од клучните проекти на претседателот Трамп, преку кој тој има за цел да го преобликува изгледот на главниот град на нацијата, пренесува „АП Њуз“ (AP News).

Судијката Тања Чуткан издаде привремена судска забрана за изведување на работите, откако претходно во текот на четвртокот администрацијата доби клучна согласност и најави дека изградбата може веднаш да започне. Комисијата за планирање на главниот град (NCPC) претходно го поддржа проектот со осум гласа „за“ и четири „против“, а Министерството за внатрешни работи ја издаде конечната дозвола.

Во својата одлука, судијката Чуткан наведе дека Комонвелтот Вирџинија и Дистриктот Колумбија – кои ја тужеа администрацијата – докажале оти итното започнување на изградбата би им нанело реална штета. Во тужбата, тие укажаа на очекуваните нарушувања во сообраќајот и компликациите за службите за итни интервенции. „Штетата е неизбежна“, напиша судијката.

„Тужените првично го известија судот дека работите би можеле да започнат уште на 5 ноември 2026 година, под услов NCPC да го одобри проектот.“

Чуткан додаде дека тужителите исто така ќе претрпат значителни финансиски трошоци што не би можеле да се надоместат.

„Штом ќе започне изградбата, градскиот оддел за транспорт ќе мора да ангажира персонал и ресурси за управување со пренасочувањата на сообраќајот, како и за справување со сообраќајни несреќи или дефекти на возилата“, се вели во одлуката.

Одлуката на судот пристигна само еден час по завршувањето на состанокот на NCPC, кој траеше девет и пол часа. Сесијата, што се одржа преку телеконференција, беше проследена со технички проблеми и вклучуваше речиси исклучиво негативни коментари од јавноста, при што десетици сведоци се изјаснија против изградбата.

Гласањето во комисијата откри поделба помеѓу членовите поврзани со федералната администрација и претставниците на локалната власт. Членовите кои работат за администрацијата или се блиски до претседателот Трамп гласаа „за“ проектот, додека претставниците на градот Вашингтон гласаа „против“. Многумина, во своите емотивни сведоштва, изнесоа аргументи дека лакот би го осквернавил блиското Национално гробиште „Арлингтон“, каде што се погребани стотици илјади американски војници и ветерани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Збратимените општини го негуваат зелениот белег во Карпош

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.

Збратимените општини го негуваат зелениот белег во Карпош

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина.

Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини.

Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка.

Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер