МакедонијаСелими: Локалната демократија е клучна за успешна децентрализацијаСелими истакна дека проектот ReLOaD3 кој е финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП, е особено значаен затоа што воспоставува механизми за отчетно и транспарентно работење на локалните власти.Нема успешна децентрализација без локална демократија. Овие два процеса се нераскинливо поврзани, порача денеска заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими на Првата регионална конференција на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која се одржува во Скопје под мотото „Резултати и регионално влијание: Зајакнување на локалното управување и граѓанското општество во Западен Балкан“. Селими истакна дека проектот ReLOaD3 кој е финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП, е особено значаен затоа што воспоставува механизми за отчетно и транспарентно работење на локалните власти. -Општините издвојуваат значителни средства за финансирање на проекти на граѓанските организации, но без унифицирани процедури, секоја општина го регулира финансирањето на различен начин. Транспарентноста и предвидливоста се клучни за градење доверба меѓу локалните власти и граѓанскиот сектор, нагласи Селими. Според него, примената на унифицирана методологија за распределување на буџетските средства ќе овозможи градење партнерски односи и заедничка соработка. -Ова е патот кон поодговорно, демократско и отчетно управување на локално ниво со активно учество на граѓаните. Нашата цел е оваа добра пракса да се примени во сите општини, додаде тој. Заменик-министерот потсети дека измените на Законот за локална самоуправа се во насока на дополнително развивање на локалната демократија, но донесувањето на законот застанало пред обезбедување на неопходното бадентерово мнозинство. -Сметам дека ќе беше добро градоначалниците да го започнат својот мандат со новите законски решенија, но процесот е започнат и очекувам наскоро да биде заокружен, истакна Селими и изрази уверување дека добрите практики од проектот ќе им помогнат на општините кои досега беа опфатени и ќе придонесат за понатамошно зајакнување на локалната демократија во земјата. Европската Унија вложува повеќе од 470 милиони евра за поддршка на граѓанското општество и медиумите во регионот, истакна раководителка на тимот за координација на граѓански организации и медиуми во Западен Балкан и Турција при Европската комисија, Симела Цакири на Првата регионална конференција на програмата ReLOaD3. -Навистина ми е драго што имам можност да разговараме за тоа како можеме да придонесеме кон напорите на програмата Reload за зајакнување на локалната демократија и граѓанското учество, особено во контекст на процесите за приближување кон Европската Унија, истакна Цакири. Таа потсети дека ЕУ ја поддржува и финансира програмата ReLOaD уште од 2017 година, која е дел од инструментот за граѓанско општество. -Во претходните две фази придонесовме со околу 11 милиони евра и очекуваме да поддржиме околу 270 проекти во целиот регион, кои нудат услуги засновани на локалните приоритети. Повеќе од 33.000 граѓани ќе имаат придобивки од овие проекти, нагласи таа. Според Цакири, конференцијата ќе служи како платформа за дијалог и размена на добри практики, со цел да се подобри транспарентноста, граѓанското учество и соработката меѓу локалните власти и граѓанското општество. Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3) обезбедува поддршка за националните влади, локалните власти и граѓанските организации со цел подобрување на транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните. Преку програмата, шест национални влади ќе добијат помош за воспоставување ефикасен и транспарентен систем за соработка со граѓанското општество. Најмалку 50 општини ќе бидат поддржани за зајакнување на партнерствата со граѓанските организации преку обуки, размена на знаења и подобрени механизми за финансирање. Дополнително, над 120 граѓански организации ќе ги зајакнат своите капацитети и улога како застапници на заедниците, особено на ранливи групи како лица со попреченост, млади и жени во неповолна положба. Програмата има за цел да создаде долгорочна одржливост и пошироки позитивни ефекти врз општеството, преку транспарентни процедури и инклузивно локално управување.Тагови: Селими Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаМицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислењеДоставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение .Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање. „Она кое што е доставено до Венецијанска комисија е материјал во форма на закон за кој бараме мислење и чекаме Венецијанската комисија да даде мислење. Откако тоа мислење ќе биде готово, тогаш ќе носиме одлука што понатаму, но прво да го сочекаме мислењето на Венецијанската комисија, затоа што не знаеме дали ќе се најде законот во Собрание ако мислењето е негативно. Тогаш ќе треба и вие да го прифатите“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи. Премиерот Мицкоски додаде пак дека доколку пак мислењето на Венецијанска комисија е позитивно врз основа на предлогот, тогаш ќе треба да го прифатат сите вклучително и пратеникот Скендер Реџепи, бидејќи не сака да верува дека современ пратеник не сака да почитува мислење на Венецијанска комисија која е дел од преговарачкиот процес и критериумите кои се дел од француската методологија од 2019 година. „Да почекаме што ќе биде мислењето и потоа да носиме одлуки што ќе биде понатаму Досега процесот се водеше многу транспарентно, јас жалам што повеќе од 20 години во кои имало разни министри од различна етничка припадност, од различна политичка припадност не успеале да го поместат ова прашање, па дури и откако е донесен Законот за употреба на јазиците. Но еве сега дојде време за да разгледуваме некое решение, но за да дојде пред пратениците и истото го браниме заедно со министерот за правда ние ќе треба да го почекаме најпрвин мислењето од Венецијанска комисија“, нагласи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаАндоновски: Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“.Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора. Андоновски посочи дека со последната размена меѓу преговарачките тимови на Македонија и на Европската комисија е потврдено дека се усогласени сите отворени прашања за предложениот текст на договорот. „За граѓаните ова има многу конкретно значење. Кога ќе патуваат во Европската Унија, ќе можат да се јават дома, да испратат порака или да користат мобилен интернет по условите од својот домашен пакет. Со Европската комисија го усогласивме текстот на договорот и како прва земја од регионот ја завршивме техничката фаза. Сега сме чекор поблиску до тоа граѓаните да ја почувствуваат оваа придобивка при секое патување во ЕУ“, истакна Андоновски. На Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржа на 25 ноември во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија прва во регионот го завршила техничкиот дел од процесот. Тој изрази очекување дека македонските граѓани наскоро ќе можат да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ по домашни тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Со кого го направивте дилот за влез на Алта банка?Христијан, моите професори велат секој сам си ја прави личната карта. Ти избра да владееш демагошки и макевијалистички, односно избра да лажеш и да контролираш се. Пред некој ден, на интервју на Телма, најбезобразно призна дека нарачуваш текстови. Можеш да нарачуваш текстови каде сакаш, кога сакаш, во кој било медиум. Но, ние го знаеме тоа. Ти сега го призна пред целокупната македонска јавност. Дека си инспиратор, креатор, дека ги спроведуваш сите медиумски линчови, црни кампањи, лажни вести, кампањи со кои што верувај, го загадуваш духот на граѓаните, затоа што тие од таа огромна бројка на лажни вести не знаат што е вистина, што е лага, не знаат на што може да веруваат, на што не.Ама тоа ви е целта за да може да ловите во матно. Ти си тој што наредува, очигледно, а Латас е тој кој што што извршува. Ама видовме во Србија како завршуваат тие кампањи. Лажеше за Дејвид Гета, рече нула денари народни пари. Следниот ден излегоа 5 милиони евра народни пари за журка, во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобѕирна и безобразна лага. Лажеше за идентитетот. Се сеќаваме сите на оние реклами што одеа наведнати луѓе, ти викаше „Продаден е идентитетот, Преспа го продала, Преспанскиот договор“ и така натаму. За сега самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот, а нашиот јазик е веќе признат во Обединетите нации. Ти го кажуваш тоа . Претсдателката на ЕК Фон дер Лајн дојде и тука, директно, отворено, во чело, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик - директно ти кажува немој да лажеш веќе. Немој да ги лажеш граѓаните. Со тебе успех стана во европа да добиеме бесплатен роаминг. Па граѓаните сакаат слободно да се движат низ Европа, да патуваат, а не да чекаат со часови по граница. Сакаат да се дела од слободниот пазар од 500 милиони луѓе, а не да зборуваат бесплатно по телефон. Сакаат квалитетен живот. Во економијата дебакл. Трета економија сме биле во Европа. Како трета економија? На дното сме по бруто-домашен производ по глава на жител. Луѓето тоа секојдневно го чувствуваат, неконтролиран вртоглав раст на цените, на сè. Сè е поскапено во изминативе две години за 30–40%, од основни производи, гориво и така натаму. Задолжување до бескрај. Неколку следни генерации се задолжени, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. За што? За тековни трошоци. Никаков голем капитален проект. Освен капиталните проекти кои што се започнати во време на нашите влади кои што вие тогаш ги критикувавте дека сенајкорумпирани проекти. Само тоа ја придвиужува економијата и ништо друго. И во такви околности во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа. Банката во која Вучиќ переше пари, и имаше пари од шверц на дрога, руски пари, забранети се секаде во Европа, а вие тука ги донесовте. Давор Мацуа еднаш го запреле преку едната компанија, па после тоа сте го пуштиле да влезе тука преку банката. Што се случи меѓувреме? И после велите: „Увезен е проблемот“. Па да, па вие го увезовте тој проблем. Вие ги загрозивте парите на граѓаните, на компаниите и така натаму. И сега се бара некое решение. Па нели немаше проблем? Зошто се бара решение? Моето директно прашање е: со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата? И пред да одговорите, сакам да ви кажам, порачajтe им на другарите со кои сега спремате увоз на мазут, да не ми се закануваат, другарите ваши од Србија. Затоа што не ви се плашам. Не ви се плашам. Затоа што јас сум на страна на Македонија. Вие сте на страна на криминалот. Пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче до Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37