Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27 - Канал 5

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

Оваа, 27. меѓународна конференција за климата, вчера беше продолжена за најмалку еден ден поради немање договор за неколку спорни прашања.

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс јасно стави до знаење на Конференцијата на ОН за климата во Египет дека ЕУ нема да премине одредени црвени линии во напорите за напредок во преговорите за конечна декларација од самитот.

– Подобро да немаме одлука отколку лоша одлука, им рече Тимерманс утрово на новинарите на состанокот во Шарм ел Шеик, јави ДПА.

Тој рече дека ЕУ е многу загрижена за некои позиции во преговорите, кои траеја и во текот на ноќта. Унијата ќе продолжи да се залага за договор, но исто така е подготвена да ја напушти конференцијата без декларација доколку е потребно.

Преговарачите од речиси 200 земји собрани во египетското летувалиште Шарм ел Шеик цела ноќ се обидуваа да постигнат напредок во договарањето на најтешките прашања, вклучително и што ќе се случи со фосилните горива или создавањето фонд за сиромашните земји кои се најтешко погодени од климатските промени.

Има „еднакво незадоволство“ на сите страни на климатската конференција КОП27 во услови на несогласувања за главните прашања, соопшти домаќинот Египет.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, кој претседава со конференцијата, рече дека на преговарачките групи им презентирал нацрт-текст за клучните прашања.

– Како што може да претпоставите, ниту една од групите не можеше да каже дека сите нивни интереси се одразени, рече тој на брифинг со новинарите, јави ДПА.

Од делегацијата на француската министерка за енергетска транзиција, Агнес Паниер-Ринашер, беше кажано дека во оваа фаза египетското претседателство го доведува во прашање она што е постигнато во Париз и Глазгов за намалување на емисиите, што е неприфатливо за Франција и за земјите од ЕУ.

Шукри, пак, рече дека „огромно мнозинство од страните му посочиле дека го сметаат текстот како избалансиран и оти претставува потенцијален пробив што може да доведе до консензус“.

Камен-темелник на борбата против климатските промени, Парискиот договор од 2015 година повикува на ограничување на глобалното затоплување на „јасно под два Целзиусови степени“ во споредба со прединдустриската ера, и ако е можно на 1,5 степени Целзиусови. Таа цел беше потврдена на климатскиот состанок на ОН КОП26 минатата година во Глазгов.

Египетското претседателство е цел на критики поради доцнење на сложените разговори за климата под покровителство на ОН, и вчера, кога требаше да завршат разговорите, вети дека ќе ги преземе работите во свои раце.

Покрај несогласувањата околу границата за зголемување на просечната температура на планетата во однос на прединдустриската ера, еден од најкомплексните проблеми стана и прашањето за загубите и штетите.

Земјите во развој бараат посебен фонд за компензација на штетите. Сепак, по ова прашање постигнат е многу мал напредок. ј

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир.

На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер