Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
БалканСе нормализира состојбата со пожарот кај ШибеникУтрово е подобрена е ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува ХИНА.Нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни, напиша Божиновиќ на Твитер. Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили. Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени луѓе..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРобертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва. Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа. „Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време. Andy Robertson on how Diogo Jota’s passing affected the club: “I felt so bad for the new guys who signed for big money… they couldn’t settle in for months…because we didn’t care about football…we lost our edge as a team…” https://t.co/Q6nY7aPl2A — Watch LFC (@Watch_LFC) September 22, 2026 Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“Тагови: Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групиВо врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter