3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
АвтомобилизамВозач на Тојота направи неверојатен потег- повеќето не би го поминале патот ниту пешки (ВИДЕО)Малкумина би се осмелиле да се впуштат во авантура по калливи шумски патишта во кампер. Освен ако не е теренец како Toyota Hilux.И покрај тоа што е целосно натоварен, модифицираниот Toyota Hilux со двојна кабина успеа да совлада една од најтешките пречки на теренска патека во Квинсленд, Австралија. Пикапите со средна големина би требало да бидат во ред во овие ситуации, но еден сопственик на Hilux во Австралија реши да провери каде се вистинските граници на неговиот автомобил. Тој го насочи по речиси вертикална, каллива падина, со приколката сè уште прикачена зад него. Видеото го објави @ghostx, односно Ден, параплегичар и голем љубител на теренски возила. Тој се обиде да го совлада Gunshot Creek, една од најозлогласените пречки на Old Telegraph Track на полуостровот Кејп Јорк во Квинсленд, Австралија, со својот модифицирана Тојота Hilux од 2024 година. Hilux е сериозно подготвен за теренско возење На почетокот од снимката, сребрениот Hilux е на самиот раб на стрмен наклон, со предниот дел насочен кон длабок каллив рез. Hilux е опремен со челичен браник, шнорхел и продолжени браници со цевчеста заштита. Исто така, има поголеми тркала со теренски гуми и подигната суспензија. Сепак, 2,8-литарскиот турбодизел мотор не е модифициран. Товарниот простор е исполнет со опрема за влечење и други предмети потребни за теренска авантура, а зад автомобилот се наоѓа модифицирана камп-приколка. Нема запирање преку работ Тој полека го помести Hilux преку работ на наклонот и дозволи гравитацијата да го направи своето. Додека предниот дел од автомобилот се спушташе длабоко во калливата засечка, Hilux успеа да одржи зафат и странична стабилност и покрај екстремниот наклон. Особено е импресивно однесувањето на приколката, која ја следеше патеката на автомобилот без да се преврти, што покажува колку е важна правилната конфигурација на приклучокот во таква ситуација. Целиот маневар заврши без никакви проблеми, а видеото покажува колку искуството, прецизноста и соодветните модификации на возилото значат во барачкото возење надвор од патот. „Една грешка може да ја претвори авантурата во скапо извлекување“ Судејќи според неговите профили на Инстаграм и Јутјуб, Ден има доста искуство со сериозни теренски авантури. Сепак, тој не го потценува ниту Кејп Јорк. Во една од претходните објави, тој опиша колку можат да бидат непредвидливи условите на таа рута. „Кејп Јорк знае како брзо да ве спушти на земја. Секое преминување е различно, секоја сезона го менува курсот, а една грешка може да ја претвори авантурата во скапо извлекување“, напиша тој. Сепак, овој пат сè помина според планот, а Хилукс повторно покажа зошто ужива речиси легендарен статус меѓу ентузијастите за теренски возила.Тагови: тојота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој денТие што пробале велат дека проверено делува.Стресот стана неизбежен дел од современиот живот, но проблемот настанува кога напнатоста трае доволно долго и телото нема време да закрепне. Редовни обврски, брзање, неизвесност, психичко оптоварување, сето тоа може да се одрази врз различните функции во организмот, па важно е да најдете начин секојдневно да се опуштите. Хроничниот психички напор влијае на хормоналните механизми во организмот, вклучувајќи поголемо лачење кортизол, а може да биде се поврзе и со покачен крвен притисок, нарушено спиење, промена во регулацијата на шеќер во крвта, зголемен ризик од дебелина и пад на имунитетот на организмот. Затоа, според лекарите, физичката активност, квалитетниот сон и балансираната исхрана треба да се дел од здравите навики, а дополнителните техники на релаксација може да бидат само дополнителна помош. Дишење Еден од наједноставните начини да го смирите организмот е бавно длабоко дишење. Ваквите техники се користат во психолошката и психотераписката пракса како дел од стратегијата за намалување на анксиозноста. Кога дишењето ќе стане бавно и подлабоко, доаѓа до активирање на парасимпатичкиот нервен систем, задолжен за состојбата на одмор и закрепнување. Бавното и продлабочено дишење го забавува пулсот и го намалува притисокот, може да се примени каде било, дома, на работа или додека правите пауза. Имагинација Уште една техника што користи за опуштање е водената имагинација, т.е. замислување безбедно место или ситуација. Целта е вниманието да се одвлече од секојдневните грижи и да се насочи на нешто што предизвикува безбедно и пријатно чувство. Овие методи се дел од психотерапевтскиот пристап, но се користат и како техники за самопомош. Личноста, на пример, може да замисли место на кое се чувствува спокојно и да се фокусира на деталите од таа глетка, звуци, мирис, бои и на чувството што оваа слика го предизвикува. Шака и прсти Благото стимулирање на шаката и прстите исто така се користи како техника за релаксација и масажа. Нежното масирање или движење на прстите доведува до намалување на мускулната напнатост и до чувство на опуштеност. Важно е да имате на ум дека техниките на релаксација може да бидат корисно дополнување на здравите навики, но не и замена за лекарски преглед или терапија. Ако стресот е долготраен и почне значајно да влијае на сонот, расположението и секојдневното функционирање, разговорот со стручно лице може да биде важен чекор во решавање на проблемите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКога вината тежи на градите – Како да го препознаеме товарот и да се ослободиме од негоЧувството на вина честопати не е нешто што можеме да го надминеме само со разум, бидејќи и нервниот систем го чувствува притисокот.Кога вината ви тежи на градите, веројатно не ги бирате најпаметните зборови. Ако гневот ви е достапен, можеби вашата реакција е: Па што ако сум виновен? Што сега? Или можеби едноставно ќе се соберете и ќе посакате да станете невидливи. Зад овие две навидум сосема спротивни реакции се крие истата длабока вознемиреност и страв. Не е лесно да се справиш со чувството на вина, целиот стрепиш како светот да се руши, како да врескаш во магла и никој не те слуша, уплашени сте и беспомошни, и немате за што да се фатите. Но, исто така ве лути кога ви вината ви се наметнува. Го препознавате ли обидот за контрола во обвинувањата? Постојат луѓе кои несвесно ви наметнуваат вина затоа што тогаш се чувствуваат подобро. Честопати тоа е нивната сопствена вина, но полесно им е кога ја насочуваат. Но, има и такви кои свесно го користат чувството на вина за да си ја „тераат водата на нивната воденица“. Формулата е едноставна: ви ја префрлаат одговорноста што не е ваша, а вие имате чувство дека не можете да се одбраните. Погласни се, поречити, или едноставно, помоќни. Ако имате ниска толеранција на сопственото чувство на вина, ќе направите сè за да не го изгубите тлото под нозете. Во моментот кога ќе почнете да се браните, веќе сте ја изгубиле битката Можеби ќе се обидете да ја разрешите вината преку дијалог за да ја докажете својата невиност. Но, тоа прераснува во расправија и неподнослив притисок. На крајот, си заминувате скршени, со спуштени рамена. Сè додека ве преплавува чувството на вина, расправијата е стапица. Чувството на вина го активира одбранбениот механизам и го попречува рационалното размислување. Затоа дури отпосле ќе се сетите што „требало“ да го кажете. Во такви моменти, полесни сте за манипулација и контрола. На пример, се наоѓате при крајот на дополнителен проект кој воопшто не бил ваша обврска. Ова важи за секој однос: со шефот, партнерот, со родителот или со детето... Што функционира: лутината, обидот за смирување или дистанцирањето? Некои од нас успеваат да се одбранат преку лутина. Ако се налутите доволно, луѓето ќе се исплашат и ќе престанат да ве обвинуваат. Но, лутината подоцна си го зема својот данок; понекогаш губите важен однос. Ако ја изгубите работата или останете сами, можеби ќе се запрашате: се исплатеше ли што се налутив? Некои ќе се откажат од себеси и ќе се обидат да ја смират личноста што ги обвинува. Односот можеби ќе опстане, но тоа скапо ве чини. После толку многу компромиси, се препознавате ли себеси? Но и тогаш, губењето на сопствениот идентитет може да изгледа помалку страшно од отфрленоста и осаменоста. Некои, едноставно, се повлекуваат. Не зрело, туку им се случува еден вид физичка и емоционална вкочанетост. Не се осудуваат да воспостават поврзаност, ниту, пак, имаат вистински контакт со себе. Ваквите одбранбени обрасци формирани уште во детството, во сегашноста ни носат повеќе штета отколку корист. Кога промената на начинот на размислување не успева да го смири телото Постојат логични совети што можат да помогнат во надминување на чувството на вина, па некој ќе те праша: „Кој е одговорен овде?“;„Навистина ли е твоја вина? Можеби ќе ве прашаат и на терапија, но не веднаш и не како решение. Логичкото размислување и емоциите не се развивале истовремено и не функционираат на исто ниво. Едното е сместено во умот, а другото во телото. Ако сте ментално силни, можете да се убедите себеси да не чувствувате вина бидејќи, всушност, не сте виновни. Сепак, чувството на немир опстојува во вашето тело. Особено ако во детството сте биле оптоварени со вина и ако и ден-денес зборовите сè уште ви одекнуваат во главата: „Лош си“;„Ме лутиш!“;„Престани да плачеш за глупости!“ А, кога телото не ја следи вашата логика, може да се чувствувате неспособно или глупаво, бидејќи повеќе не знаете како да си помогнете или како да престанете да чувствувате немир. Некои од нас, во такви моменти, едноставно се отсекуваат од своите чувства и од телото. Ако ова ви се случило, на терапијата ќе ѝ треба време за да се почувствувате доволно безбедно и повторно да се отворите кон своите чувства. Зашто, да мислиш дека нешто чувствуваш, не е исто со чувствувањето. Емоциите не се мисли; нив ги препознаваме преку сензациите во телото. Токму затоа логиката функционира само до одредена точка. Таа може да ви помогне свесно да го контролирате и менувате своето однесување со цел да се ослободите од стегата на вина во вашето тело... Вашиот одбранбен образец не е само во однесувањето, туку и во реакциите на нервниот систем. Плитко дишење, грутка во грлото, „магла“ во умот – сигурно сте доживеале уште нешто. Како да се справите со овие автоматски, непријатни реакции? Најпрво, внимателно набљудувајте и почувствувајте како точно реагирате, не само преку зборови, туку и преку реакција на телото. На пример, кога чувствувате ненадеен бран на анксиозност и желба едноставно да исчезнете, како точно го правите тоа? На почетокот, ова може да биде предизвик и да создава збунетост, поради што е најдобро да побарате стручна поддршка. Таму заедно истражувате како да му дозволите на телото да ја задоволи таа потреба – на пример, нагонот за бегство. Преку телесно-ориентирана терапија, можете буквално да се ослободите од напнатоста и немирот што ги чувствувате. Да речеме, нозете ви се треселе додека сте чувствувале немир. Преку вежба водена од терапевт, навистина им дозволувате да „истрчаат“ на безбедно – импулсот исчезнува, и настапува чувство на олеснување. Знам дека доживувањето на толку силна, сурова реакција може да изгледа тешко, но не сте единствени што чувствуваат вака. Кога ќе видите дека тоа им се случува и на другите, почнувате да сфаќате дека го трасирате патот кон емоционалното созревање. А токму тука започнува олеснувањето – советува психосоцијален терапевт за сенса.хр.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМајка е обвинета дека имала интимни односи со куче– сопругот ја снимил и ја пријавил во полиција (ВИДЕО)Пријателите на мајка од Флорида, која беше уапсена откако нејзиниот сопруг наводно ја снимил на камера како има секс со нејзиното куче, започнаа со собирање средства за да ја поддржат .Пријателите на мајка од Флорида, која беше уапсена откако нејзиниот сопруг наводно ја снимил на камера како има секс со нејзиното куче, започнаа со собирање средства за да ја поддржат - тврдејќи дека нејзиниот одмаздољубив сопруг ја наместил, објавува „Њујорк пост“. Малија Нумердор, 38-годишна мајка на две деца, беше уапсена минатата недела откако нејзиниот отуѓен сопруг, Ерик Нумердор, ги објави вознемирувачките обвинувања на Фејсбук и тврдеше дека има видео и фото докази, според обвинението. Оттогаш, животот на Малија и нејзините синови е „превртен наопаку поради болна и тешка ситуација во која е вклучен отуѓениот сопруг на Малија и обвинувањата против неа за кои таа тврди дека се неточни“, според онлајн собирање средства започната во понеделник. Disturbed Florida mom arrested after husband found video of her having sex with family dog: cops https://t.co/W2fBUi6Kz5 https://t.co/GwcSkKiFiT — New York Post (@nypost) September 16, 2026 Во објавата се тврди дека семејството е раселено од нивниот дом и дека Малија, од Пунта Горда, сега се соочува со значителни судски трошоци. Малија пораснала како единствено дете и нема преживеани родители, па затоа се потпира на блиски пријатели за поддршка, според собирачот на средства. „Малија се соочува со сериозни обвиненија и ѝ е потребна искусна правна застапеност за да се осигури дека има можност целосно да се справи со нив преку соодветна правна постапка. Оваа ситуација, исто така, длабоко влијаеше на нејзините два млади сина, кои заслужуваат приватност, стабилност и што е можно повеќе нормалност додека вклучените возрасни лица разработуваат што следи“, се вели во соопштението на организацијата, додавајќи: „Оваа акција за собирање средства не бара од никого да одлучува за фактите на случајот. Станува збор за помагање на мајка и нејзините деца да се снајдат во овој исклучително тежок период и за обезбедување на Малија пристап до соодветна правна застапеност.“ Сепак, досега акцијата за собирање средства имала малку донатори - со само две донации помали од 20 долари дневно откако беше лансирана. Florida mom accused of having sex with her dog claims she was framed by vengeful ex — as friends launch fundraiser https://t.co/8I4zU8ieEu https://t.co/grw2EitcVB — New York Post (@nypost) September 22, 2026 Малија беше обвинета за сексуален контакт со животно откако нејзиниот сопруг ѝ кажал на полицијата дека инсталирал две безбедносни камери во куќата за да открие кој краде пари од кутијата за монети, според извештајот за апсење од канцеларијата на шерифот на округот Шарлот. Камерите им биле познати на сите во куќата, според Ерик. Додека прегледувал снимки од камера во спална соба, тој пронашол видео од Малија како наводно има сексуален однос со семејното куче, Ренџер, соопшти полицијата. Сопругот им го дал на истражителите снимката и пристап до лаптопот што ја содржел снимката, што „обезбедило независен извор на потврда покрај изјавите на Ерик“, соопшти полицијата. На 15 септември, полицијата ја испрашувала Малија, која изгледала пијан и признала дека била под дејство на дрога или алкохол. „Кога била замолена да ја објасни близината на кучето до нејзината генитална област, Нумердор негирала какво било сексуално однесување и тврдела дека едноставно лежела и го галела своето постаро куче во близина на неговиот кревет“, напишала полицијата во извештајот за апсење, додавајќи: „Кога била замолена да ја објасни нејзината физичка положба и положбата на кучето меѓу нозете, Нумердор не била во можност да даде какво било кохерентно или конзистентно објаснување“, соопшти полицијата, забележувајќи дека таа истакнала дека имало друго куче во собата. Профилот на Малија на Фејсбук содржи фотографии од неа низ годините со Ерик, со кого се омажила во 2023 година, и нејзините два сина. Ерик не беше веднаш достапен за коментар. Откако беше уапсена, Мајли беше префрлена во затворот во округот Шарлот на 15 септември, каде што, според записите, таа покажа широка насмевка на нејзината фотографија. Оттогаш е ослободена.Тагови: куче сопруг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00