Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
1Лишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава
Веб ТВСДСМ: Влада набави вода за Гостивар за 100 илјади евра преку итна постапка без огласОколу 100 илјади евра потрошила Владата преку Службата за општи и заеднички работи за набавка на вода за пиење за населението во Гостивар. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријаваПо документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: спротивна насока Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџетНа осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази произлегува дека во периодот од април до јули годинава, во Скопје, осомничениот, како службено лице, со умисла презел повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело. Искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, тој ја злоупотребил својата службена положба и овластувања, односно не ја извршувал службената должност, при што за себе и за други лица прибавил противправна имотна корист, причинувајќи штета на Буџетот на Република Северна Македонија за најмалку 85 500 денари. Имено, додека извршувал работни задачи во депото на ЈП „Градски паркинг“, за дел од лицата на кои претходно, со специјално возило – пајак, им било подигнато возилото поради непрописно паркирање, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Наместо глобата да ја наплати преку ПОС-терминал, осомничениот ја наплаќал во готовина. На записниците приложувал потврда (слип) од ПОС-терминал за претходно извршена уплата по друг записник и на друго лице, додека паричните средства што ги примал во готовина ги задржувал за себе. Во други случаи, осомничениот прибавил противправна имотна корист за други лица и предизвикал штета на Буџетот на Република Северна Македонија така што, за дел од нив, изготвувал записници за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог во кои прекршокот го квалификувал како полесен, со што изрекувал помала глоба, спротивно на претходно утврдената фактичка состојба. За друг дел од лицата, пак, воопшто не изготвувал записник ниту наплатувал глоба, иако за нивните возила биле издадени налози за отстранување и тие биле сместени во депото на ЈП „Градски паркинг“, туку дозволувал возилата да го напуштат депото истиот ден. Заради непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Предлогот е заснован на околностите што укажуваат на опасност од бегство, опасност од повторување на кривичното дело, како и опасност од влијание врз сведоците кои во текот на постапката дополнително ќе бидат повикани и испитани. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаМузичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години македонска државностНајголемите македонски музички хитови и поезијата на великаните на македонската литература ќе бидат споени во музичко сценски спектакл насловен „Силно светнал ден“, со кој ќе се одбележи 35 годишнината од независноста на Македонија.Првиот настап на овој музички караван е закажан за деветти август, во античкиот театар во Охрид, а денешната генерална проба покажа дека се е подготвено за мјузиклот во кој ќе оживеат стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и други македонски поети. Спектаклот ќе обедини околу 120 учесници и ќе понуди богата музичка програма поделена во неколку тематски целини, од песни посветени на Тоше Проески, преку поп музиката до етно звуците. Игор Џамбазов и Драгана Ливринска, кои ќе бидат домаќини на овој спектакл, велат дека покрај забавниот дел, имаат и мисија на младите да им ја доближат македонската култура и историја. Дел од помладите актери кои се учесниците во претставата велат дека им е исклучителна чест што се дел од овој проект. Караванот ќе посети вкупно единаесет градови. Завршниот концерт е на 4 септември во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08