Хајди Клум позира во долна облека, предизвика лавина коментари (ФОТО) - Канал 5

Хајди Клум позира во долна облека, предизвика лавина коментари (ФОТО)

Хајди Клум повторно е заштитно лице на Calzedonia, а италијанскиот бренд претстави нова кампања во која 53-годишната манекенка позира во неколку многу смели изданија. 

Хајди Клум позира во долна облека, предизвика лавина коментари (ФОТО)

На една фотографија, таа носи тесен боди во боја на вино со чипкани хулахопки, додека на друга се појавува во проѕирен комбинезон од чипка со видлива долна облека одоздола. Станува збор за продолжување на нејзината соработка со италијанскиот бренд, за кој претходно снимала кампањи.

„Вау, какви нозе“, „Прекрасни“ и „Божествени“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Позираше со својата ќерка во танга

Клум неодамна повторно ја сними кампањата за долна облека со својата ќерка Лени. Мајката и ќерката позираа за италијанскиот бренд Intimissimi во соодветни танга комплети, а фотографиите повторно предизвикаа мешани реакции.

Хајди носеше бел ансамбл, додека Лени го избра истиот модел во црно, а двете беа фотографирани одзади. Тие снимија заедничка кампања за долна облека за прв пат во 2023 година, кога и нивните фотографии предизвикаа контроверзии. Потоа Хајди ја бранеше нивната одлука и рече дека е горда на својата ќерка и дека е природно таа отворено да зборува за своето тело.

Крвав костим за Ноќта на вештерките

Клум, која неодамна го запали интернетот со фотографија во топлес, неодамна откри дека нејзиниот костим за Ноќта на вештерките оваа година ќе биде „многу крвав“. Моделот е познат по своите спектакуларни забави за Ноќта на вештерките и раскошните костими што ги подготвува месеци однапред секоја година.

Во интервју за списанието People, таа криптично објави: „Одлично оди со црвено вино. Ќе биде многу, многу крваво“. Костимот се поврзува со нејзината соработка со брендот Apothic Wine, за кој таа промовира ограничена колекција на кесички „крв“ наречени Apothic Type 'A'.

„Чаша добро вино е секогаш добра идеја, а кесичките за трансфузија на крв обично потсетуваат на нешто морничаво. Токму тоа е за што се работи за Ноќта на вештерките. Ние се стремиме кон бруталното и не се воздржуваме“, додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отсто

Главните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .

Нвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг.

Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“..

Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со студено утро

Времето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. 

Сончево со студено утро

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-10 Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -5 Крушево, Берово, -3 Лазарополе, -2 Виница, -1 Струмица, Штип, Прилеп, 1 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Скопје-Петровец, Битола, Велес, 3 Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

20 Лазарополе, 12 Пожаране, 11 Крушево, 10 Попова Шапка, Охрид, 7 Претор, 6 Крива Паланка, Тетово, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 1 Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер