Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал
МакедонијаСДСМ: Вистината за обединување и вистината на Мицкоски и неговите сателити кои создаваат нови поделби!Дел од поранешните членови на СДСМ, кои сега се дел од групата „Иднина за Мицкоски“, во јавноста тврдат дека СДСМ не ги повикал на обединување.Ова е уште една груба лага. Па каде има поголем повик од повикот сите да се приклучат кон Фронтот за вистина и правда? Ете, токму затоа и се вика Фронт - затоа што првото нешто што мораме да им го покажеме на граѓаните е вистината, а потоа и дека правдата важи за сите. Затоа нивната, односно Платформата за иднината на Мицкоски (ЗНАМ 2.0), веднаш беше јасна на сите дека е заснована на лаги. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во повеќе наврати јавно повика сите кои се добронамерни кога е во прашање иднината на Македонија да се приклучат. Повикот беше јасен: отворени сме за сите кои немаат врска со организираната криминална група ВМРО и кои сакаат добро за Македонија и за нејзините граѓани. Овој повик трае веќе месеци. Вистината не може да се победи со лаги. Истите лаги кои го доведоа Мицкоски на власт, кои го одржуваат на власт и кои сега се обидуваат да го задржат уште четири години преку лажната „платформа за иднината“ - сега се користат и за да се создаде впечаток дека СДСМ не сака обединување. Прашањето е едноставно: ако овие луѓе навистина сакаа да се приклучат кон идејата за обединување на опозицијата, зошто не дојдоа барем на разговор? Зошто не споделија идеи со оние кои веќе се дел од Фронтот - луѓе од невладиниот сектор, активисти и граѓани кои досега не се занимавале со политика? Како е можно за својата партија да разговараат во друштво на членови на други партии? Дали е тоа нормално? За нашата партија да одлучуваат луѓе од други партии? Тоа е исто како СДСМ да се собира и да одлучува за ВМРО (иако ВМРО често се грижи и го советува СДСМ, како да се дел од партијата). А она што се случи на нивниот собир е уште посмешно. Тајно собирање без име на финансиер, без име на организатор, без име на учесници. Идејата за „обединување на опозицијата“ на прво место на дневен ред го има растурањето на единствената реална опозиција во Македонија. Целосно смешно. Уште еднаш упатуваме јасен повик до сите оние кои од љубопитност отидоа на тој собир да слушнат за наводно обединување на опозицијата против криминалната организација предводена од шефот на бандата Мицкоски - дојдете во Фронтот. Овде ќе слушнете вистински и реални идеи за обединување на сите кои сакаат да ја вратат власта во рацете на народот, да ја вратат Македонија на европскиот пат и да изградат подобра иднина за сите граѓани. Вратата е отворена. Скопје, 04.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: претреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја далСДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал.Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело. Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт. Во демократијата имаме право на сопствено мислење. Немаме право на сопствени факти. А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“. Сите го гледаат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00