СДСМ: Од Мицкоски ништо ново - повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората - Канал 5

СДСМ: Од Мицкоски ништо ново - повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората

Лага е дека СДСМ е против тоа дијаспората да гласа. СДСМ е против Мицкоски да гласа наместо дијаспората! 

СДСМ: Од Мицкоски ништо ново - повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората

Сведоци сме на нов обид за изборен грабеж со гласовите од дијаспората на шефот на организираната криминална група, Христијан Мицкоски.

Откако се спротивставивме и го блокиравме нивниот предлог за електронска кражба на гласовите од дијаспората, поради огромниот ризик од злоупотреби, сега се бара алтернативен метод за остварување на истата цел.

Очигледно е дека ВМРО-ОКГ нема намера да се откаже од злоупотреби и манипулација со гласовите на над 200 илјади граѓани од дијаспората.

Замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбедност и контрола на слободно изразување на вољата на граѓаните, туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Гласање преку пошта без строга институционална верификација оневозможува да се утврди идентитетот на гласачот и да се заштити тајноста на гласот. Тоа е директно заобиколување на изборните правила.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.

Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консензус да може да го регулира гласањето на дијаспората.

Ниеден обид за кражба и злоупотреба на вољата на гласачите нема да Ви помине, исто како што не ви поминуваат ни платформите за иднината на Мицкоски - ЗНАМ 2.0

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село

Зајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.

Зајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село

Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство.

Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво.

Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства.

На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата.

Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети.

-Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски.

Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август. До крајниот рок, 1 септември, се поднесени 154 барања на земјоделците за причинетите штети на тутунот и на црвената пиперка – ајварка.

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август

„Барањата ги поднесоа земјоделците од реоните на населените места мало и големо коњари и мажучиште. Првичните проценки укажуваат дека од 30 до 40 проценти има штети кај тутунот, а многу поголеми, од 60 до 80 проценти се штетите на насадите со црвената пиперка – ајварка, вели Николче Карапеески, претседател на комисијата за проценка на штети и раководител на подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Комисијата е постојано на терен и веќе 70 проценти од поднесените барања се проценети. Очекуваме до крајот на неделава да заврши проценката на теренот. Потоа ќе се подготви елаборатот кој ќе чека усвојување од општинскиот совет за потоа да биде доставен до владата која го дава крајниот збор за процентот на обесштетување на земјоделците – објаснува Карапеески. Инаку, невремето од 24 август проследено со дожд, силен ветер и град направи големи штети и во Општина Долнени каде најмногу настрада тутунот, од 50 до 100 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 ден

Научниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. 

Рекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 ден

Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор.

Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација.

Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си.

Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор.

Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација.

Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации.

Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување.

Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе.

Фото: Marion Streiff from Pixabay

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер