МакедонијаСДСМ: Мицкоски направи 2,5 милијарда евра нов долг, Кочовска да каже колкави се скриените долгови?Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку?Нема како да им објасни на дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво. Ова е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените долгови што Владата ги трупа преку јавните претпријатија. На шверцерски начин се задолжуваат преку јавните претпријатија, a во јавноста пласираат лажна слика за јавниот долг. Еве вистински пример за тоа: Кочоска потпиша државна гаранција за кредит од 140 милиони евра за Бехтел и Енка за Коридорите, но долгот формално го префрли на Јавното претпријатие за државни патишта. Значи само на едно претпријатие 140 милиони евра скриен долг. Вистината за „успешната“ буџетска политика на ВМРО е поразена. За само две години владеење, оваа неспособна власт создаде нов, фрапантен долг од 2,5 милијарди евра. Пари во буџетот нема за ништо, ниту за поголема минимална плата ниту за пензии. Уште на средина на година оваа криминална Влада целосно го истроши дефицитот и ќе го зголеми за нови 100 милиони евра. Вака не изгледа трета економија - вака изгледа држава која Владата ја краде и задолжува. Ова не е економски развој, туку организирано економско уништување од страна на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Над 18 милијарди денари за капитални проекти во општинитеКатна гаража во Охрид, модерен базен во Кавадарци, улици во Ресен, водовод во Тетово, градинка во Гази Баба, над 18 милијарди денари за капитални проекти во општините.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет инвестира во капитални проекти, кои се реализираат преку општините со цел, поволностите од нив да ја почувствуваат сите граѓани во сите делови на државата. Така, по позитивните резултатите што веќе ги дава првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата објави втор, преку кои се создаваат услови за уште посилен инвестициски циклус и подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните. Вкупно 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит, Владата им стави на располагање на општините преку двата јавни повика, наменети за реализација на инфраструктурни и капитални проекти. Ова не е само краткорочна политика, туку веќе станува модел во кој државата, преку децентрализација на средствата од централниот буџет, обезбедува финансиска поддршка, додека општините ги подготвуваат и предлагаат проектите согласно реалните потреби на граѓаните, со јасна цел, подобра инфраструктура, подобри јавни услуги и поквалитетни услови за живот. Ваквите политики, се од особено значење за помалите општини, кои имаат ограничени финансии, но сериозни инфраструктурни проблеми и потреби, затоа тука е државата да помогне таму каде што е најпотребно и да создаде услови за рамномерен развој низ целата територија. Така, со цел да се создадат подобри услови за најмладите во општина Гази Баба, Владата додели финансиски средства за детска градинка во Инџиково и спортска сала во основното училиште во Црешево. Со помошта на Владата во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, во Чаир се гради водоводна и атмосферска мрежа, а во Гевгелија се реконструира Старата чаршија. Понатаму, во општина Аеродром, се уредува јавната површина зад ТЦ „Капитол“, во Охрид, за да се реши деценискиот проблем со недостиг на паркинг места, се гради катна гаража, во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека Кавадарци изгради нов модерен базен. Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, Тетово ќе гради водоводна мрежа и ново средно училиште, додека Демир Капија ќе реконструира фудбалско игралиште и ќе гради нов тениски терен. Виница, пак, доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за изградба на фотонапонска централа на покривот на општинската зграда, а Куманово за изградба на краци од секундарната гасоводна мрежа на неколку улици. Ваквите инвестиции во сите делови од државата имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, затоа што тие секојдневно ги користат улиците, училиштата, детските градинки, јавните установи и комуналната инфраструктура. Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не остане концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина мора да има можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останале нерешени. Суштината на поддршката за локалната самоуправа е повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за граѓаните во секој дел од државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 луѓе над 200 беа повредени.Постапката се наоѓа во доказна фаза, а на денешното рочиште е предвидено да продолжи вкрстеното испрашување на тимот градежни вештаци од страна на одбраната. Станува збор за експертите кои го изработија градежното вештачење по налог на обвинителството. На претходното рочиште, тимот вештаци, предводен од професорот на градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски, повеќе од четири часа одговараше на прашањата на одбраната на обвинетите, меѓу кои сопственикот на објектот Гроздан Милковски, како и поранешните општински градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев. Во текот на распитот беа отворени повеќе прашања поврзани со пренамената на објектот во угостителски објект, неговата усогласеност со деталниот урбанистички план, извршените градежни интервенции, постапките за добивање лиценци, обврските за стручен надзор, како и законските надлежности на градежните инспектори. Според најавите, со завршувањето на сослушувањето на градежните вештаци ќе заврши и изведувањето на доказите предложени од обвинителството. Потоа се очекува одбраната да започне со презентирање на своите докази.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаTакси возило се заби во ограда на булевар „Србија“Таксист синоќа ја загубил контролата врз автомобилот и се забилво оградата на мостот на булеварот „Србија“ во Скопје кај хотелот „Дабл Три бај Хилтон“. На фотографијата од несреќата се гледа такси-возилото, чиј преден дел целосно ја пробил оградата и виси од мостот. Засега нема информации за тоа дали и колку возачот е повреден, како ни за тоа дали во несреќата има други повредени луѓе.Тагови: такси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook