СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата.

Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.

Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.

Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска побара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче, иако вчера во изјава за медиумите рече дека таа сепак ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите биле веќе отпечатени. Таа ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата. Посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.

Четворицата кандидати месецов водеа предизборна кампања, најавувајќи реформи во партијата, како и обединување на членството.

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи. Во врска со вчерашните забелешки на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право. Нагласи дека дел од доставените приговори од страна на некои општински организации биле прифатени, дел не.

[Новоименуваниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски најави влез на нови компании во индустриската зона. Тој во интервју за ТВ Сител информираше дека контактира со тројца потенцијални инвестит]

Деспотовски, на средби со членовите во Карпош и Кисела Вода, во петокот рече дека програмата „Нов почеток, Нов СДСМ“ е веќе дополнета со сите, над 200 пристигнати предлози од членовите, меѓу кои е и подготовка на правилник со утврдување на критериуми за кандидати за функции, навремено профилирање на потенцијални кандидати за функции и следење на фидбекот на јавноста за потенцијалните кандидати кое ќе се примени веќе од октомври за кандидатите за градоначалник, воведување на принцип на менторство за избрани односно предвидени кандидати за функции, финансиска независност на СДММ и Форумот на жени со одреден процент на надомест од средствата добиени од буџетот.

-Пораката е дека се незадоволни од состојбите во партијата и на 30.06, во недела сите тие ќе се определат дали се за нов почеток или ќе одиме по старо. На 30.06 ние ќе имаме референдум и тој референдум ќе биде успешен. Она што е важно е дека СДСМ нема да се обедини околу човек ниту програма, СДСМ ќе се обедини околу јасен став, принципи и нов почеток. Заедно ќе дефинираме јасни принцип и ставови за клучни прашања важни и за државата и за граѓаните, коишто ги немавме изминативе години, порача Деспотовски и додаде дека “не е можно да се гради нов почеток со стари кадри“.

Во рамки на кампањата за внатрепартиските избори, пред присустните членови на битолската СДСМ на 27 јуни се претставија двајца од четворицата кандидати, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Филипче, кампањата ја оцени како фер и демократска и дека очекува да се заокружи овој процес со легитимен избор на новиот претседател.

[Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече мини]

-Идниот претседател на СДСМ ќе има целосен легитимитет затоа што го црпи од членовите. СДСМ е демократска партија која уште еднаш тоа го потврдува преку организирање на внатрепартиски непосредни избори. Преку 23 илјади гласачи во недела ќе може да изберат кој сакаат да ја води партијата и ги повикувам масовно да го сторат тоа, изјави Филипче презентирајќи ја својата програма пред членовите.

Тој уште еднаш се осврна на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.

Според Бајдевски причините за поразот на двојните избори, ги дела на два дела, перцепцијата за евроинтеграциите и коалициониот партнер на тогашната влада. Смета дека имале несоодветна кадровска понуда на последните избори и дека требало да биде подобра.

[Кандидатура за претседател на СДСМ денеска поднел и Александар Бајдевски, објави партијата на Фејсбук. ]

-Се чувствувам и должен во овој момент кога на партијата и е најтешко, да покажам храброст и да излезам со одредена програма пред членовите и да ја побарам нивната поддршка и заедно ја вратиме партијата онаму каде што и е местото, онаму каде заслужува. Мојата програма е сеопфатна, во истата има неколку елементи на кои што обврнувам внимание. Првата точка е идеологијата, за мене многу важна, давам големо значење на организациската поставеност на партијата, општественото делување на социјалдемократскиот сојуз во наредниот период, коалициониот капацитет и нормално меѓународната соработка, порача Бајдевски.

Избирачкиот список ќе брои вкупно 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Дневен хороскоп за 2. јули 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 2.јули 2024 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја.

Кариера

На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното.

Здравје

Разјаснете го она што можете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост.

Кариера

Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа.

Здравје

Не претерувајте со грижите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми.

Кариера

Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира.

Здравје

Оние кои можат нека отпатуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете.

Кариера

Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен.

Здравје

Не си ја трошете силата попусто.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер.

Кариера

Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел.

Здравје

Не жалете по небитни работи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации.

Кариера

Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина.

Здравје

Не им верувајте на слаткоречиви .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж.

Кариера

Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна.

Здравје

Спуштете се на земја.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали.

Кариера

Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот.

Здравје

Настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа.

Кариера

Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна.

Здравје

Треба да се биде реален.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел.

Кариера

Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста.

Здравје

Излезете на сонце .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно.

Здравје

Чувствителност на нервиот систем.

Како да направите маичка без ракави од бабиното милјè

 - Шик парче облека во само два чекора!

Понекогаш ви снемува инспирација или пари за нова облека, па потребна ви е само идеја за импровизација.

Ако сте љубител на маички без ракави, a старите ви здодеале, можеби решението лежи во дневната соба на вашата баба. Една инфлуенсерка ја споделила својата идеја користејќи го хекланото милјè од својата баба. Иако ваквите ракотворби некогаш се користеа за украсување на дел од мебелот, најчесто маси, се чини дека бабиното милјè има поширока употреба.

Дамите сакаат маички и тие се задолжителни парчиња облека во нивниот плакар, понекогаш трошат и време и пари барајќи соодветна со која би излегле, но обично наидуваат на „индустриски“ маички изработени по истиот шаблон. Меѓутоа, доколку сакате да зрачите со автентичност и нешто поразлично, потребно ви е едно хеклано милјè кое повеќе не се користи и две бели ленти.

Доранелис Патон е инфлуенсерка која на Инстаграм често споделува модни трикови, а ја следат околу 762.000 лица. Таа покажа дека овој старински реквизит може да го искористите и за излегување така што едната лента ќе ја проврете низ дупките на хекланото милјè по должина на едниот раб и откако ќе ја наместите ќе ја врзете околу вратот. А, со другата лента се поврзуваат двете страни од хекланото милјè одзади на грбот, а потоа двата краја од лентата одат напред и се врзуваат како ремен. Крајниот резултат е софистицирана автентична маичка, која сигурно ќе ве издвои од толпата.

Придружниците на Дора беа воодушевени од оваа идеја и ѝ се заблагодарија што ја споделила со нив.

- Ми се допаѓа идејата. Елегантно и нежно.

- Тоа е нов начин да дојдам до бабиното милје. Многу слатко!

- Ова е непогрешлив доказ дека елеганцијата се раѓа така што секоја облека изгледа одлично.

- Не би било лошо да ја посетам баба ми која ќе ми ги подари сите хеклани милјеа - беа дел од коментарите.

Многу нејзини придружнички рекоа дека сигурно ќе го пробаат овој одличен трик штом набават хеклано милје за да заблескаат на некоја забава. Други се пофалија дека и самите знаат да прават такви работи и дека сигурно нема да им недостига инспирација за слична креација.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер