СДСМ: Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта - Канал 5

СДСМ: Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ.

СДСМ: Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров.

Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи - но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии.

Такво нешто не постои во светот само во Циркус - Мицкоски.

Особено е апсурдно кога во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска - кој во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ.

Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи?

Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше.

Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови?

Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата?

Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ.

Да сакаа вистински да помогнат на СДСМ, ќе ги прифатеа повиците и понудите од Претсесателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.

Оваа платформа е ЗНАМ 2.0 - проект на Мицкоски за понатамошно слабеење и делење на опозицијата, по примерот на сестринската партија СНС и Вучиќ.

Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?!

Реформи за да ја разбијат партијата токму сега, кога таа претставува сериозна закана за ВМРО?

Сега, кога рејтингот на Мицкоски е на најниско ниво поради неговите предизборни ветувања што не се остварија и секојдневни лаги?!

Сега, кога ВМРО падна за повеќе од 150.000 гласови?!

Истите тие „реформатори“, кои, според нас, сносат одговорност за изборниот пораз, сега се обидуваат да го урнат СДСМ.

До сателитите на Мицкоски имаме јасна порака: нема да ви помине!

Скопје, 05.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес во Турција: Луѓе бегаат во паника (ВИДЕО)

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени што ја погоди Шанлиурфа во утринските часови беше снимен со камери, додека граѓаните во голем страв и паника бегаа од зградите.

Силен земјотрес во Турција: Луѓе бегаат во паника (ВИДЕО)

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени беше регистриран во Шанлиурфа. Според Одделот за земјотреси на Управата за управување со вонредни ситуации и катастрофи (AFAD), земјотресот се случил во 10:40 часот, со епицентар во округот Каракопру во Шанлиурфа.

Длабочината на земјотресот е проценета на 7,39 километри. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции.

Граѓаните кои го почувствувале земјотресот брзо ги напуштиле своите домови и деловни објекти и се собрале на отворено. Силниот земјотрес бил снимен со камери, додека граѓаните истрчале на улиците.

Во Дијарбакир, каде што исто така бил почувствуван земјотресот, луѓето ги напуштиле своите домови и деловни објекти, а на снимката се гледа како земјата пука во едно подрачје.

Во Газиантеп, децата излегле во училишниот двор и, во придружба на нивните наставници, чекале на безбедно место и се обиделе да се смират.

Бегање од зградите

Во Шанлиурфа, епицентарот на земјотресот со јачина од 5,4 степени, граѓани беа видени како брзо излегуваат од зграда.

Откако започна земјотресот, граѓаните што беа во зградата брзо излегоа надвор и се засолнаа на безбедно место.

Граѓаните го опишуваат моментот на ударот

Граѓанинот Адил Ипексевер рече дека го почувствувал земјотресот и истрчал од зградата. Ипексевер рече:

„Почувствувавме силен земјотрес. Неизбежно е дека бевме многу исплашени, бидејќи доживеавме и претходни земјотреси. Фала му на Бога, нема загуба на животи или материјална штета. Да не дозволи Бог да ни се случи ова повторно.“

Камил Шиш, исто така, им посака брзо закрепнување на сите што го почувствуваа земјотресот, велејќи:

„Се обидовме да излеземе надвор во паника поради јачината на земјотресот. Немаше уривање, но бевме исплашени од застрашувачкиот звук. Сите се добро, нема проблеми, фала му на Бога.“

Раседи во регионот

Земјотресот со јачина од 5,4 степени во Каракопру го насочи вниманието кон раседите во областа.

Шанлиурфа и околните области се наоѓаат во тектонска зона под влијание на Источноанадолскиот раседен систем, но експертите кои претходно зборуваа за областа предупредија дека не секој земјотрес во регионот мора да се случи директно на овој главен расед.

YouTube video

Во сеизмичката активност во југоисточна Анадолија, покрај Источноанадолскиот раседен систем, северните проширувања на Раседниот систем на Мртвото Море, како и локалните раседни системи во регионот, играат важна улога. Источноанадолскиот расед, формиран од притисокот на Арапската и Анадолската плоча и еден од најважните активни раседи во Турција, се протега од Хатај преку Кахраманмараш, Адијаман, Елазиг и Бингол и во минатото предизвикал големи земјотреси.

Експертите нагласуваат дека ризикот од земјотрес не може да се процени само врз основа на растојанието од раседот и наведуваат дека квалитетот на почвата и отпорноста на градежниот фонд се од клучно значење. Техничките анализи што ќе се спроведат по земјотресот во Каракопру ќе разјаснат кој раседен систем го предизвикал земјотресот.

Рута на раседниот систем на Мртвото Море

Раседниот систем на Мртвото Море, еден од најактивните системи во источниот Медитеран и Блискиот Исток, е обликуван од движењето на африканските и арапските плочи во однос една во однос на друга.

Овој систем, долг околу 1.000 километри, се протега од северниот дел на Црвеното Море преку Акабанскиот Залив, Мртвото Море, Либан и Сирија до јужната граница на Турција.

Особено северните краеви на овој систем се директно поврзани со тектонските структури околу Хатај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланија: Имав многу убаво детство во Југославија

Првата дама на САД, Меланија Трамп изјави дека имала „многу убаво детство“ растејќи во услови на комунизам во Словенија која беше дел од Југославија.

Меланија: Имав многу убаво детство во Југославија

Нејзиниот поглед на тој период се разликува од реториката на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, кој редовно го претставува комунизмот како закана за Соединетите Држави.

„Растев во комунизам и навистина ништо не ми недостасуваше“, рече Меланија Трамп во интервју за „Фокс бизнис“ (Fox Business).

„Мислам дека имав многу убаво детство, а моите родители ѝ обезбедија прекрасен живот на моето семејство.“ Нејзините изјави доаѓаат во време кога Доналд Трамп често го користи терминот „комунизам“ за да ги напаѓа демократите и демократските социјалисти. „Тие себеси се нарекуваат демократски социјалисти, но всушност се комунисти“, рече тој на партиската конвенција овој месец. Во својот говор по повод Денот на независноста, Трамп изјави: „Комунизмот е систем што губи и секогаш ќе биде таков“. Тој додаде дека американските војници не се бореле против комунизмот низ светот само за таа закана да се појави во Америка. Трамп исто така рече дека Демократската партија „се претвора во комунистичка партија“ и ги нарече некои демократи „окорели комунисти без вера во Бога“. Тој исто така предупреди дека победата на демократите би можела да доведе до создавање „комунистичка пратеничка група“ во Конгресот.

Неговите изјави делумно се однесуваа на прогресивните кандидати кои победија на внатрепартиските избори во 2026 година. Сепак, демократскиот социјализам и комунизмот не се синоними; тие претставуваат различни политички традиции.

Меланија Трамп, родена како Меланија Кнавс во 1970 година во Ново Место, израснала во тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Таа се преселила во Соединетите Држави во 1990-тите за да се занимава со манекенство, а американска државјанка станала во 2006 година. Кога ја прашале дали растењето во комунизмот влијаело врз нејзиното сфаќање за слободата, таа одговорила дека нејзиното детство било позитивно.

„Сепак, имаше одредени работи на кои требаше да се внимава“, рекла таа. „Мораше да внимаваш што правиш.“

Таа објасни дека во тоа време не постоела слобода?? каква што денес има во САД и дека времињата биле поинакви. Југославија била федерација под комунистичко раководство, но нејзиниот систем се разликувал од советскиот модел откако Јосип Броз Тито ги прекинал односите со Сталин во 1948 година.

Земјата развила сопствена форма на социјализам, која вклучувала работничко самоуправување, и останала независна од советскиот блок. Словенија била економски најразвиената од шесте републики. Тензиите се зголемиле по смртта на Тито во 1980 година, а Словенија прогласила независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. 

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ.

Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите.

-Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ.

Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства.

- Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ.

Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира.

На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности.

-Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи.

Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер