СДСМ до Мицкоски: Инвестиции во дигитализација и луѓе или уништување на струја, екосистем и замена на младите? - Канал 5

СДСМ до Мицкоски: Инвестиции во дигитализација и луѓе или уништување на струја, екосистем и замена на младите?

Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“.

СДСМ до Мицкоски: Инвестиции во дигитализација и луѓе или уништување на струја, екосистем и замена на младите?

Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација?

Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?

Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија - колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно увезува.

Додека граѓаните плаќаат високи сметки и се соочуваат со нестабилно снабдување, овие центри ќе ја влошат енергетската криза и ќе ги зголемат цените за сите.

Дали мисли и на уништување на екосистемот?

Дата центрите бараат огромни количества вода за ладење, генерираат големи количини отпадна топлина и трајно ја деградираат животната средина.

Наместо зелена транзиција, добиваме нови загадувачи кои ќе ја уништат природата за профит на странски компании.

Инвестиции во луѓе? Или увоз на работници од трети земји познати како „економски работници“?

Мицкоски вели дека „инвестициите во луѓето и иновациите се иднината на економијата“.

Прашуваме: Кои инвестиции во луѓе?

Додека младите Македонци масовно заминуваат, Мицкоски најавува дека ќе ги заменува со „економски работници“ од трети земји.

Владата веќе ја зголеми квотата за странски работници на 10.000 во 2026 година - двојно повеќе од претходната година.

Дури најави нови 50.000 економски работници за наредната година.

Дали на тоа мисли кога зборува за „инвестиции во луѓе“?

Дали инвестира во мигранти на кои им ветува работна виза, вработување и стан?

Дали е тоа оној модел за кој британските медиуми пишуваа - 20.000 фунти по лице, со обезбеден престој и работа?

Мицкоски нема иновации.

Мицкоски нема стратегија за задржување на младите.

Мицкоски има само план за увоз на нова работна сила која ќе ја замени онаа што ја избрка со својата политика.

Наместо да инвестира во македонските граѓани, тој ја отвора вратата за странски работници, додека истовремено лаже дека „нема мигранти“.

Ова не се инвестиции во луѓе.

Ова е замена на луѓето.

Скопје, 03.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и Македонија

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, а сезоната на пренос е во полн ек. 

Вирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и Македонија

Локални случаи на инфекција се потврдени во Грција, Италија, Шпанија, Романија и Македонија, според најновите податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), пишува Euronews.

Грчката Национална организација за јавно здравје (EODY) пријави 21 локален случај на инфекција регистриран до 22 јули. Дваесет пациенти развиле компликации на централниот нервен систем, како што се енцефалитис и менингитис, додека една пациентка имала поблаги симптоми. Досега нема смртни случаи, а тринаесет лица се хоспитализирани.

Само во изминатата недела беа пријавени 14 нови локални случаи. Еден случај е регистриран и кај лице кое престојувало во една од ендемските земји во странство, но сè уште не е утврдено каде точно се заразило, па затоа тој случај не е вклучен во епидемиолошката анализа на EODY.

Ширењето на вирусот во Европа

Податоците собрани од ECDC до 15 јули покажуваат вкупно 33 локално пренесени случаи во пет европски земји и соседството. Италија беше најпогодена со 20 случаи во 16 различни области. Три случаи се потврдени во Новара, по два во Кремона и Верона, а поединечни случаи се регистрирани и во Милано, Фиренца, Неапол, Падова, Модена и Ферари.

Два случаи се регистрирани во Македонија, во областа на Скопско и Повардарие. Романија, во регионите Аргеш и Сучава, и Шпанија, во Аликанте и Севиља, имаат по два случаи.

Картата на ECDC го покажува брзото географско ширење на вирусот. На пример, во Италија, за само една недела, 11 од 16-те региони каде што вирусот е сега присутен беа додадени на списокот на погодени области.

Грција: Атика главен фокус

Огромното мнозинство грчки случаи се откриени во поширокиот регион Атика. Инфекции се потврдени во општините Спата-Артемида (6), Маркопуло Мезогејас (2), Палини (2), Агија Параскеви (2), Вари-Вула-Вулијагмени (1), Кропија (1), Лавреотики (1), Неа Јонија (1), Халандри (1), Атина (1) и Глифада (1).

Надвор од Атика, по еден случај е регистриран во префектурата Лариса и општината Паламас.

Иако засега нема потврдени човечки случаи во овие области, EODY ги прогласи и општините Пајанија, Рафина-Пикерми, Маруси, Ираклио Атикас и Филотеј-Психико за области со висок ризик. Одлуката е донесена врз основа на епидемиолошки податоци и близината до областите каде што вирусот веќе циркулира.

EODY истакнува дека појавата на случаи речиси секоја година од 2010 година потврдува дека вирусот Западен Нил се воспоставил во Грција, а истата ситуација е и во неколку други европски земји.

ECDC објавува неделни извештаи во текот на летото бидејќи ширењето на инфекцијата е под влијание на времето, бројот на комарци и движењето на птиците, кои се природен резервоар на вирусот. Бидејќи е невозможно да се предвиди кои области ќе бидат погодени, здравствените власти низ целата земја препорачуваат граѓаните да се заштитат од каснувања од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. 

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24.

Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија.

Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. 

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија.

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега.



Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9).

Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер