Саутгејт: На крајот головите се тие што се важни, деталите одлучија - Канал 5

Саутгејт: На крајот головите се тие што се важни, деталите одлучија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт по трагичниот пораз од Франција во битката за место во мундијалското полуфинале истакна дека и покрај се е горд на својот тим.

Саутгејт: На крајот головите се тие што се важни, деталите одлучија

Англискиот селектор на пресконференцијата истакна дека е презадоволен од ангажманот на своите избраници и нема што што да им приговори на своите избраници по поразот од Франција (1:2) во четврт-финалето на Светското првенство во Катар.

- На крајот, головите се тие што се важни. Деталите одлучија. Горд сум на настапот на мојот тим за време на турнирот. Честитки за Франција, тие знаат како е да се биде дел од големата игра. Мислам дека не можевме да дадеме повеќе. Дојдовме да ја освоиме титулата, имаме тим кој е способен за тоа – изјави Саутгејт.

Предводникот на Гордиот Албион се осврна и на промашениот пенал на Хари Кејн, кој можеше да и донесе продолженија на Англија.

- Хари беше одличен за нашиот тим, сигурен во толку многу наврати, ние немаше да бидеме тука да не беа неговите голови. И победувате и губите како тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалците излегоа на протести и блокади, откако цената на горивата достигна рекордно ниво

Новиот бран на поскапување на горивата во Португалија ја крена цената на дизелот на рекордно високо ниво, предизвикувајќи протести низ целата земја. 

Португалците излегоа на протести и блокади, откако цената на горивата достигна рекордно ниво

Зголемувањето на цените трае цела година, а денешното зголемување на цените предизвика блокади и протестни акции, пишува Euronews.

Утрово, возачите масовно протестираа со свирење на сирените на мостот „25 април“, клучен сообраќај што ги поврзува Лисабон и Алмада. Во исто време, на југот од земјата беше организирана протестна колона, која полека се движеше кон рафинеријата на Галп во Синес.

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи и апликацијата WhatsApp, а продолжи и попладне без најавен крај. Агенцијата Lusa известува дека демонстрантите носеле транспаренти со пораките „Доста со зголемувањето на цените на горивата“ и „Семејствата не можат повеќе да издржат“.

Цените достигнаа нови рекорди

Португалскиот автомобилски клуб (ACP) проценува дека цената на дизелот се зголемила за 15 центи во понеделник, па затоа неговата цена сега е 2.169 евра за литар. Цената на бензинот се зголеми за 12 центи, на 2,142 евра за литар. Овие бројки не го вклучуваат намалувањето на акцизата за нафтени производи (ISP) воведено од владата како итна мерка. Без ова олеснување, зголемувањето на цената ќе беше уште поголемо, имено дополнителни 12 центи за дизелот и 9 центи за бензинот.

Според пресметките на порталот Dinheiro Vivo, ова е највисоката цена на дизелот некогаш забележана во Португалија. Цената на бензинот е на највисоко ниво од енергетската криза во 2022 година, предизвикана од руската инвазија на Украина. Цените на горивата растат низ цела Европа. Германскиот весник Frankfurter Allgemeine објавува дека цените во Германија исто така достигнале историски рекорди, при што бензинот го надминал нивото од март 2022 година од 2,203 евра за литар.

И покрај ова, Португалија се издвојува како една од најскапите земји. Податоците од порталот за цени на гориво, кој ги следи цените во 21 европска земја, покажуваат дека Португалија во понеделник била на 19-то место по цените на бензинот. Само Франција и Данска се поскапи. Ситуацијата е малку поповолна за дизелот, каде што Португалија е на 17-то место, пред Обединетото Кралство, Италија, Франција и Данска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирина Шајк предизвика воздишки во секси фустан на црвениот тепих во Венеција (ВИДЕО)

Манекенката Ирина Шајк се појави на црвениот тепих на 83-то издание на Венецискиот филмски фестивал. 

Ирина Шајк предизвика воздишки во секси фустан на црвениот тепих во Венеција (ВИДЕО)

Откако беше видена во текот на денот во хотелот Екселсиор на венецијанското Лидо, за вечерното појавување таа избра впечатлив црн фустан од модната куќа Долче и Габана кој ја нагласуваше нејзината фигура.

Шајк на тој начин им се придружи на бројните познати имиња кои пристигнаа во Венеција овие денови, каде што заедно со филмските премиери, традиционално се посветува големо внимание на модните изданија на црвениот тепих. Црниот фустан беше во согласност со препознатливата естетика на Долче и Габана, модна куќа со која Шајк претходно соработуваше.

Таа избра креација на Долче и Габана

За оваа пригода, таа избра креација инспирирана од препознатливата естетика на италијанската модна куќа, во која кроевите со корсет и моделите што ја нагласуваат силуетата имаат важно место со децении. Фустанот со крој со корсет има длабоко деколте и тесна силуета што ја следи фигурата.

Се издвојуваат деталите од црна кожа и врвките што се протегаат по страните на фустанот. Токму овие детали откриваат делови од кожата и дополнително ја нагласуваат фигурата, додека целосно црната комбинација му дава на целото издание драматичен изглед.

Шејк го искомбинираше фустанот со црни чевли со зашилен врв и многу висока потпетица. За накит, таа избра впечатлива светкава огрлица што беше во контраст со целосно црната комбинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ му дава 200 милиони евра на Гренланд: Мора да остане во Европа, а не во САД

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Гренланд, објави пакет од 200 милиони евра за островот.

ЕУ му дава 200 милиони евра на Гренланд: Мора да остане во Европа, а не во САД

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Гренланд, објави пакет од 200 милиони евра за островот, кој беше во фокусот на вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци.

„Европа донесе одлука: да биде поприсутна и поангажирана во Гренланд и Арктикот“, рече таа на прес-конференција во Нук, главниот град на Гренланд. Фон дер Лајен денес ја завршува дводневната посета на Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.

„Гренланд мора да остане со Европа, а не со САД“, повтори Фон дер Лајен за време на посетата на островот, според Франс Прес.

„На Гренланд ѝ е потребна Европската Унија“

Кризата меѓу САД и нивните европски сојузници избувна претходно оваа година, кога Трамп повторно почна да бара САД да го преземат Гренланд и не ја исклучи можноста за употреба на воена сила. Дури на 21 јануари, во говор на Светскиот економски форум во Давос, Трамп рече дека нема да употреби сила. Тензиите се смирија после тоа, но тој не се откажа од својата желба САД да ја добијат контролата врз Гренланд.

Фон дер Лајен директно се осврна на кризата во Нук, иако не го спомена Трамп по име. „Иднината на Гренланд ја одлучуваат жителите на Гренланд и Данска. Никој друг“, рече таа.

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен на истата конференција изјавија дека Гренланд „има потреба од Европската Унија“, но и дека ЕУ „има потреба од Гренланд“. Гренланд треба да ги користи новите европски средства за конкретни развојни проекти, првенствено за подобрување на сателитските капацитети и подобар пристап до интернет на северот и истокот од островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер