Сара Џесика Паркер проговори за кавгата со Ким Катрал! - Канал 5

Сара Џесика Паркер проговори за кавгата со Ким Катрал!

 Еве зошто пропаднало познатото филмско остварување!

Сара Џесика Паркер проговори за кавгата со Ким Катрал!

Иако Саманта и Кери беа неразделни во познатата серија „Сексот и градот“ и покажаа како функционираат вистинските женски пријателства, за жал, во реалниот живот ситуацијата е поинаква. Во последните години, често се зборуваше за кавгата помеѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал, но се чини дека славната Саманта својот дрзок и директен став го пренела и во реалниот живот или без потешкотии уживала во улогата во познатото остварување.

Во подкастот „Холивудски репортер“, Сара Џесика Паркер ја откри вистинската причина за наводната кавга помеѓу неа и нејзината поранешна пријателка Саманта од познатата серија „Сексот и градот“ и прокоментира зошто актерката не сакала да учествува во третиот дел на филмот.

- Се плашам да не кажам нешто непријатно, но тешко е да се зборува за ситуацијата со Ким. Снимањето на третиот филм пропадна поради нејзините барања во договорот. Таа имаше некои желби со кои не се согласувавме, па тогаш се откажавме од снимањето – изјави Паркер.

Таа истакна дека нејзината колешка им дала до знаење дека повеќе не се препознава во тој филм.

Значи, не се работи за никаква суета на Сара, како што многумина сметаа по изјавата на Ким Катрал во емисијата „Животната приказна на Пирс Морган“:

- Овде ја преземам работата на луѓето од „Сексот и градот“, но сметам дека Сара можеше да биде поубава. Не знам што е нејзиниот проблем – му кажа Катрал на Морган, а пренесе Гардијан.

Иако во 2017 година Ким јавно одби Паркер да ѝ изрази сочувство по повод смртта на нејзиниот брат, Сара тврди дека помеѓу нив нема никаква кавга што се однесува до неа. Како што вели, луѓето сакаат да слушнат дека постои некаква расправија, но таа никому не упатила кавгаџиски збор, ниту пак се работи за некаков јавен спор, но исто така вели дека тоа не е начин на кој таа сака да комуницира.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица

Четворица со тешки телесни повреди по  масовна тепачка во село Баница струмичко. 

Во масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица

На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Два патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. 

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта.

Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber).

Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата.

Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал.

Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот.

Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска

Поранешниот македонски репрезентативец, 36 годишниот Илија Несторовски сезонава ја доживува втората младост и е еден од најдобрите напаѓачи во Хрватското фудбалско првенство.

Несторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска

Македонскиот фудбалер викендов постигна два гола во победата на Славен Белупо од 4:1 над фаворизираната Риека во деветтото коло од првенството, со што стигна до вкупно седум гола на девет настапи оваа сезона.

Особено е импресивно тоа што четири од тие голови ги постигна само во последните две кола.

На натпреварот против Риека, популарниот Нестор двапати ја затресе мрежата во рок од само пет минути. Најпрво постигна гол со одличен удар од далечина во 69-тата минута, а потоа го постави конечниот резултат од 4:1 во 74-тата минута. Овој настап ја потврди одличната форма што ја покажа во претходното коло, кога со два гола му донесе бод на Славен во ремито 2:2 против Рудеш.

Така, искусниот напаѓач постигна четири гола на последните два првенствени натпревари и моментално има просек од речиси еден гол по натпревар оваа сезона. Со седум гола, тој го дели второто место на листата на најдобри стрелци со Емил Фредериксен од Истра, заостанувајќи само зад Дион Дрена Бељо, кој има постигнато 10 гола.

Несторовски му се приклучи на Славен Белупо во летото 2024 година, по осум сезони поминати во Италија. Во својата прва сезона по враќањето во хрватскиот фудбал постигна осум првенствени гола, додека минатата сезона реализираше шест.

Сега веќе има постигнато седум гола на само девет натпревари, со што го надмина учинокот од целата претходна сезона и се приближува до бројката од својата прва година во Копривница.

Сè појасно станува дека тој е на добар пат кон својата најефикасна сезона откако се врати во хрватскиот фудбал.

Несторовски првпат се прослави во хрватската фудбалска јавност додека настапуваше за Интер Запрешиќ во периодот од 2013 до 2016 година.

Првите две сезони ги мина во втората лига, постигнувајќи 20, а потоа и 24 гола, при што во двата наврати ја освои титулата најдобар стрелец во лигата. Тој ја задржа таа импресивна форма и откако Интер избори пласман во ХНЛ (хрватската прва лига). Во сезоната 2015/16, постигна импресивни 25 гола на 33 првенствени натпревари, повторно станувајќи најдобар стрелец во лигата.

Особено е впечатлив неговиот хет-трик против Осиек во последното коло, со кој ја заокружи таа извонредна сезона. Тој учинок од 25 гола останува еден од најдобрите индивидуални голгетерски резултати во поновата историја на ХНЛ. Во деветте сезони што следеа, таа бројка беше надмината само од Марко Ливаја – кој постигна 28 гола за Хајдук во сезоната 2021/22 – и Дион Дрена Бељо, кој постигна 31 гол за Динамо минатата сезона.

- Ваквите настапи му донеа трансфер во Палермо, клуб што во тоа време се натпреваруваше во италијанската елитна лига. Постигна 11 гола во својата дебитантска сезона во Серија А, иако Палермо не успеа да избегне испаѓање во понизок ранг. Останал во Палермо уште две сезони, во текот на кои продолжил редовно да постигнува голови во Серија Б.

Потоа, во 2019 година, преминал во Удинезе, каде што минал четири сезони играјќи во Серија А. Во својата последна сезона во Италија, 2023/24, настапувал за Асколи во втората лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер