Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
МакедонијаАмбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита„ПреспаНет“ бара иницијативата за УНЕСКО да се заснова врз Договорот за „Паркот Преспа“ од 2010 година, а соработката и активностите за зачувување на Преспа да започнат веднашПо минатонеделната средба на министрите за култура на Албанија, Грција и Република Македонија во Преспа, Грција, прекуграничната мрежа „ПреспаНет“ ја поздравува иницијативата за разгледување на можноста за заедничка номинација на прекуграничниот регион Преспа како мешано природно и културно наследство на УНЕСКО. Ова отвора голема можност одново да се сврти меѓународното внимание кон заедничкиот предел кој има исклучителна биолошка разновидност, културно наследство и живи традиции и да се зајакне соработката за неговата иднина. Признавањето на Преспа како дел од светското наследство би можело да има значајни придобивки за регионот и тамошното население. Ова би можело да го подобри неговиот меѓународен углед, да ја зајакне јавната и политичката поддршка за зачувување на езерата, дивиот свет, спомениците и културните предели, како и да помогне во обезбедувањето на експертиза, партнерства и ресурси за негова заштита. Заедничката номинација би можела да поттикне заеднички пристап во истражувањето, следењето и управувањето на прекугранично ниво, а меѓународното известување и надзорот би можеле да ја зајакнат одговорноста за заштита на вредностите на ова подрачје. За локалните заедници, пак, признавањето би можело да создаде можности за внимателно управуван туризам базиран на природното и културното наследство, поткрепен со заедничко толкување и промоција на наследството на регионот. Ова би можело, исто така, да ја зајакне гордоста што произлегува од разновидните традиции во Преспа и да ги продлабочи врските меѓу заедниците од трите земји. Подеднакво значаен би можел да биде и самиот подготвителен процес. Имено, преку собирањето докази за природните и културните вредности, усогласувањето на приоритетите за зачувување и воспоставувањето на ефикасен систем за заедничко управување би можело да се изгради доверба и да се подобри соработката пред да се донесе каква било одлука за впишување на Преспа на листата на УНЕСКО. Искуството од трилатералното подрачје на Ваденското Море (Холандија, Германија и Данска), кое е дел од светското наследство, е пример дека меѓународното признавање може да се темели на претходно воспоставен рамковен систем за соработка меѓу соседните земји. Таква рамка за Преспа веќе постои. Пред 26 години, на 2 февруари 2000 година, претседателите на владите на трите соседни држави го прогласија формирањето на Прекуграничниот „Парк Преспа“, обврзувајќи се на заштита и одржлив развој на Преспанскиот слив. Во 2010 година, трите држави и Европската Унија го потпишаа Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на „Паркот Преспа“, кој стапи на сила во 2019 година. Тој експлицитно го признава природното и културното значење на преспанскиот слив и предвидува институции за заедничко дејствување. Но, јазот помеѓу дадените заложби и нивното спроведување до ден-денес останува голем. И покрај неодамнешните активности за ажурирање на Стратегискиот акциски план, заедничките институции и натаму се соочуваат со недостиг на континуирана државна вклученост и ресурси кои се неопходни за плановите да се преточат во координирани активности. Постојаните повици на Мрежата „ПреспаНет“ за нивно ефективно спроведување и за сигурно финансирање досега не вродија со плод. Ова не е само мислење на невладините организации, туку е документирано и во препораките на Рамсарската Конвенција упатени до трите држави оваа година. Во меѓувреме, Сливот се соочува со сè поголеми еколошки и социјални притисоци, поврзани особено со климатските промени и опаѓањето на нивото на водата. Заштитата на Преспа не треба да зависи од временската рамка за некое идно нејзино номинирање како заштитено подрачје. Според оперативните упатства на УНЕСКО, државите што предлагаат прекугранично подрачје треба да формираат заеднички комитет за управување или слично тело што ќе раководи со целото номинирано подрачје. Оттука, со реактивирање и со обезбедување соодветни ресурси за институциите на „Паркот Преспа“ би можело да се спроведат и постојниот Договор и предложената номинација за светско наследство. „ПреспаНет“ ги повикува трите влади и Европската Унија експлицитно да ја условат новата иницијатива со спроведувањето на Договорот од 2010 година. Министерствата надлежни за култура и животна средина треба да соработуваат согласно рамката за „Паркот Преспа“, вклучувајќи ги притоа локалните власти, управувачите со заштитените подрачја, научниците, граѓанското општество и жителите. Итен приоритет треба да им се даде на редовните состаноци на заедничките тела, функционален секретаријат и работна група за управување со водите, сигурни финансии од засегнатите страни и заеднички договорена програма на практични мерки, со точно утврдени одговорности, рокови и јавно известување за напредокот. Секоја идна меѓународна номинација - а особено долгиот подготвителен процес што ѝ претстои - мора цврсто да се заснова врз четиристраниот Договор за „Паркот Преспа“ од 2010 година и врз неговото спроведување. Номинацијата треба да ги зајакне институциите, знаењето и заедничкото дејствување без кои воопшто не би било можно да се заштити Преспа. Веродостојната амбиција за стекнување статус на светско наследство започнува со остварување на заштитата што трите држави веќе ја ветиле за овој заеднички слив и за неговото население. „ПреспаНет“ ги обединува Македонското еколошко друштво (Република С.Македонија), Здружението за заштита и зачувување на природата во Албанија (Албанија) и Друштвото за заштита на Преспа (Грција) во мрежа на невладини организации за зачувување и одржлив развој на Преспанското сливно подрачје и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Македонија Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорностДемократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци. Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши. Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија. Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаВо масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица Четворица со тешки телесни повреди по масовна тепачка во село Баница струмичко. На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДва патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредениДва патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта. Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber). Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата. Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал. Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот. Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook