ЖивотAвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонијаЕпархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија.Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево, Битолско. За епископ е хиротонисан на 12 јули 1986 година, а во октомври 1999 година е избран и востоличен за поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Годинава се одбележува значајниот јубилеј – 40 години од неговата архиерејска хиротонија (1986–2026). По овој повод, Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија, со следната содржина: Ваше Блаженство, Од името на Епархискиот Управен Одбор, свештенството и верниот народ на Македонската Православна Епархија за Австралија – Сиднеј, Ви упатуваме честитки по повод значајниот јубилеј – 40 години од Вашата архиерејска хиротонија. Четири децении архиерејско служење претставуваат сведоштво за живот посветен во служба на Христа и Неговата Света Црква. Му благодариме на Семилостивиот Бог за годините на Вашето архиерејско служење и Му вознесуваме молитви и понатаму да Ве дарува со добро здравје, духовна крепост, мудрост и благодат во извршувањето на Вашата архипастирска служба. Нека Господ Исус Христос, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Ве укрепува и чува уште многу години, за доброто и напредокот на нашата Света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија. На многаја лета Ваше Блаженство!!!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook