БизарноЧовештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенцијаЧовештвото се соочува со истребување до 2100 година поради злонамерната употреба на вештачка интелигенција или нуклеарен конфликт, покажува нова глобална проценка на ризикот.Овие две закани се на врвот на листата од 17 главни закани за здравјето на луѓето во следните 75 години. Тие вклучуваат намалување на трошоците за меѓународна помош од страна на богатите земји, климатската криза и неухранетоста кај децата. Експертите кои стојат зад извештајот на престижното списание „Комисијата Лансет за глобалните здравствени закани во 21 век“ нагласија дека сите овие закани се меѓусебно поврзани, што значи дека мора да се решаваат истовремено. Сепак, тие нагласија дека за секоја од нив постои „реален тек на дејствување“. „Одлуките што лидерите ќе ги донесат денес ќе го обликуваат здравјето и благосостојбата на следната генерација“, рече професорот Кристофер Мареј, копретседател на комисијата и директор на Институтот за здравствени метрики и евалуација на Универзитетот во Вашингтон. За да ја состави листата, комисијата моделирала колку години здрав живот би можеле да бидат изгубени поради болест, инвалидитет или предвремена смрт предизвикана од секоја од овие закани, врз основа на моменталните трендови. Користела мерка позната како години живот прилагодени на инвалидитетот. „Злонамерната употреба на вештачка интелигенција, вклучително и создавањето биолошко оружје, како и нуклеарниот конфликт што би можел да предизвика нуклеарен глад, носат ризик од истребување на човештвото во следните 75 години“, се наведува во извештајот. Авторите додаваат дека веројатноста за вакви сценарија е сè уште мала, но дека нивните последици би можеле да доведат до истребување на човештвото. Во случај на нуклеарен конфликт, доволно честички би можеле да стигнат до горната атмосфера, блокирајќи ја сончевата светлина и предизвикувајќи глад низ целиот свет. Друго сценарио вклучува употреба на биолошко оружје создадено со помош на вештачка интелигенција. Во еден уреднички текст во списанието „Лансет“, објавен заедно со извештајот, се предупредува: „Доколку се материјализираат, обемот на штетата би бил таков што човештвото би доживеало апокалипса“. Други ризици што би можеле да доведат до кумулативна загуба од повеќе од милијарда години здрав живот и затоа се класифицирани како „големи катастрофални закани“, вклучуваат загадување на воздухот, антимикробна резистенција, неухранетост кај децата и климатско нарушување. Листата, исто така, вклучува конвенционални вооружени конфликти, намалување на меѓународната помош, прекумерна консумација на алкохол, висок крвен притисок, нееднаквост во приходите, ниско ниво на образование, природно настанати пандемии, дебелина, нарушено ментално здравје, пушење и нездраво стареење. За да бидат на листата, заканите не само што мораа да имаат потенцијал да предизвикаат голема загуба на години живот поминати во добро здравје, туку и да имаат можни решенија за нивно ублажување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook