ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
2ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
Шоу бизСандра Булок ја интервјуира Џенифер Анистон : Биле во врска со ист маж По освојувањето на наградата Screen Actors Guild Awards (SAG) минатиот месец,Џенифер Анистон (51) ја краси насловната страница на новиот број на Интервју, а во таа пригода ја интервјуираше - Сандра Булок (55).Инаку, овие две холивудски ѕвезди се познаваа уште од доцните 90-ти, кога се запознале на забавата по доделувањето на наградите „Златни глобуси“ од актерот Тејт Донован (56), кој бил во врска и со двете (се разбира, не во исто време). Логично, истиот поранешен партнер се покажа како одличен вовед во разговорот за типот на девојки на славните личности. View this post on Instagram Just when you think you have @jenniferaniston figured out, she surprises you. As one of the few actors to seamlessly transition her superstardom from the small screen to the big one and back again, our March Issue cover star has remained a paparazzi magnet and the object of our fascination for half her life. But as she tells her friend and drinking buddy #SandraBullock, the truth is stranger than tabloids. Tap the link in our bio for the full story. Photographed by @alique_studio and styled by @melzy917 for our March Issue. A post shared by Interview Magazine (@interviewmag) on Feb 11, 2020 at 9:09am PST „Ти и јас некогаш сме биле дел од животот на многу трпеливо човечко суштество - бидејќи тој се дружеше со нас, тој е дефинитивно трпелив“, се пошегува Сандра, а Jенифер продолжи: „Се чини дека мажот навистина има свој тип на жена“. - талентирана, забавна, љубезна, дарежлива ... “. Булок и Донован беа свршени од 1992 до 1995 година (подоцна Сандра започна врска со Метју Меконахи) , а Анистон и Донован беа во брак од 1995 до 1998 година. Таа подоцна се омажи за Бред Пит. View this post on Instagram "I’d never had Jack Daniels until then, and I have not had a sip of it since." In our new March Issue, out soon, America's Sweethearts @jenniferaniston and #SandraBullock recall the first time they met. Tap the link in our bio for the full story. Photographed by @alique_studio and styled by @melzy917 for our March Issue. A post shared by Interview Magazine (@interviewmag) on Feb 11, 2020 at 11:27am PST Денес, Џенифер е слободна (разведена е во 2017 година од вториот сопруг на Џастин Терукс), додека Сандра е во долгогодишна врска со фотографот Брајан Рандал. Но, Џенифер откри во Интервју дека нејзиното пријателство со еднакво познатата колешка не се родило на почетокот: - Мислам дека сè во животот се случува во свое време, така беше и со нас ... ,,После таа забава во 90-тите, повторно се сретнале на свадбата на еден пријател: ти испратив порака , а ти ми посака жежок секс ! изјави Анистон, која во интересното интервју со Булок се осврна на почувствителните теми што го карактеризираат нејзиниот живот, особено нејзината младост. View this post on Instagram "You can either be angry or be a martyr, or you can say, 'You’ve got lemons? Let’s make lemonade.'" Our March Issue cover star @jenniferaniston tells #SandraBullock how she's redefining success and why she can't be taken down. Tap the link in our bio for the full story. Photographed by @alique_studio and styled by @melzy917 for our March Issue. A post shared by Interview Magazine (@interviewmag) on Feb 11, 2020 at 1:26pm PST - Немав совршено детство и честопати се чувствував небезбедно во мојот дом. Моите родители немаа стабилна врска, а заради нивното однесување, мислев дека не сакам да бидам како нив ... Но, морам да им се заблагодарам, затоа што денес, заради нив, мислам како што мислам - рече ѕвездата на ТВ серијата „Пријатели“, пренесува Дејли Меил . А, што се однесува до иднината, еве како ја замислува Џенифер: „Се гледам себеси во куќа на плажа, го слушам океанот, слушам смеа, гледам деца како трчаат, мирис на зготвена храна… Тоа е тоа радосно сценарио во мојата глава“, заврши Анистон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избориПокрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра. Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра. Сè ова заради лично богатење и останување на власт. Мицкоски дал налог за нови задолжувања. Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери. Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите. Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори. Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ. Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами. Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови. Статистиката повеќе не му поминува. Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници. Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро. Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“. Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“. Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа. Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт. По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ. Мицкоски е прочитан. Народот не е наивен. Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро. Доаѓа пролет. А тогаш сè се менува. Граѓаните тоа веќе го знаат. Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација. Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска наставаИзминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок. Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема. ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар. Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците. Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава. За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи. Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара. Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината. Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата годинаПодатоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август. Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика. Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.Тагови: угостителски услуги Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook