Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаСајкоски од Битола: Граѓаните на локалните избори ќе ја казнат неспособноста на СДСМГраѓаните на локалните избори ќе ја казнат неспособноста, негрижата и лагите на владата на СДСМ, вели Сајкоски.Власта излажа многу работи, меѓу кои оџакот кој требаше да биде изграден на РЕК Битола за кој излажаа, кажуваа дека ќе има реконструкција на РЕК Битола сега велат дека ќе го затворат, во Битола требаше исто да се направи подобра инфраструктура, имаше и ветувања дека ќе се подобрат влезовите на градот, како и дека ќе биде изграден магистралниот град Градско-Прилеп-Битола за европска Битола, но од сето тоа во изминативе четири години не видовме ништо, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски вечерва на трибина во Битола. Сајкоски, пред битолчани спомена дека ниту даденото ветување за изградба на Клинички центар во Битола актуелната влада не го реализирала, укажувајќи дека нивната неспособност, негрижа и неработа резултирала со починати 5.600 граѓани или како што рече тој еден град во Македонија помалку. За Битола, сегашната власт вети и други проекти кои што се однесуваат на здравството, но ние видовме како тие работат во делот на здравствениот сектор бидејќи нивната негрижа доведе ние да имаме еден град помалку во Македонија односно 5.600 луѓе помалку денес и тоа само поради нивната негрижа. Тоа е резултат за нивната неработа, а ветуваа тука дека ќе направат Клинички центар во Битола, вели Сајкоски. Сајкоски истакна дека ваквото владеење на владата на СДСМ може да се казни на следните локални избори. Ваквата власт мора и може да се казни само на избори, затоа заеднички вие, ние и сите заедно на следните локални избори ќе донесеме победа и тука во Битола и победа во Македонија, порача тој. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделникОткако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5. Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветТрамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САДПретседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.Важен историски момент -вака беше оценката од официјална Москва откако Трамп на само два дена пред стапувањето на сила ги замрзна санкциите односно го суспендираше спроведувањето на новите санкции против Русија, вклучително и високите царини за земјите што купуваат руска нафта и гас. Одлуката е донесена по договорот кој го имаа Трамп и Путин, стотици илјади руски дизел да биде досатпен на САД и светскиот пазар односно првично во најкус можен рок да има околу 300 илјади тони. Претседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија. „Му доставив на Конгресот потврда дека ваквото изземање во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави“, Трамп Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русијаа не е заинтересирна за мировни преговори и го критикуваше договорот за извоз на руски дизел со оценка дека ова само ќе ги наполни џебовите на Путин за финансирање на војната проитв Украина. Зеленски запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп, го користи како „жртвено јагне“ за своите проблеми, неговиот одмор ги насмеа присутните новинари. -Ова е мојот одговор Францускиот претседател Макрон за постапката на Трамп рече дека само се поткопува довербата и дека Европа нема да ја напушти поддршката кон Украина -Со ова се ипраќа негативна порака и се предизвикува недоверба. Затоа мислам дека не е корисно што ќе се трудам да го објаснам дека треба да се работи на корисни мерки за да се намалат цените на горивата.- Володимир Зеленски Европската Унија подготвува пакет санкции против Русија, со порака дека економскиот притисок врз Москва. А дека Путин не ја запир авојната покажува и најновиот напад каде најмалку осум лица загинаа а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаБугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во МакедонијаБугарската полиција има сознанија како Ива Михаилова ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија, но во моментов не ги открива. Шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов во интервју за бугарските медиуми кажа дека во интерес на истрагата повеќе детали не соопштува околу тоа од кој граничен премин Михаилова поминала, но беше категоричен дека не е извршен никаков прекршок од страна на бугарските гранични власти. -Јас имам сознанија како за тоа како Ива Михаилова стигнала во Бугарија. Не можам да коментирам моментално. Можам да ве уверам дека нема никаков прекршок кај бугарските гранични премини во врска со тој случај. Ние веќе пративме официјален одговор до македонските власти дека запис во системот за гранична контрола низ бугарско-македонските гранични премини нема, изјави Антон Златанов за Нова.бг. Неколку дена по соопштението од бугарското министерство за внатрешни работи во кое тие цитирајќи делови од уставот и европските конвенции навестија дека нема да и ја предадат Михаилова на Македонија, директна потврда стигна и од првиот човек на бугарската полиција Иван Демерџеив во поткаст интервју кој со провокативна изјава, случајно или не, македонските власти ги нарече „српски“ и беше дециден дека Бугарија нема да ја екстрадира Михаилова. -Ива Михаилова не е барана од нас. Нашата дирекција за меѓународно оперативна соработка го доби барањето таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен. Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е бугарска државјанка, така што ние ги применивме соодветните процедури и закони и ниту ја баравме, ниту ќе ја предадеме. -Случајно ли кажавте „српските власти“ или беше грешка? Беше грешка, но ќе кажам дека и не е толку голема грешка.- Иван Демерџиев - бугарски министер за внатрешни работи По изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи, дел од аналитичарите не очекуваат од бугарските власти брза разрешница на овој случај. Според Марко Трошановски јасно е дека Бугарија не планира да ја екстрадира Михаилова, а преземањето на случајот од бугарските институции и нејзиното третирање како невина личност и жртва на политички прогон според него сериозно ја нарушува меѓусебната доверба, иако смета дека Македонија не смее да се откаже од намерата за дијалог. -Мислам дека беше сериозен удар овој случај врз обидите за возобновување на довербата меѓу двете земји. Свечениот официјален пречек на осомничена личност во Македонија мислам дека сериозно ги подгрева обидите за градење на доверба. Не очекувам дека ќе има разрешница во смисла за екстрадиција. Од страна на Бугарија и особено денешната изјава на министерот за внатрешни работи мислам дека нема намера овој случај да претставува на градење на доверба доколку се случи екстрадиција, изјави Трошановски. Сепак, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето одговорност за случајот со Ива Михаилова. Оттаму изјавија дека дека Македонија располага со механизми преку кои случајот може да биде поставен пред меѓународните партнери, а околностите околу нејзиното заминување, како и случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook