Бугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во Македонија - Канал 5

Бугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во Македонија

Бугарската полиција има сознанија како Ива Михаилова ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија, но во моментов не ги открива.

Бугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во Македонија

Шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов во интервју за бугарските медиуми кажа дека во интерес на истрагата повеќе детали не соопштува околу тоа од кој граничен премин Михаилова поминала, но беше категоричен дека не е извршен никаков прекршок од страна на бугарските гранични власти.

-Јас имам сознанија како за тоа како Ива Михаилова стигнала во Бугарија. Не можам да коментирам моментално. Можам да ве уверам дека нема никаков прекршок кај бугарските гранични премини во врска со тој случај. Ние веќе пративме официјален одговор до македонските власти дека запис во системот за гранична контрола низ бугарско-македонските гранични премини нема, изјави Антон Златанов за Нова.бг.

Неколку дена по соопштението од бугарското министерство за внатрешни работи во кое тие цитирајќи делови од уставот и европските конвенции навестија дека нема да и ја предадат Михаилова на Македонија, директна потврда стигна и од првиот човек на бугарската полиција Иван Демерџеив во поткаст интервју кој со провокативна изјава, случајно или не, македонските власти ги нарече „српски“ и беше дециден дека Бугарија нема да ја екстрадира Михаилова.

-Ива Михаилова не е барана од нас. Нашата дирекција за меѓународно оперативна соработка го доби барањето таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен. Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е бугарска државјанка, така што ние ги применивме соодветните процедури и закони и ниту ја баравме, ниту ќе ја предадеме. -Случајно ли кажавте „српските власти“ или беше грешка? Беше грешка, но ќе кажам дека и не е толку голема грешка.- Иван Демерџиев - бугарски министер за внатрешни работи

По изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи, дел од аналитичарите не очекуваат од бугарските власти брза разрешница на овој случај. Според Марко Трошановски јасно е дека Бугарија не планира да ја екстрадира Михаилова, а преземањето на случајот од бугарските институции и нејзиното третирање како невина личност и жртва на политички прогон според него сериозно ја нарушува меѓусебната доверба, иако смета дека Македонија не смее да се откаже од намерата за дијалог.

-Мислам дека беше сериозен удар овој случај врз обидите за возобновување на довербата меѓу двете земји. Свечениот официјален пречек на осомничена личност во Македонија мислам дека сериозно ги подгрева обидите за градење на доверба. Не очекувам дека ќе има разрешница во смисла за екстрадиција. Од страна на Бугарија и особено денешната изјава на министерот за внатрешни работи мислам дека нема намера овој случај да претставува на градење на доверба доколку се случи екстрадиција, изјави Трошановски.

Сепак, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето одговорност за случајот со Ива Михаилова. Оттаму изјавија дека дека Македонија располага со механизми преку кои случајот може да биде поставен пред меѓународните партнери, а околностите околу нејзиното заминување, како и случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Пет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Нов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. 

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер