Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
2Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелигенција
МакедонијаАкција за решавање на проблемот со питачењето во центарот на СкопјеДосега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца.-Ние сме инспектори за малолетници, тука сме заради децата. Тука и Центарот за социјални работи, Министерството за труд и социјална политика, ќе мора да дојдете со нас! Вака, тим од социјални работници и полициски службеници ги пресретнуваат питачите низ Скопје, ги земаат и возрасните и децата, ги идендификуваат и започнува постапката. Прво, во полициска станица или за децата преглед во болница, а потоа се „чешла“ документацијата за да се утврди дали затекнатите питачи имаат примања или некој вид на помош од државата. Досега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца. -Дали користите социјална помош? Сега пуштив, да. За што? За социјална помош. И Ви одобрија? Да. Колку деца имате? Седум. Ова е седмото дете. Да. Каде се другите деца? Дома ми се. Акцијата деновиве се спроведува во и околу старата скопска чаршија, Дебар маало, и центарот на метрополата....освен на крстосниците, додека тимот се движи, се застанува и низ тротоарите. Кој и да е затекнат со пружена рака како проси, се проверува. -Не смеете на јавна површина да просите. Застанав само таблети да пијам. Господине, Ве молам лична карта. Иако полициските службеници во цивилна облека правеа обиколки за да утврдат дали станува збор за питачи или не, некои од оние што денеска беа забележани дека питачат ги убедуваа полицајците и инспекторите дека седеле на картон зошто им се вртело во главата. -Ми се вртеше, да се напијам апче. Пензионерот што беше затекнат на Бит пазар со возило од Центарот за социјална работа заедно со придружба беше однесен во полициска станица. -Невладините организации за заштита на правата на децата, а и Народниот правобранител со години алармираат дека државата мора да има функционален систем за помош на децата на улица. Овој пат, за разлика од минатото, надлежните велат дека токму таков имаат. Децата што ќе бидат отстранети од улица прво се носат во болница, за да им се обезбеди детален преглед, а во меѓувреме се лоцираат родителите, кои добиваат опомена и влегуваат во записник кој нотира злоупотреби на деца. Доколку истото дете два пати биде фатено како питачи, се одзема родителсткото право, односно тоа се носи во центар за деца или згрижувачко семејство. Надлежните уверуваат дека ова нема да биде само еднократна акција, туку ќе стане рутинска пракса, со цел ниту едно дете да не остане на улица, а сите да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес за да научат дека можат да имаат поинаков живот од оној што им го пружа улицата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДојави за бомби во ТВ станиците низ Европа: Часовникот отчукува„Часовникот отчукува“ закани за бомби беа испратени до телевизиски станици низ цела Европа, што доведе до евакуации и прекини на програмите.Предупредувањата беа испратени до ирскиот јавен радиодифузер РТЕ, британскиот Скај, бугарскиот приватен радиодифузер Нова ТВ и други, соопштија компаниите. Лажни аларми Не се пронајдени бомби на ниту една од засегнатите локации. Предупредувањата следат по серија лажни закани за бомби што ги прекинаа патничките летови од Србија и Финска до Шпанија и пошироко во последните денови, предизвикувајќи пренасочувања на летови, принудни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозиви. Предупредувањата доаѓаат и во време на растечка вознемиреност поради хакерските измами во последните недели, вклучително и кибер напади врз малопродажни синџири. „Сакаме светот да слушне за нас, затоа еден од нашите оперативци постави експлозивна направа во вашата зграда“, пишуваше во еден е-мејл испратен до Нова и РТЕ во петокот. „Ќе детонира за 45 минути. Часовникот отчукува.“ „Порака до Западот“ Засега не е познато кој стои зад лажните извештаи. Е-поштата испратена до РТЕ и Нови беше потпишана со името Михаил Андропов, со порака во која се наведува дека авторот е еден од водачите на групата одговорна за лажните аларми во авионите оваа недела. „Но, ова е само почеток. Она што се случи оваа недела е само мал дел од она што ја очекува Европа во блиска иднина“, се додава во пораката. Наводниот автор го дели презимето со Јуриј Андропов, поранешниот генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Насловот на е-поштата „ПОРАКА ДО ЗАПАДОТ“ алудира на насловот на биографијата на Андропов насловена како „Нов предизвик за Западот“. Не е јасно дали ова е знак за руска вмешаност или обид за префрлање на вината на Москва. Ирскиот премиер Михаил Мартин рече дека безбедносните агенции во Европа сè уште не утврдиле дали заканите за воздушниот сообраќај и медиумските организации доаѓаат од поединци или биле дел од координиран напад.Тагови: бомби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook