3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелигенција
МакедонијаРепортажа од предизборна Брвеница: Симбол за соживот и прибежиште за жителите од урбаните средини Сместена во Полошката котлина, во непосредна близина на Тетово, Брвеница за дел од граѓаните значи место за мирен и едноставен живот, подалеку од градскиот метеж. Иако во земјава, луѓето се почесто од помалите места мигрираат во градовите, во потрага по подобри можности, жителите на Брвеница раскажуваат за обратен тренд -луѓе кои од градот ги продаваат своите станови и се преселуваат токму овде, каде велат имаат поквалитетен живот, повеќе простор, почиста средина и можност да живеат поблиску до природата. - Точно е тоа дека од градот доаѓаат тука и ова сега не е село е урбана населба. – Зошто е тоа така? Блискоста до градот, урбанизираноста, младите жители и културно забавниот живот, спортскиот живот и така натаму. - Еве јас сум во Тетово, јас сум живеел во Тетово пред судот. И дојден сум овде сум скоро 24 години седиме овде. Што ве натера да се преселите овде? Помирно е да ви кажам почисто и се тоа. - И поблизу што е до Тетово. Таму го продаваат станчето, ќе земат овде 500 квадрати место ќе посее пипер, патлиџан нешто и тоа. Со десет населени места и жители од различни етнички заедници, Општина Брвеница важи за средина во која соживотот е важен дел од секојдневието. Според Пописот од 2021 година, во општината живеат 54% Албанци и 41% Македонци. Покрај мирниот начин на живот, ваквата мултиетничка средина, соживотот и меѓусебното почитување се меѓу темите за кои зборуваат жителите, очекувајќи тие да бидат сочувани и негувани и за идните генерации. - Јас потекнувам од с,Челопек од мешана населба. Имаме добар соживот почитување и разбирање - Добар соживот има, добро е се многу убава е Брвеница. Има од повеќе места дојдени од ваму таму, народот живее и со албанците живееме добро. Пред Камерата на Канал 5 жителите на Брвеница ги кажаа и другите очекувања од новиот градоначалник. - Нека си продолжи да си ја тера својата работа. Брвеница и поголемиот дел од населените места мислам дека се завршени работите околу комуналија, водовод, канализација, асвалтирање на патишта, меѓутоа секогаш има недовршени работи па нека си продолжи таму каде што има потреба. - Што треба? Се треба да направи треба да се докаже ако сака и понатаму после да турка ако не ништо. Уште една градинка треба во село и готово. За градоначалничката функција на предвремените локални избори се натпреваруваат шест кандидати, четворица предложени од политички коалиции и двајца независни кандидати. - Во очи на утрешните локални избори овде во Брвеница, изборниот процес почна денеска. 88 болни и изнемоштени лица денеска го остваруваат своето право на глас. На потег утре се останатите гласачи, кои се очекува да излезат да го дадат своето право на глас а со тоа да одлучат кој ќе раководи со нивната општина. Од Општинската изборна комисија информираат дека гласањето на болните и изнемоштените лица се одвива во согласност со утврдените изборни процедури. -Процесот започна навремено, денеска ги подигнавме и материјалите и во состав на нашата изборна единица ќе одиме кај болните и изнемоштени лица. Процесот очекуваме да тече мирно и се во најдобар ред да биде. - Снежана Анѓелковска – општинска изборна комисија о.Брвеница Според податоците на Државната изборна комисија, во Избирачкиот список за Општина Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи, а гласањето утре ќе се одвива на 24 избирачки места. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаАвион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук. Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат. At least two dead as plane crashes onto German motorway and bursts into flames https://t.co/8KIzzR6Obu https://t.co/wTuAn8D6gK — Mirror Breaking News (@MirrorBreaking_) November 6, 2026 Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период. Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.Тагови: авион автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот системМиле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект. „Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков. Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно. „Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде: „Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрганизиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до БитолаНародната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства. Распоредот и местата на поаѓање се следниве: Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот; Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот; Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook