3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
1Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
СветСАД со предупредување до ХезболахАмериканските власти го предупредија Хезболах дека Вашингтон нема да го спречи Израел да го нападне проиранското шиитско движење, објави „Политико“ повикувајќи се на неименувани извори од администрацијата на САД.- Пораката е смислена со цел шиитската милиција да се повлече и да ја деескалира кризата која се подготвува долж израелско-либанската граница. Американската порака е: Не сметајте на нашата помош доколку Израел реши да нападне, наведува „Политико“. Двајца неименувани американски функционери изјавија за „Политико“ дека Хезболах исто така мора да разбере дека Вашингтон ќе му помогне на Израел да се одбрани, ако шиитското движење возврати. Тие нагласија дека милитантната група не треба да смета дека САД ќе дејствува како кочница во израелското носење на одлуки. Хезболах се наоѓа на американската листа на терористички организации. Специјалниот пратеник на САД, Амос Хохштајн и други американски официјални претставници изминатите денови го посетија регионот во обид да ги смират тензиите. Израел и Хезболах се вклучени во конфликт на ниско ниво со месеци, со размена на оган и целни операции по терористичкиот напад на Хамас врз Израел и израелската одмазда во Појасот Газа. Конфликтите меѓу Хезболах и Израел се интензивираа изминатите неколку недели откако се намали интензитетот на израелските операции во Појасот Газа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаА1 Македонија со нова припејд понудаА1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците Нови двонеделни пакети со неограничени разговори и до пет пати повеќе интернет во постоечките пакети, без промена на нивните цени. *Активација на eSIM по цена од 49 денари. – А1 Македонија ја унапредува својата припејд понуда со нови пакети, повеќе мобилен интернет и неограничени национални разговори. Новата понуда им овозможува на корисниците поголем избор во согласност со нивните комуникациски потреби. Од денес, новите и постоечките А1 припејд корисници имаат на располагање два нови двонеделни пакети. Истовремено, постоечките неделен и месечен пакет вклучуваат значително повеќе интернет, без промена на цените. Новите двонеделни пакети, со важност од 14 дена, вклучуваат: Двонеделен пакет S – 5 GB национален интернет и неограничени национални разговори за 199 денари. Двонеделен пакет M – 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB интернет во земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари. Сите нови припејд корисници кои ќе активираат нова А1 SIM картичка од 19 ноември 2026 година ќе добијат автоматска активација на Двонеделниот пакет M по првиот повик со траење од 14 дена. Активацијата на новите двонеделни пакети е достапна преку SMS, апликацијата Мојот А1 или во продажните места на А1. Повеќе интернет по истите цени добиваат и корисниците на постоечките неделен и месечен пакет: Неделниот пакет вклучува пет пати повеќе интернет, односно 5 GB наместо досегашниот 1 GB, неограничени национални разговори и SMS, за 149 денари, со важност од 7 дена. Месечниот пакет XL вклучува 30 GB наместо досегашните 10 GB, неограничен интернет за социјални мрежи и неограничени национални разговори и SMS, за 499 денари, со важност од 30 дена. Дополнителна поволност е новатацена на А1 Припејд дигитална eSIM картичка од 49 денари, наместо редовните 399 денари, за корисниците кои ќе изберат активација преку www.a1.mk. Со унапредената припејд понуда, А1 Македонија одговара на растечките потреби на корисниците за мобилен интернет со повеќе вредност, поголема флексибилност и слобода во изборот на услуги без договорна обврска. Повеќе информации за новата припејд понуда се достапни на www.a1.mk. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија го повлекува ветото за преговорите на Украина со ЕУУнгарија денес ги повлекува своите приговори за последните два преговарачки кластери за пристапување на Украина во Европската Унија, потврдија дипломати. Ова го отвора патот за Киев и Молдавија да започнат преговори за сите поглавја за членство во ЕУ, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Два дипломатски извори потврдија дека Унгарија планира да се откаже од своето вето за отворање на последните два преговарачки кластери со Украина, на состанокот на амбасадорите на ЕУ. Овој потег го најави Андраш Биро-Наѓ, унгарскиот државен секретар за прашања поврзани со ЕУ, за време на дебатата за проширувањето што му претходеше на вчерашниот состанок на Советот за општи работи во Брисел. Долго време, Будимпешта ја блокираше кандидатурата на Украина, а со тоа го попречуваше и отворањето на преговарачките кластери. Ветото, исто така, го запре напредокот на Молдавија, чиј процес на пристапување е сè уште поврзан со оној на Киев. Ставот на Унгарија се промени откако Петер Маѓар ја презеде власта од Виктор Орбан, кој владееше 16 години. Првиот преговарачки кластер беше отворен во јуни, вториот во јули, а следните два – во октомври. Минатиот месец, Киев и Будимпешта постигнаа договор во врска со правата на унгарското малцинство во западна Украина, кој потоа беше одобрен од украинскиот парламент. По ова, унгарската влада беше подготвена да го направи следниот чекор, но сепак го одложи отворањето на последните два кластера за уште неколку недели. Поради повеќегодишната антиукраинска реторика за време на ерата на Орбан, ваквата одлука стана политички чувствителна на внатрешен план. Унгарскиот премиер Маѓер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одржаа својата прва билатерална средба на 16 октомври во Брисел, на маргините на самитот на Европскиот совет. Оваа средба претставува дополнителен чекор кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји. Откако Унгарија официјално ќе го повлече своето вето во петок, Украина и Молдавија ќе можат да ги отворат сите преговарачки кластери. Тие вклучуваат некои од најосетливите поглавја, како што се оние што се однесуваат на животната средина и земјоделството. За Киев, земјоделството ќе биде особено предизвикувачка тема. Под притисок од земји како Полска и Франција, Европската комисија предложи ограничување на пристапот до фондовите на ЕУ и до европскиот пазар за одредени украински земјоделски производи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцнаСДС и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата.Толку од наводната итност на СДС и Филипче, толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДС и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДС и Филипче. Филипче и СДС не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година. Тогаш СДС и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка. Зошто СДС и Филипче тогаш молчеа? Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција? Филипче и СДС не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата. Не може СДС во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter