САД, НАТО, ЕУ го поздравија високиот процент на поддршка на договорот со Грција, ЕУ и НАТО

Американскиот Стејт Департмент, НАТО, Европската Унија , Грција, Бугарија го поздравија  високиот износ на поддршката на договорот со Грција  но и за ЕУ и НАТО .

Американскиот Стејт департмент ги поздрави резултатите од вчерашното референдумско изјаснување. Во соопштението се вели дека граѓаните изразија поддршка за членството во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, Стејт департментот ги повикува лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции.

Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли порача дека излезноста на повеќе од 600 илјади граѓани е сериозна бројка која покажала дека земјава сака да оди кон ЕУ и НАТО.

Следниот чекор во имплементацијата на овој договор е да влезе во Собранието и во тој контекст се надеваме дека лидериче и пратениците ќе ги тргнат настрана политичките разлики и ќе ги стават пред се интересите на земјата и ќе го искористат овој историски момент кој ќе помогне да се осигура днината на земјата во семејството на европските институции. Нешто што граѓаните на оваа земја го воочија по независноста во 1991ва.

Слична е пораката и во заедничката изјава на Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Велат дека огромно мнозинство од оние кои го искористија правото на глас рекоа ДА за Преспанскиот договор за името и за веропскиот пат.

Парламентот треба да ги продолжи следните чекори за спроведување на Спогодбата за името со одлука за изгласување на уставните измени. Сега сите политички и институционални чинители треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички ставови.

Дека вратите на НАТО остануваат отворени за Македонија напиша и генералниот секретар на Алијансата Јенс Стојтенберг на Твитер, притоа наведувајќи дека претходно сите национални процедури мора да се завршат.

Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика.

И Бугарското МНР преку соопштение наведе дека над 90 отсто од оние кои гласаа на референдумот експлицитно ја изразија желбата земјава да биде дел од европската и евроатлантската заедница, но и дека губењето време не е од корист нуту за земјава ниту за регионот. Ситуацијата во Македонија по референдумот внимателно ја зледи и Кремљ. Во изјава Димитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, порача дека сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите.

Телефонски разговор доцна синоќа и помеѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Според агенцијата АНА – МПА, за време на разговорот, Ципрас го пофалил Заев за неговата одлучност и храброст да продолжи со спроведувањето на договорот.

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

 Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна денеска во Кина, соопштија претставници од Пекинг за кинеската централна телевизија.

„Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, пристигна во Пекинг попладнево на покана на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија“, објави кинеската централна телевизија.

Посетата не беше однапред најавена.

Според западни медиуми, Маск ќе се сретне со високи претставници на кинеската влада за да разговара за имплементацијата на софтверот за автоматизирано возење и да побара одобрение за пренос на податоците собрани во земјата за обука на алгоритми за технологии за автономно возење.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер