АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа вечерва пораз на домашен терен од Спартак Суботица со 73-78 во првиот полуфинален натпревар од плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Актуелниот македонски шампион влезе во завршницата на третата четвртина со предност од 55-50, по уследи пад во играта и серија на противникот од 11-2.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја резултатски да се вратат до крајот на натпреварот и со негатива од пет поени ќе патуваат на реваншот во Суботица идната сабота.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 20 поени.

Во второто полуфинале Подгорица триумфираше на првиот натпревар на домашен терен над Војводина со 98-80 пред реваншот идниот четврток во Нови Сад.

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст

Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог

Србија и Косово треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија, соопшти прес-службата на Европската комисија, пренесе Бета.

„Нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни. И Србија и Косово ризикуваат да изгубат важна можност поради недостаток на напредок“, рече еден од портпаролите на Европската комисија за РСЕ.

Во писмената реакција од прес-службата на Европската комисија, се наведува дека конструктивниот ангажман во нормализацијата на односите подразбира целосно спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите.

ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ на шесторкста од тој регион.

За Србија и Косово, исто така, постои предуслов - „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори./МИА

Пратениците во парламентот на Србија изгласаа измени на Законот за избирачкиот список

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета.

Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на Народното собрание на Србија во меѓународните парламентарни институции. /MИА

Баер им нуди на навивачите бесплатни тетоважи

Специјална акција на крајот на специјалната сезона. 

Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.

„Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа“, стои во соопштението на клубот.-

Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година.

Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн. /МИА

притисни ентер