Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина - Канал 5

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

 Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна денеска во Кина, соопштија претставници од Пекинг за кинеската централна телевизија.

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

„Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, пристигна во Пекинг попладнево на покана на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија“, објави кинеската централна телевизија.

Посетата не беше однапред најавена.

Според западни медиуми, Маск ќе се сретне со високи претставници на кинеската влада за да разговара за имплементацијата на софтверот за автоматизирано возење и да побара одобрение за пренос на податоците собрани во земјата за обука на алгоритми за технологии за автономно возење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Институциите ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен да го објави извештајот за водата во Гостивар

Од институција до институција се префрла одговорноста кој треба да го објави официјалниот извештај за квалитетот на водата во Гостивар и зошто тој сè уште го нема пред јавноста. 

Институциите ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен да го објави извештајот за водата во Гостивар

Иако водата веќе е прогласена за безбедна за пиење, останува нејасно кој треба да ги објави целосните анализи и документот врз основа на кој е донесена таквата одлука.

На денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека на 20 август ресорното Министерство треба да излезе со извештај за епидемиолошката состојба во Гостивар, но не и со извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод.

– Самите резултати од испитувањето на водата се сопственост на Јавното комунално претпријатие од Гостивар и на Град Гостивар. Она што Министерството ќе го објави се резултатите кои беа релевантни за епидемијата, а тоа е од 1 јануари 2026 до врвот на епидемијата. Бидејќи тоа се дневни контроли на водата, не гледам ништо спорно да бидат објавени и од Јавното комунално ретпријатие и од Центарот за јавно здравје од Тетово – рече Клековски.

Клековски посочи дека основната заложба на Министерството е од епидемијата да се излезе транспарентно и со јасни одговори пред граѓаните, но и со научени лекции, бидејќи, според него, одговорноста за случувањата во Гостивар ја делат повеќе институции.

„Канал 5“ денеска побара одговор и од ЈП „Комуналец“ Гостивар – кога и дали ќе биде објавен официјалниот извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод. До објавувањето на прилогот, од претпријатието не добивме официјален одговор.

Од Центарот за јавно здравје – Тетово, пак, за „Канал 5“ велат дека резултатите од испитувањата што редовно ги вршат ги доставуваат до Кризниот штаб и до надлежните институции, меѓу кои ЦУК и АХВ.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објаснува дека Кризниот штаб има координативна улога, додека АХВ и другите надлежни институции се тие што носат одлуки за воведување или укинување на забраните за користење на водата и ги објавуваат релевантните извештаи.

Паралелно, Обвинителството активно истражува како дошло до загадувањето. Истражна постапка е отворена против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, како и против техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи.

-Истрагата за загадувањето на водата продолжува. Обвинителството прибира и анализира материјални докази и испитува сведоци. Финансиската полиција ја проверува документацијата за финансирањето и трошењето на средствата од проектот за водоснабдување, а се истражуваат и наводите за претходни загадувања на водата.

-По истекот на првичните 30 дена, ОЈО Гостивар ќе бара продолжување на мерката притвор за осомничените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување

Состојбата со сипаници кај малите преживари е загрижувачка - и по низа состаноци вакцини се уште нема, сточарите бараат итно решение на проблемот бидејќи велат секојдневно има појава на нови жаришта.

Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување

Досега како што посочија од Сојузот на одгледувачи на овци, ококлу 40 семејства се без егистенција, откако поради болеста угинати биле околу 10 илјади овци и со тоа уништени се околку 40 до 50 стада.

Бараат државата час поскоро да организира безбедна вакцинација на овците, бидејќи како што посочија дополнителен ризик според нив е и фактот што одредни сточари ги носеле грлата на добиточен пазар без да знаат дали се заболени или не, како и преиспитување на обештетувањето кое во моментов велат е многу ниско.

„Финансиските загуби се многу големи. Таа стада веќе една година две не можед а се врати како што била и затоа бараме од Владата што побрзо да се обештетутваат тие луѓе за си ги вратат овците. И онака имаме проблем веќе никој не скаа да чува овци веќе и мислма ова е крај на сточарството. Сега имаме околу 7 д о 10 илјади овци можеби и повеќе пошто секој ден има нови жаришта.“- Насер Џемаили – прет. на Сојуз на одгледувачи на овци

„Од тие овци живееме цела фамилија. Што ќе правиме ние и да ни ги обештетат за срамотни 100 денари по кило па ние не ги носиме на пазар за да ни ги платат по 100 денари од кило. Нашите овци ние ги чуваме за егзитенција.“ - Елми Заќири – одгледувач на овци

Земјоделието во Македонија се уништува со децении – оценуваат сточарите и побараа државата да направи долгорочна наместо краткорочна стратегија, како и отоврање на нови пазари за извоз.

„Што значи за Македонија има извоз 4 пати поголем на јагниња од овој. Колку ќе допринесеме во БДП. Колку ќе допринесеме во прилив на девизи. Така да сериозно треба да се разгледа оваа ситуација и кризта во сточарството која трае со години.“- Милена Величковиќ – одгледувач на овци

Од агенцијата за храна и ветеринарство и министерството за земјоделие очекуваат деновиве да пристигнат вакцини како донација од Турција, а велат се разговара и со ЕУ за дополнителни количини... од Агенцијата посочуваат дека нивните тимови се континуирано на терен, ја следат состојабта со болеста и навремено се превземаат сите мерки....

„Во соработка со турската амбасада уште минатата недела испративем барање, една од вакцините која е безбедна и одговара очкеуваме 500 илјади вакцини да стигнат. “-Оливер Миланов – АХВ

Дополнително, по информациите дека одредени сточари самостојното набавувале и аплицирале на вакцина, од реосорното министерство и АХВ преудпредија дека се што е без претходно одобрение од Агенцијата ќе биде соодветно санкционирано согласно важечките прописи, и дека во таков случај сопствениците нема да имаат право на компензација за забоелните животни ниту обештетување, бидејќи неконтролираната примена на вакцини велат може да го отежне епидемиолошкото следење и да создаде дополнителен ризик за стадата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести

Вирусот Западен Нил ја зема третата жртва.

Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести

Жител на Драчево на 61 годишна возраст ја загуби битката за живот по дијагностицирана тешка, невроинвазивна форма на болеста, односно, воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Имал голем ризик од компликации од западно нилска треска поради повеќе тешки хронични заболувања помеѓу кои изразена дебелина, висок крвен притисок, срцеви проблеми и дијабет, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Досега во Македонија има регистрирано 35 заразени, сите со тешка форма, шестмина се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, но 15 се веќе излекувани и пуштени дома. Она што ги загрижува лекарите, е што се намалува старпосната граница.

Додека деновиве се прска по копно од страна на надлежните откако се мапирале местата каде што се смета дека комарците ја пренеле заразата, здравствените власти апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките. Освен самите да се заштитуваат од убоди, да нема застоени води во дворовите бидејќи токму тие се местата каде што комарците најмногу се размножуваат. Граѓаните од општините каде веќе е прогласена епидемија треба да добиваат и СМС пораки со насоки за постапување од Институтот за јавно здравје.

Министерот за здравство Сашо Клековски и лично апелираше до граѓаните - доколку на улица видат угината дива птица да пријавуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство за надлежните да можат да потврдат дали кај нив била присутна западно нилска треска. Дивите птици се сметаат за своевиден резервоар на вирусот бидејќи комарците се инфицираат од нив, а потоа со убод го пренесуваат на човекот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер