ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал - Канал 5

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја потврди тајната размена на авиони, излегол во возило за достава на храна

Претседателот на САД  Доналд Трамп потврди дека минатиот месец, заминувајќи од самитот на НАТО во Турција, тајно го сменил авионот поради можна закана.

Трамп ја потврди тајната размена на авиони, излегол во возило за достава на храна

Оваа информација се појави по извештаите во медиумите дека на 8 јули Трамп се качил во „Ер Форс 1“ пред камерите, но потоа тајно бил префрлен во друг воен авион, пренесува Би-би-си.

„Ја слушам Тајната служба и војската. Тие сакаа да летам со друг лет, со друг авион“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи: „Едноставно морам да го правам она што ќе ми го кажат“. Замената на авионот покрена прашања за тоа дали луѓето што останале во авионот-мамка биле изложени на ризик.

Во вторникот, Трамп тврдеше дека воениот авион во кој се качил бил оној што бил изложен на „поголем ризик“.

Официјални лица изјавија за CBS News дека САД располагале со информации за сериозна закана од Иран за соборување на авионот со ракета.

„Њујорк тајмс“ известува дека американските разузнавачки служби имале информации за лице забележано со пренослив ракетен фрлач во близина на местото каде што се одржувал самитот. Новинарите и дел од персоналот на Белата куќа, кои патувале со првобитниот авион, не знаеле дека претседателот бил тајно преместен како дел од операција за справување со заканата.

Трамп претходно изјави дека бил „цел број еден“ на Иран за време на самитот во Анкара.

„Изгледа дека постоеше некаква закана“, рече претседателот во вторникот за време на посетата на Охајо, каде што патуваше со претседателскиот авион „Ер форс 1“. „Не поставував многу прашања за тоа. Постојано добивам закани.“ Тој исто така напомена дека добива „многу закани за кои луѓето дури и не знаат“.

Тајниот маневар бил изведен дента откако САД ги продолжија воените напади врз Иран, по пропаѓањето на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран чија цел беше ставање крај на конфликтот.

Трамп пристигна во Турција со поновиот модел „Боинг 747-8“, дониран од Катар, но најави дека ќе замине со постариот авион „Ер форс 1“ – „заради старите времиња“. На снимките од 8 јули се гледа како тој се качува во претседателскиот авион на аеродромот во Анкара. Сепак, според „Вашингтон пост“, Трамп потоа незабележливо излегол од авионот и преминал во камион за кетеринг, кој бил подигнат до нивото на вратата на спротивната страна од онаа низ која влегол.

Оттаму, тајно го префрлиле во помал воен авион од типот C-32A.

Станува збор за модифициран „Боинг 757“ што често го користи потпретседателот. Министерот за одбрана Пит Хегсет влезе во C-32A одделно, преку надворешни скали, за летот да изгледа вообичаено. Новинарите и дел од персоналот на Белата куќа се качиле во „Ер Форс 1“ (Air Force One) и добиле инструкции да ги спуштат ролетните на прозорците.

Тие не знаеле дека претседателот веќе не е со нив. Технички, „Ер Форс 1“ е ознака за комуникација (callsign) за секој авион во кој се наоѓа претседателот на САД.

Во овој случај, авионот C-32A ја користел ознаката „Reach 18“, додека авионот со новинарите продолжи да лета под ознаката „AF1“ за да се одржи измамата.

Членовите на кабинетот на Трамп останале во првобитниот авион.

„Њујорк тајмс“ се повикува на два анонимни извори и наведува дека меѓу нив биле државниот секретар Марко Рубио и министерот за финансии Скот Бесент. Потоа, Трамп одлета за Обединетото Кралство на пат кон САД. Таму повторно се качил во стариот „Ер Форс 1“ и бил виден како излегува од тој авион по слетувањето во базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Милденхол.

Не е точно познато како тој преминал од воениот авион „C-32A“ назад на постариот авион на млазен погон. Потоа, за повратот во Вашингтон, претседателот се префрлил во новиот „Ер Форс Уан“ – оној што го донираше Катар.

За време на летот назад кон Вашингтон, Трамп разговарал со новинарите и ги спомнал заканите од Иран, но не открил детали за замената на авионите.

Кога го прашале зошто новинарите на летот од Турција морале да ги спуштат ролетните на прозорците, тој одговорил: „Затоа што веројатно сте на опасен лет, со оглед на копилињата со кои си имаме работа“. Тој повторил дека неговиот живот е постојано во опасност и дека тој е „број еден“ на списокот на цели на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и на 14 август, со почеток во 9 часот..  

Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Според податоците на Државниот испитен центар, за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура.

Денеска е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик..

За другите странски јазици – германски, француски, италијански и руски кои ги полагаат само гимназијалците, за август нема кандидати, исто како и за предметот историја, кој е наменет за уметничка матура.. На 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со максимални температури од 34 до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

Сончево со максимални температури од 34 до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер