АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.
1АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.
3Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој
Други спортовиТежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтотКенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот. Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело. Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација. Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41. Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко. Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаАНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава.На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема. Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство. За две од лицата опфатени со кривичната пријава е определена мерка притвор, односно домашен притвор, а останатите три лица во моментот се на издржување казна затвор, односно мерка притвор во Казнено поправните установи за кривични дела поврзани со тероризам. Наведените активности се преземени врз основа на претходно обезбедени информации од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и информации обезбедени во рамки на меѓународната стратешка соработка. Според информациите со кои располага Агенцијата за национална безбедност, лицата како идеолошки поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“ во изминатиот период спровеле активности за воспоставување конекции со медиумски пропагандни канали на споменатата организација, но и создавање на локална мрежа преку која дисеминирале екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување на терористички активности во земјата. Како дел од групата, споменатите давале и логистичка поддршка на други лица, претходно веќе опфатени во контратерористички активности на Агенцијата. Агенцијата за национална безбедност останува посветена на својата примарна превентивна функција да работи на ефикасно и навремено попречување на ризиците и заканите по националната безбедност, со цел заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ФудбалШукер: „Гарантирам – Модриќ ќе се врати во Реал“ Легендарниот хрватски фудбалер Давор Шукер предизвика големо внимание со својата изјава дека трофејниот Лука Модриќ би можел повторно да се врати во Реал Мадрид.Во интервју за Радио МАРКА, поранешниот голгетер и еден од најголемите хрватски фудбалери зборуваше за иднината на капитенот на хрватската репрезентација, кој се соочува со важна одлука за продолжување на кариерата летово. На прашањето дали Модриќ ќе ја продолжи кариерата во Милано или Мадрид, Шукер интригантно одговори: „Мислам дека нешто ќе се случи со Реал Мадрид“. Кога новинарите директно го прашаа дали верува дека Модриќ ќе се врати во кралскиот клуб, Шукер немаше никакви сомнежи. „Тој дефинитивно ќе се врати, но не знам на кој начин. Да почекаме додека не заврши Светското првенство и ќе видиме што ќе се случи“, рече Шукер. Неговите зборови веднаш предизвикаа бројни шпекулации за тоа дали Модриќ би можел да се врати како фудбалер, тренер, клупски амбасадор или на една од функциите во спортската структура на Реал. Сепак, поранешниот хрватски репрезентативец не сакаше да открие повеќе детали. „Не можам повеќе да зборувам, пријателе. Да оставиме нешто за подоцна, не може сè да се каже“, одговори тој со насмевка. Потоа Шукер ги подгреа гласините со нова изјава: „Тој сигурно ќе направи нешто со Реал Мадрид, тоа ти го гарантирам.“ На крајот, тој уште еднаш нагласи колку го цени Модриќ, кого го смета за најголем хрватски фудбалер на сите времиња. „Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот и, секако, најдобриот што Хрватска некогаш го имала“, заклучи Шукер. За време на својата брилијантна кариера, Модриќ остави длабока трага во Реал Мадрид - одигра 13 сезони, се појави во 597 натпревари, постигна 43 гола, освои 28 трофеи (шест Лиги на шампиони). Сега останува само да се види дали навистина ќе се врати на Сантијаго Бернабеу по Светското првенство и во каква улога.Тагови: Лука Модриќ Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успехОва е прв пат откако претседателот Трамп го презеде мандатот да објавиме заедничка декларација на самитот на Г7 и да најдовме заеднички јазик за најважните прашања од надворешната политика и безбедноста на нашето време. Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. - Ова е прв пат откако претседателот Трамп го презеде мандатот да објавиме заедничка декларација на самитот на Г7 и да најдовме заеднички јазик за најважните прашања од надворешната политика и безбедноста на нашето време. Го сметам тоа за вистински успех. Тоа носи нова атмосфера, поврзана и со трансатлантското единство и решителност - рече Мерц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter