Руската телевизија „Раша тудеј“ отвора претставништво во Србија - Канал 5

Руската телевизија „Раша тудеј“ отвора претставништво во Србија

Руската државна телевизија „Раша Тудеј (РТ)“ ќе отвори свое претставништво во Србија, објавија српските медиуми, а оваа информација ја потврди и уредникот на рускиот портал Спутник во Белград.

Руската телевизија „Раша тудеј“ отвора претставништво во Србија

Станува збор за телевизија забранета од ЕУ поради „охрабрување и поддршка на руската агресија“ против Украина, објави порталот „Нова.рс“.

Главната и одговорна уредничка на рускиот портал Спутник Србија Љубинка Милинчиќ потврди дека отворањето на „РТ“ е во подготовка.

„Да, така е, сега нема да почне да работи во Србија, туку се подготвува“, изјави Милинчиќ.

Советот на ЕУ уште во март ја суспендираше медиумската дистрибуција на руските државни канали „РТ“ и „Спутник“ низ територијата на Унијата, а санкциите - според медиумските извештаи - ги опфаќаат сите средства за пренос, како што се кабелски, сателитски, „IPTV“ , ТВ платформи, веб-страници и апликации и суспендирани се сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција.

Во Брисел оценија дека овие два медиуми се важни инструменти за „охрабрување и поддршка на руската агресија“ врз Украина и дека претставуваат „значајна и директна закана за јавниот ред и безбедноста на ЕУ“.

Пратеникот во Европскиот парламент, Клемен Грошељ, за порталот „Нова.рс“ изјави дека отворањето на руската државна телевизија „РТ“ во Србија е „уште еден показател дека Александар Вучиќ ја оддалечува земјата од ЕУ“.

„Ова е страшна вест за мене. Тоа покажува дека Вучиќ сè повеќе престанува да биде проевропски политичар и станува спротивно од тоа. За жал, ова е реалноста што ја имаме во Србија“, вели Грошељ.

Тој тврди дека за време на последната дебата во ЕП, некои претставници предложиле извештајот за Србија да ги блокира и пристапните преговори и финансиската поддршка.

„По вакви работи што ги слушам, веројатно ќе се интензивира наесен. Доколку ситуацијата во Украина дополнително се влоши, сигурно ќе има официјален повик од ЕП за замрзнување на преговорите и финансиските ресурси од ЕУ за Србија“, вели Словенечкиот европратеник нагласувајќи дека е многу тешко да се оправда ставот на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва.

Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа.

„Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време.

Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

Во врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер