3Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаРСБСП започнува со зимска кампања „Вози безбедно-стигни сигурно”Зимата носи многу снежни убавини, но и бројни предизвици на патиштата. Секој снег, мраз или дожд е тест за нашата одговорност зад воланот, посочуваат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), најавувајќи ја зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со порака дека малку повеќе внимание, правилна опрема и внимателно возење можат да спасат човечки живот. Согласно Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата од 15 ноември до 15 март, задолжително е поседување на пропишана зимска опрема во возилата, а од РСБСП нагласуваат дека зимата претставува период со највисок степен на ризик на патиштата. Главните опасности за возачите, како што посочуваат во соопштението се: лизгави коловози поради снег, мраз или „голомразица“, појава која често е невидлива и особено опасна, намалена видливост поради густа магла, врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, намалена концентрација и замор на возачите. РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот да ги следат, како што посочуваат препораките кои спасуваат животи. -Следете ги информациите за временските услови на патиштата, прилагодете го возењето според условите на патот, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација, носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно, направете зимска проверка на возилото, одржувајте безбедно растојание меѓу возилата, избегнувајте нагло сопирање на возилото, избегнувајте нагло намалување или зголемување на брзината на возилото, се наведува во соопштението. Од Републички совет напоменуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото, движење со намалена брзина, која во потполност е прилагодена кон условите на патот. -Одговорноста не се мери само со почитување на законските одредби, таа се мери со ставот дека во секое возило, на секоја крстосница и пешачки премин, стојат човечки животи со свои семејства, планови и иднина. Со оваа кампања потсетуваме дека безбедноста на патиштата е заедничка обврска - само така може да изградиме култура на одговорно и безбедно однесување во сообраќајот, се додава во соопштението.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
СветПроизводството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минералиНедостигот на ретки минерали ги поттикна добавувачите во воздухопловната индустрија повторно да ги разгледаат материјалите што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намалат зависноста од Кина.Кина има речиси целосен монопол врз продажбата на ретки минерали и други материјали, како што се итриум, индиум фосфид и волфрам. Тие се користат во бројни воздухопловни и воени системи, вклучувајќи премази за млазни мотори, компоненти за турбини и полупроводнички чипови. Аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни уште неколку години за производителите на премази за воздухопловната индустрија да најдат замени за современите материјали базирани на ретки минерали или да обезбедат доволни количества од овие суровини од други извори, вклучително и од САД. Стравувањата поврзани со прекини во снабдувањето и високите цени доведуваат до преиспитување на материјалите што се користеле пред неколку децении. Всушност, овој проблем би можел да го загрози производството на компоненти за млазни мотори. „Можеме да се обидеме да ги подобриме овие материјали“ Националниот совет за истражување на Канада (NRC) – главната канадска институција за научно и индустриско истражување и развој – објави дека недостигот на ретки минерали ја поттикнува потрагата по алтернативи за премазите што служат како топлинска бариера во најжешките делови на млазните мотори. „NRC“ и неколку индустриски партнери истражуваат дали циркониум диоксидот и другите керамички оксиди – материјали што се користеле уште во 1970-тите и 1980-тите години – можат да ги достигнат перформансите на современите премази базирани на ретки минерали. „Сега, 50 години подоцна, располагаме со подобри инструменти и понапредни методи, па можеме да се обидеме да ги подобриме тие материјали“, изјави Роџерио Лима, истражувач во „NRC“. Решението нема да се најде брзо Европскиот производител на топлински премази „Oerlikon Metco“ објави дека веќе продава одредени производи што не содржат ретки минерали и дека развива нови. Тие вклучуваат премази што служат како топлинска бариера, базирани на циркониум диоксид со додаток на магнезиум оксид и калциум оксид. Некои американски добавувачи на топлински премази, исто така, истражуваат алтернативи за делови каде што употребата на такви материјали носи помал ризик, изјави извор од индустријата. Достапноста на суровини би можела да се зголеми и преку рециклирање на вишокот материјали за премази, истакна друг извор од индустријата. Сепак, таквите решенија можат само да ја намалат, но не и целосно да ја елиминираат зависноста на воздухопловната индустрија од Кина. „Дури и според најоптимистичките проценки, ќе бидат потребни години, а не месеци, за да се надмине нашата зависност од Кина во однос на снабдувањето со минерали од групата на ретки земји“, изјави Џефри Герц, поранешен функционер во Советот за национална безбедност на Белата куќа и виш соработник во Центарот за нова американска безбедност. Тоа значи дека Кина ќе продолжи да има значително влијание во трговските преговори со САД, заклучи Герц. Извор: Индекс.хрТагови: авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиУтре времето ќе биде променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
Други спортовиБобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбоксМакедонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, една од најпознатите светски организации во овој спорт.„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера потпишав договор со „GLORY Kickboxing“. Со ова не го остварувам само мојот сон, туку пишувам историја за македонскиот кикбокс. Ова е голем чекор за мене, но и врата што се отвора за сите млади македонски кикбоксери кои сонуваат еден ден да стигнат до најголемата сцена. Сакам да покажам дека со многу работа, жртва, дисциплина и верба во себе соништата можат да станат реалност. За мене ова е остварување на долгогодишен сон. Зад овој момент стојат безброј тренинзи, откажувања, падови, станувања и моменти во кои морав да продолжам и кога беше најтешко. Ова е огромна работа за мене, но и за моето семејство, кое беше со мене од самиот почеток и веруваше во мене кога можеби никој друг не веруваше. Од срце сакам да им се заблагодарам на сите кои на било каков начин ми помогнале да стигнам до овој момент на моите тренери,пријатели, луѓе кои ме поддржувале, како и на сите што верувале во мене и во мојот сон. Ова е само почеток. Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кик бокс сцена во светот🇲🇰 Сонот е остварен ,историјата е започната Јас сум првиот кикбоксер од Македонија што потпиша за GLORY. Посебна благодарност до Мајк Пасениер за дадената прилика, довербата и можноста да бидам дел од оваа голема организација.“- објави Илиоски на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Бобан Илиоски (@bobancoo) Тагови: Бобан Илиоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook