Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво - Канал 5

Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво

Триесет и деветгодишниот Роналдо има 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за Јувентус и 51 за Ал Наср.

Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо вчеравечер го постигна победничкиот гол во првиот осминафинален натпревар од азиската Лига на шампиони против Ал Феиха (1:0). За португалскиот фудбалер овој натпревар беше јубилеен - 1.000-ти на клупско ниво.

Триесет и деветгодишниот Роналдо има 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за Јувентус и 51 за Ал Наср.

Во текот на својата клупска кариера, фудбалерот постигна 746 гола, од кои 45 за Ал Наср.

Кристијано Роналдо е петкратен добитник на Златна топка. На клупско ниво, тој стана шампион на Англија три пати и ги освои првенствата на Шпанија и Италија по два пати, а пет пати ја освои и Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме - Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со директните средби со граѓаните и отчетот за преземената одговорност во Владата и Собранието.

Пред граѓаните во Велес, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката мора да биде во функција на државата и интересот на граѓаните, а не борба за позиции.

„Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за живеење и дека државата мора да се гради со работа, морал, одговорност и резултати.“ истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека отчетноста не смее да биде само политичка фраза, туку обврска на секој што ја добил довербата од граѓаните. „Ние не се криеме зад партиски фрази и дневнополитички партиски соопштенија. Она што сме го направиле ќе го покажеме. Она што не сме го направиле ќе го кажеме. А она што останува пред нас ќе го завршиме. Македонија нема време за уште едни изгубени години“ порача претседателот на ЗНАМ.

ЗНАМ е единствената политичка партија во Македонија која по две години пред граѓаните излегува со конкретен отчет за својата работа и резултатите што ги постигнала, без коруптивни скандали, афери и лични интереси зад себе. Со тоа покажуваме дека политиката може да се води поинаку, со работа, одговорност и чесност.

На панел-дискусијата свое излагање за постигнатото во изминатите две години имаа и потпретседателот на ЗНАМ и пратеник, Павле Арсоски, кој се осврна на работата на Собранието и законските решенија, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој говореше за мерките и политиките кои се спроведени за македонското земјоделство и домашното производство на храна.

Димитриевски порача дека за функционерите на ЗНАМ во Владата претстои уште многу работа, но и дека ЗНАМ ќе продолжи да биде политичка сила која ќе поддржи се што е добро за државата, но и ќе биде коректор, и ќе предлага нови сопствени решенија. Исто така ЗНАМ ќе биде отворена и за критики, сугестии и мислења од граѓаните. Затоа што ЗНАМ е формирана од граѓаните за граѓаните. За ЗНАМ Македонија е вредност, обврска и наша заедничка иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц, по изборниот дебекл пред две недели на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а раководството на неговата Це-Де-У вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати.

Особено неизвесна е ситуацијата за партијата на Мерц во Мекленбург-Западна Померанија, каде последните анкети покажуваат тесна трка меѓу Социјал-демократска апртија и екстремно десничарската алтернатива за Германија, додека Це-Де-У е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.. Во Берлин, пак, партијата на Мерц според анкетите е на второто место за германската левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција: Обвинувања за договарање со цел забавување на развојот на вештачката интелигенција.

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција

Постапката е покрената од четворица именувани тужители кои плаќаат претплата за предметните услуги за вештачка интелигенција.

Во петокот, пред суд во Калифорнија, САД, беше поднесена нова тужба во која се тврди дека водечките компании за вештачка интелигенција незаконски се координирале за да го забават развојот на технологијата за вештачка интелигенција.

Тужителите тврдат дека таквите постапки ги прекршуваат правилата за фер конкуренција, бидејќи корисниците кои плаќаат претплата за услуги како ChatGPT, Claude, Grok и Gemini можеби добиваат помала вредност за своите пари.

Според тужбата, клучниот момент на наводната координација се случил на 12 септември. Тогаш извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, објавил есеј во кој ја повикува целата индустрија да соработува за забавување на развојот на вештачката интелигенција и понатамошно зајакнување на безбедносните мерки.

Истиот тој ден, според тужителите, Сем Алтман од OpenAI, Елон Маск од SpaceX/xAI и Демис Хасабис од Google DeepMind одговориле позитивно на неговите предлози. Тужбата ја иницирале четворица именувани тужители кои се претплатени на спорните услуги за вештачка интелигенција.

Тие се стремат да го прошират случајот за да вклучат предложена национална класа на други претплатници во Соединетите Американски Држави.

Во тужбата се тврди дека договорот меѓу главните конкуренти за да се обезбеди развој на вештачка интелигенција „побавно отколку што конкуренцијата би диктирала“ има негативно - поточно, антиконкурентско - влијание врз корисниците.

Главниот адвокат на тужителите, Ник Роули, даде остри тврдења во врска со потенцијалните ризици поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

„Вештачката интелигенција брзо ќе излезе од човечка контрола и би можела да нè убие сите ако дозволиме безбедноста и протоколите на вештачката интелигенција да бидат регулирани од приватните, себични договори на најмоќните, профитни технолошки компании во светот“, рече Роули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер