Ролинг Стоунси го укинаа својот легендарен хит, поради навестување на ропство

Рок групата Ролинг Стоунс нема да ја изведе песната Браун Шагар на американската турнеја, еден од најголемите хитови на тој бенд, пишува Би -Би -Си.

Песната, која беше број еден во Соединетите држави во 1971 година, е отфрлена поради портретирање на црнки и повикување на ропство.

Гитаристот Кит Ричардс ја потврдил одлуката за ЛА Тајмс, но додал дека бил збунет од луѓето кои сакале да ја „закопаат“ песната.

„Зарем не разбраа дека ова е песна за ужасите на ропството?“ рече тој.

Пејачот и коавтор Мик Џегер, пак, за изјавил дека причината што песната нема да биде изведена е тоа што е „тешко“ да се состави одредена листа за стадионите.

"Ја изведуваме „Brown sugar“ секоја вечер од 1970 година, па понекогаш мислите: можеме да ја исфрлиме и да видиме како ќе помине. Можеби ќе ја вратиме", рече тој.

„Brown sugar“ е нивната втора најизведувана песна по хитот Jumpin 'Jack Flash, според порталот Setlist.fm. Незаборавниот воведен риф и мелодија и` обезбедија на песната огромен успех и често ги засенуваше проблематичните референци за ропство, секс, садомазохизам и хероин.

Говорејќи во интервју за списанието Ролинг Стоун во 1995 година, Џегер изјавил: „Денес не би ја напишал таа песна “.

Истанбул: Десетици приведени за време на протестите против насилството врз жените

Десетици лица се приведени во неделата во Истанбул, каде се одржа протест против насилството врз жените, објавија организаторите.

Околу 40 лица се приведени во Истанбул, според групата која себеси се нарекува „Ќе го запреме фемицидот“. Во петокот кога се одбележуваше Меѓународниот ден против насилството врз жените, полицијата приведе 200 лица, но други информации не објави.

Локалните власти ги забранија двата настани со образложение дека нивното одржување ќе го наруши мирот во градот. На групата и се заканува судска постапка бидејќи го прекршила законот и моралот со организирањето на протестот, велат од судството. Во 2021 година, Турција се повлече од Истанбулската конвенција на иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Организаторите на протестот наведуваат податоци за смртта на 300 жени годинава кои се жртви на фемицид, што е кривично дело убиство на жени и девојчиња поради нивниот пол.

Истанбулската конвенција, која беше прифатена во Истанбул во 2011 година и стапи на сила во 2014 година, е првиот правно обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Екипите на ЈПОЗМРП Скопје – “Македонија Пат” подготвени ја следат ситуацијата на патните правци

Апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Екипите на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на Магистрални и Регионални патишта – Скопје, будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои. Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег.

Воедно упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.

Јавно Претпријатие за одржување и заштита на Магистрални и Регионални патишта - Скопје

УХМР: Во утринските часови ќе провејува снег

Утре во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во вторник ќе се задржи стабилно време со негативни утрински температури. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и во четврток, велат од УХМР.

притисни ентер