Ријана позира во секси црвена тантела и латекс (ВИДЕО)

Денот на вљубените се приближува, а популарната пејачка и дизајнерка Ријана ја претстави најновата колекција на секси долна облека создадена во рамките на нејзиниот бренд Savage X Fenty по повод тој празник.

Волшебната убавица уште еднаш застана пред фотообјективот и сними декадентна рекламна кампања - позира во огнено црвен латекс и долна облека од тантела, а заводливиот стајлинг го заврши со накит вреден два милиони долари.

Ѓердани, нараквици и прстени со рубини и накит совршено се „споија“ со колекцијата на Ријана, што веднаш ги воодушеви нејзините верни обожаватели.

"Ова е токму онака како што треба да изгледа вистинска божица на љубовта! Само вие го спасивте пандемискиот Ден на вљубените!", коментираат обожавателите.

МЗ. 721 новозаболени, 1753 оздравени, 9 починати

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 .

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:

Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип - 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци - 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 3.323 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-305, Биотек-317, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-272, лабораторија Лаор–176, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-113, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1029, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)

Скопје 357, активни 3750

Куманово 17, активни 314

Прилеп 72, активни 663

Тетово 3, активни 246

Гостивар 18, активни 145

Штип 7, активни 102

Велес 20, активни 223

Кавадарци 42, активни 561

Битола 16, активни 183

Охрид 26, активни 404

Струмица 2, активни 158

Струга 8, активни 163

Кочани 12, активни 88

Кичево 4, активни 40

Неготино 30, активни 279

Гевгелија 42, активни 243

Свети Николе 1, активни 19

Крива Паланка 5, активни 106

Ресен 4, активни 47

Дебар, активни 21

Делчево 2, активни 66

Радовиш 1, активни 10

Берово, активни 30

Пробиштип 1, активни 31

Виница 3, активни 23

Валандово 4, активни 33

Крушево 10, активни 76

Богданци 7, активни 52

Кратово 1, активни 26

Демир Хисар, активни 22

Македонски Брод, активни 4

Демир Капија 2, активни 27

Македонска Каменица 1, активни 2

Пехчево 2, активни 4

Дојран 1, активни 1

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Вулканот Пакаја во Гватемала се активира со исфрлање на лава и чад

Вулканот Пакаја кој се наоѓа на две илјади 522 метри надморска висина и на 20 километри оддалеченост од Гватемала повторно се активира со исфрлање лава и облаци од чад.

Вулканот Пакаја има високо ниво на активност што предизвикува ерупција од стромболиски тип со силни експлозии, се наведува во соопштението на гватемалскиот институт за сеизмологија и вулканологија.

Властите со внимание ја следат состојбата во случај на потреба од евакуација на населението.

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште 5 год

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

Со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто заклучно со вчера беше во сила десет години, треба да се овозможи негово продолжување уште пет години за да може општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација. Тие законски измени се на дневн ред на денешната 34. седница, но за нив Парламентот ќе расправа откако ќе поминат во надлежните комисии. Во собраниска процедура е и новиот предлог закон за легализација на дивоградби со којшто се овозможува легализирање на вакви објекти, со одредени исклучоци, но со плаќање 50 проценти од износот на комуналиите.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски деновиве бара начин за легализација на бесправните објекти.

-Вчера истече рокот, има граѓани кои не успелае да соберат 50 евра за да направат елаборат и не успеале да ги легализираат нивните објекти, тоа е нивниот дом и сега немаат начин, остануваат дивоградби. Државата не треба да урива затоа што тоа е материјално добро и пред се, на најсиромашните. Ако не го продолжиме законот, еве заглавен е, навистина никој нема придобивка од тоа, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по почетокот на изградба на далекуводот Штип-Овче Поле.

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

-Новиот закон за бесправно изградени објекти којшто е во собраниска процедура е покренат од градоначалниците и со него сите плаќаат 50 проценти плус на комуналиите, со што секој оној којшто изградил бесправно, а ќе се вклопи во идниот развој на плановите ќе плати 50 проценти од износот на комуналиите како пенали со цел да го натераме народот да престане да гради нелегално, туку да оди во редовните процедури и постапки, рече Бочварски.

Важно е дека со овој закон решаваме клучни и главни инфраструктурни прашања и проекти на државата, далекуводи, гасоводи, водоводи и различни објекти што биле изградени одамна со сите процедури, но не се впишани во Катастарот. Овој закон треба да помине токму поради продолжување на постапките и процесите во државата, истакна Бочварски.

Во однос на станбените згради, тоа што беше одреден недостаток во претходниот закон, како што појасни, сега решението во новиот закон е дека нема да може да се легализираат големи станбени единици, со цел да не се наруши целиот простор и урбаното живеење во државата. Ова е една од придобивките со кои ќе ги запреме сите овие големи гломазни процеси кои беа во тек со претходниот закон, но сакаме заради решавање на важни прашања за граѓаните и за државата да продолжи овој нов закон за бесправно изградени објекти, изјави министерот Бочварски.

Од 2011 година кога почна процесот, досега се легализирани 265.264 бесправно изградени објекти.

Со Законот за легализација чија важност истече вчера можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Новиот предлог закон, пак, се однесува за дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, со исклучок на дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.

притисни ентер