Ријана донирала 5 милиони долари за борба против коронавирусот

Скоро секојдневно големи компании и познати личности донираат пари и неопходни средства за борба против коронавирусот.

Џорџо Армани беше еден од првите кои донираа, и тоа 1,25 милиони евра, за помош на клиниките и институтите, „L'Oréal“ и „LVMH“ покренаа производство на антисептик во своите компании.

Вчера Ријана донираше сума од неверојатни 5 милиони долари преки својата фондација „Clara Lionel“. Славната пејачка одлучија да поддржи неколку организации на кои им е потребана помош, вклучувајќи и банки за храна во Америка.

Повеќето од средствата ќе бидат искористени за помош на медицинскиот персонал и купување на потребна опрема, но и одржување на одделенијата за интензивна нега и помош во завој на вакцина и други методи во борба против вирусот.

притисни ентер