МакедонијаРешетките на Македониумот се привремени, смируваат од Заводот за заштита во ПрилепСтанува збор за исклучиво привремена мерка за заштита, која во ниту еден случај не претставува трајно решение за овој споменик на културата, појаснуваат од Заводот во Прилеп по бројните реакции во јавноста.Во врска со реакциите и шпекулациите што се појавија во јавноста во однос на поставените заштитни елементи на објектот Македониум, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ја информира јавноста дека станува збор за исклучиво привремена мерка за заштита, која во ниту еден случај не претставува трајно решение за овој споменик на културата. Македониумот е заштитено културно добро, прогласено за културно добро во опасност, чија состојба со години се влошува како резултат на изложеноста на надворешни атмосферски влијанија. Навлегувањето на атмосферски води, протекувањата, влагата и другите надворешни фактори предизвикуваат сериозни оштетувања на објектот и претставуваат непосредна закана за неговото понатамошно зачувување. Поради тоа, како надлежна установа за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Прилеп презеде привремени мерки за заштита, со единствена цел да се спречи понатамошното оштетување и деградација на културното добро до започнување на неговата целосна конзервација, реставрацијa и санација. Особено нагласуваме дека привремената заштита не значи трајно решение. Преземените мерки имаат исклучиво заштитна функција и се времено решение за ублажување на последиците од атмосферските влијанија. Тие немаат за цел да го определат идниот изглед на Македониумот, ниту претставуваат конечна интервенција на објектот. Единственото трајно решение е изработката и реализацијата на Основниот проект за конзервација, реставрација и санација на Македониумот, кој ќе ги дефинира сите потребни интервенции согласно конзерваторските принципи, стручните стандарди и законската регулатива за заштита на културното наследство. Апелираме до јавноста да не подлегнува на неосновани шпекулации и неточни информации дека преземените привремени мерки претставуваат конечен изглед или трајно решение за Македониумот. Единствената цел на овие активности е да се заштити ова исклучително значајно културно добро од понатамошни оштетувања, бидејќи со години беше изложено на континуирано пропаѓање како последица на надворешните влијанија. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп останува посветен на својата законска и стручна обврска за зачувување на Македониумот и ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки до реализацијата на целосната конзервација, реставрација и санација на овој споменик, со цел негово трајно зачувување за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаГаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилатаАфрим Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“. Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката. Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување. Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во БугаријаСлучајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија. Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање. „А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“ Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање. „Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски. Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата. Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија. По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter