Регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“ на Попова Шапка - Канал 5

Регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“ на Попова Шапка

На регионалниот саем преку 14 штандови, истиот број на модел проекти се претставија пред јавноста.

Регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“ на Попова Шапка

Во рамки на проектот „Одржлив развој на регионот Шара, Кораб, Коритник“, кој обединува 14 помали проекти на планинискиот масив што се протега низ Македонија, Косово и Албанија, денеска беа претставени грантистите преку регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“.

Во организација на Македонското еколошко друштво и платформата „Пријателите на Шара“ тие 14 проекти се спроведуваат во трите држави и се поврзани со цел развој на туризмот, сточарство, пчеларство, култивирање, локални изработки, локална храна, сувенири поврзани со билки, културна програма на традиционални песни и ора и слично.

-Утрово имавме една донаторска, средба или тркалезна маса на која ги поканивме сите активни организаци, донатори, кои што со години се присутни во регионот, меѓутоа, и некои понови донатори и организации кои со самото прогласување на Шар Планина за национален парк, се активираа во овој регион и се заинтересирани да поддржат проекти и прекугранична соработка во трите земји, како едно подрачје со биодиверзитет и подрачје во кое навистина е важно да се вложува, не само во поглед на заштита на природата, туку и во поглед на поддршка на локалното население и подобрување на социо-економските услови за живот, изјави Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонско-еколошко друштво.

На регионалниот саем преку 14 штандови, истиот број на модел проекти се претставија пред јавноста.

-Вториот настан е еден голем празник на нашата долгогодишна работа, бидејќи го претставуваме најдоброто од регионот. Многу е значајно што на некој начин со овој настан ги собираме, сите оние различни групи, почнувајќи од локалното население, понатаму до заштитените подрачја, до општините, и на крај институциите кои што имаат интерес да соработуваат меѓусебе и да го дадат својот придонес кон регионален развој, изјави Фросина Пандурска Драмиќанин.

Од 14-те проекти земјава ја претставуваат четири.

-Едниот е Инфо центар за Шар Планина, при Планинарски клуб „Љуботен“, тој од мај функционира како посебна туристичка точка, каде што сите туристи можат да добијат информации за она што е присутно на теренот, почнувајќи од планинарски патеки па се до купување на локална храна, освен сувенири во самиот центар се изложени и контакти од нашите останати луѓе поддржани од нашиот проект, каде може да се набави убав шарпланински мед, каде може да се купи шарпланинско сирење итн. Имаме штанд од две основни училишта од Гостивар каде во рамките на овој проект беа поддржани ботаничките градини, како и локална храна од страна на сточарите и пчеларите коишто се поддржани во рамки на проект кој го спроведува Центарот за едукација и развој „Дива перуника“ организација од Скопје, изјави Пандурска Драмиќанин.

Фондацијата „Еуронатур“ од Германија повеќе од десет години ги поддржува овие проекти во трите држави. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. 

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот Нино Васев, доктор Владимир Даниловски, на денешното рочиште во основниот кривичен суд Скопје.

Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Дополнително, од вкупно 35 лекари на Клиниката за онкологија, во лекувањето на овие пациенти учествувале 28 лекари.

Во случајот се обвинети поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување пациенти.

Обвинението ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти наводно биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември!

  Кавадарци повторно се подготвува за својот најголем празник и фестивалот Тиквешки Гроздобер 2026. 

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември!

Децениска традиција која од година во година расте, се развива и денес претставува еден од најголемите и најпосетените фестивалски настани во Македонија.

Програмата за годинашното издание, кое ќе се одржи викендот на 04-ти, 05-ти и -6-ти септември, беше официјално претставена на денешната прес-конференција од страна на Организаторот, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, а заедно со дел од артистите и учесниците - Илчо Нечовски од Дупер, DJ Александар Галоски и Кирил Димитров - Урошев(RPM Classics).

Од традиционална манифестација посветена на грозјето, виното и Тиквешијата, во изминатата деценија Тиквешки Гроздобер израсна во голем современ фестивал кој секоја година привлекува огромен број посетители од цела Македонија и регионот. И оваа година Кавадарци ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации, со музички настапи, традиционални содржини, култура, забава и препознатливата атмосфера по која Гроздоберот е познат. Посебен акцент и годинава е ставен на македонските артисти и домашната музичка сцена, со што фестивалот продолжува да биде голема платформа за промоција и поддршка на македонската музика, култура и творештво.

Но, Тиквешки Гроздобер одамна е повеќе од музичка програма. Тоа е фестивал со најдолга традиција, силен локален идентитет и препознатливост на национално ниво. Настан кој ја слави Тиквешијата, лозарството и винарството, но истовремено создава современа фестивалска приказна која секоја година го претвора Кавадарци во центар на случувањата во Македонија.

Со посетеноста и програмската понуда во последните години, Гроздоберот го потврдува своето место меѓу најголемите македонски фестивали, а Кавадарци уште еднаш покажува дека традицијата може да се зачува и истовремено да се развива во модерен настан со публика за сите генерации.

Тиквешки Гроздобер 2026 и традицијата продолжува... Кавадарци повторно станува фестивалски центар на Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештај на ДКСК за 2025: Примени биле 612 пријави, донесени 583 одлуки од надлежност на комисијата

Во ДКСК лани пристигнале 612 пријави со наводи за корупција, судир на интереси и непријавување на имотна состојба од службени лица, а Комисијата оформила  194 предмети по сопствена иницијатива. 

Извештај на ДКСК за 2025: Примени биле 612 пријави, донесени 583 одлуки од надлежност на комисијата

Издадени биле 111 прекршочни платни налози за прекршување на Законот за спречување на корупцијата, при што во Буџетот биле наплатени глоби во износ од 12.700 евра. Ова се дел од бројките од годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година кој денеска пред пратениците го презентираше претседателот на Антикорупциска, Адем Чучуљ. Тој изјави дека генерално е задоволен од работата на комисијата и покрај проблемите и недостогот на кадар и поголем буџет.

-До Јавното обвинителство доставивме 8 иницијативи за поведување на постапки за кривично гонење. Дополнително 3 иницијативи за утврдување на одговорност за службени лица и 6 друг вид на иницијативи за утврдување на одговорност на избрани и именувани лица односно службени лица. Имаме огромен број пријави, граѓаните не гледаат дека постоиме. Огромен број решени предмети, изречени налози и поднесени иницијативи до надлежното ЈО, изјави Чучуљ.

Пратениците од власта и опозицијата со различни ставови околу борбата со корупцијата и улогата на Антокорупциската комисија. Според пратеничката Соња Мираковска од НСДП, која од опозициските пратеници единствено беше присутна на расправата, Комисијата како институција е непрепознатлива, а извештајот е само обична статистика. Од владејачкото мнозинство, пак, со критики за, како што посочија, незаинтересираноста на опозицијата.

-Вас ве формиравме како тело да бидете совест во оваа држава, луѓето да ве препознаат како совест. Вие давате препораки ама овде не ни давате никаков извештај за тоа што понатаму се случува со вашите препораки. Колку се процесуирани, дали некој ги прифаќа, дали вие во јавност артикулиратвте некој проблем. Не сте само вие проблемот, туку и Собранието. Работата не оди на добро. Дали ќе оди догодина ќе видиме, но сега ова што се работи не е добро, изјави Мираковска.

-Моментално на сите можни извештаи на ДКСК од СДСМ има 0 пратеници, од ДУИ има 0 пратеници и од Левица има 0 пратеници. Тоа зборува се за опозицијата. Колку опозицијата смета и дали смета дека има девијантни појави. ДКСК актуелнава што е сега и претходната што беше, и двете беа изгласани во рамки на ова Собрание кога СДСМ и ДУИ беа на власт. Значи и двете комисии, едната што ја фалите, другата што ја кудите, беше изгласана од СДСМ и од ДУИ, изјави Пренџов.

Во однос на извештајот на ДКСК за финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините Чучуљ оцени дека Комисијата немала обемна работа во однос на локалните избори. ДКСК, оформила 43 предмети поврзани со пријави за изборни нерегуларности, а од нив само за еден случај доставиле иницијатива до надлежно Јавно обвинителство каде што сметале дека има елементи за сторено кривично дело.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер