МакедонијаРечиси еден месец откако замина на боледување, се уште не е познато кога Сотир Лукровски ќе се врати на работаИ денешното свечено отворање на нов училишен детски базен во Карпош, помина во отсуство на градоначалникот Сотир Лурковски, кој пред безмалку еден месец официјално замина на боледување и се уште не е познато кога ќе се врати на работа. Последното појавување на градоначлникот беше на 4 мај, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, а оттогаш воопшто се нема огласено во јавноста. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со него, но тој не одогвара ниту на повиците, ниту на пораките. Општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски, кој со решение од 7 мај објавено во Службен весник е овластен како заменик-градоначалник, во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека Законот за локална самоуправа не предвидува временско ограничување за неговата замена и дека нема информации кога Лукровски ќе се врати на работа. Премиерот Христијан Мицкоски прашан за здравствената состојбата на Лукровски посочи дека не сака да коментира ситуации во кои, како што рече, некој се обидувал да добива политички поени на туѓа мака. Христијан Мицкоски – претседател на Влада 13:28 -13:40, Тоа се лични моменти и јас навистина не би сакал да ги коментирам и ги осудувам сите оние политички глодари кои на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени. Иако е поминат рокот од 15 дена во кој согласно Законот за здравственото осигурување, оцена за привремена спреченост за работа дава матичниот лекар, од Фондот за здравствено осигурување не добивме одговор дали боледувањето на Лукровски му е продолжено од првостепената лекарска комисија. Опозицијата пак реагира дека ваквата состојба е неодржива. Од СДСМ денеска побараа предвремени локални избори, а поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски минатата недела на прес конференција кажа дека боледувањето е алиби, бидејќи, како што рече Лукровски бил забалежан на шопинг во еден од трговски центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
ЖивотМачорот Лари го испрати шестиот премиер, го чека седмиотОставката на британскиот премиер Кир Стармер предизвика уште еден бран политички промени во Обединетото Кралство, но како што се менуваат политичарите, една константа на Даунинг стрит 10 останува - мачорот Лари.Главниот ловец на глувци сега го испрати шестиот премиер и мирно го чека седмиот. Се чини дека ако некој во Британија навистина ја разбира политичката нестабилност, тоа не е искусен новинар или аналитичар, туку 19-годишниот мачор кој стана една од најпрепознатливите политички маскоти во земјата. Главниот ловец на глувци и симбол на континуитет Лари служи како главен ловец на глувци за кабинетот од 2011 година, кога пристигна од познатото животинско засолниште Батерси. Тој беше доведен поради неговата вештина во лов на глувци, но со текот на времето неговата улога прерасна во нешто многу повеќе. Стана неопходен дел од Даунинг стрит, често појавувајќи се на официјални фотографии и јавни објави. Со текот на годините, тој се ракуваше со Барак Обама и Володимир Зеленски, избрка лисица од имотот и имаше познато соперништво со мачорот Палмерстон од Министерството за надворешни работи, кој за жал почина во февруари оваа година. Иако неговата улога е официјално поврзана со контрола на штетници, Лари стана симболична фигура на континуитет во британскиот политички живот и често се споменува од меѓународните медиуми за време на промените на раководството токму поради неговото непрекинато присуство. Премиерите доаѓаат и си одат, Лари останува Кариерата на Лари на Даунинг стрит започна во 2011 година за време на мандатот на Дејвид Камерон, кој поднесе оставка во 2016 година по Брегзит. По него следеа Тереза Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас - чиј мандат беше толку краток што се споредуваше со животот на глава зелена салата - и Риши Сунак и Кир Стармер. Во овој момент, Лари бил сведок на повеќе промени во владата отколку некои долгогодишни државни службеници. По оставката на Стармер, неофицијалниот профил на социјалните мрежи на мачорот Лари, познат по својот сарказам, стана вирален со неколку објави. „Ако им се верува на гласините, наскоро ќе живеам со седми различен премиер. Ако ова продолжи, ќе престанам да се обидувам да ги запомнам нивните имиња“, гласеше една од шегите. И навистина, тешко е да се обвини. Друг пост, покрај слика од петте премиери кои поднесоа оставки на средина од мандатот и Риши Сунак, единствениот што ги загуби изборите, гласеше: „Уште еден падна“. Набрзо следеше потврда: „Ја прифатив оставката на Кир Стармер како мој главен слуга и го повикав Енди Бернам да му дадам детали за тоа колку оброци дневно ќе ми дава“. Со заминувањето на Стармер, Лари повторно ќе го има Даунинг стрит 10 само за себе, бидејќи поранешниот премиер ја наруши рамнотежата со посвојување маче по име Принс. Со оставката на Кир Стармер, Лари останува на својата функција, тивко сведочејќи на политичките превирања од својата историска резиденција. Извор: Индекс.хрТагови: Даунинг стрит мачор Лари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМостар прогласи вонредна состојба поради пожар на депонија (ВИДЕО)Градоначалникот на Мостар по вонредната седница на градскиот и кантонскиот штаб за цивилна заштита изјави дека пожарот предизвикал огромна штета на полето на депонијатаПоради големиот пожар што утрово ја зафати депонијата Уборак и предизвика речиси целосна материјална штета на локацијата, Градот Мостар прогласи вонредна состојба со цел да им се овозможи на надлежните служби брзо и ефикасно да дејствуваат во санирањето на последиците. Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, по вонредната седница на градскиот и кантонскиот штаб за цивилна заштита изјави дека пожарот предизвикал огромна штета на полето на депонијата, како и загриженост кај граѓаните поради чадот што се надвиснувал над градот. „Веднаш по пријавата, сите надлежни служби - пожарникари, полиција, брза помош и други служби - излегоа на местото на настанот. Затекнавме огромен пожар што ги опустоши локациите Буѓевци и Уборак. Изгоре салата за рециклирање со сите свои објекти, опремата на депонијата беше оштетена, а благодарение на напорите на пожарникарите, административната зграда беше спасена“, рече Кордиќ. Според него, штетата е речиси 100%, а настанатата ситуација претставува голем проблем не само за Мостар, туку и за поширокиот регион. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Кордиќ рече дека прогласувањето вонредна состојба му овозможува на Штабот за цивилна заштита да издаде итни наредби и да спроведе мерки потребни за надминување на кризата, особено кога станува збор за организирање на отстранувањето на отпадот откако депонијата Уборак претрпе голема штета. Тој ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно со отпадот и да се воздржат од фрлање комунален и цврст отпад на јавни површини до понатамошно известување за да не се оптовари дополнително комуналниот систем.Тагови: Мостар пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
ЖивотНајстарата желка во светот Џонатан, на 194 години, доби награда од Гинисовата книга на рекордиЏонатан, најстарата желка во светот, доби престижна награда – икона на Гинисовите светски рекорди. Се смета дека Џонатан е роден пред 1832 година, односно има најмалку 194 години, и со тоа е најстарото живо копнено животно во светот, соопшти организацијата. Се проценува дека имал најмалку 50 години кога во 1882 година бил донесен од Сејшелите на јужноатлантскиот остров Света Елена, како подарок за идниот гувернер на оваа британска прекуморска територија, и оттогаш живее во рамките на гувернерската резиденција, вилата „Плантејшн Хаус“. Jonathan the tortoise is officially a Guinness World Records ICON ✨ Believed to have been born c. 1832, Jonathan is the oldest living land animal at the grand old age of 194 years. He is a Seychelles giant tortoise and the average life expectancy of his species is 150. pic.twitter.com/WqxBrM4Z8H — Guinness World Records (@GWR) June 17, 2026 Гинис потсетува дека Џонатан чекорел по планетата уште пред да бидат направени првите фотографии, пред да се воспостават првите телефонски разговори, и пред да биде завршена Ајфеловата кула.Тагови: Гинисовата книга на рекорди желка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter