3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаРебалансот не носи развој, туку нова неизвесност - СДСМ има амандмани за граѓанитеПредложениот ребаланс на Буџетот не носи развој, не носи повисоки плати за работниците, не носи фискална стабилизација.Ребалансот на Буџетот е уште едно признание за сите промашени економски политики, и наместо да ги корегира, да ги промени, власта ги продолжува. Економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Овој ребаланс носи поголем дефицит, поголеми расходи, нови скапи поголеми долгови, повисока инфлација, а помал економски раст. Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% не е само лош економски сигнал, туку е директно отстапување од фискалните правила и отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот. Јавниот долг е далеку од умерен и одржлив. За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра. Со ребалансот домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова значи дека до крајот на годината на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. Ова се долгови, милијарди за кои товарат ќе го носат идните генерации. Фискалниот простор се стеснува, инфлацијата оди нагоре, а економскиот раст надолу. Власта сфати дека и се недостижни ветените 3,8% економски раст, па направи надолна корекција на 3,1%. Значи Македонија не забрзува туку забавува, економски. Она што е уште позагрижувачко е нагорното ревидирање на инфлацијата – од 2,5 на 4,5%. И ова признание дека Владата очекува цените уште повеќе да растат, што значи поскапа храна, повисоки сметки, поскап живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ. Премиерот Мицкоски наместо да преземе конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени. Тоа не е државна политика тоа е манипулација и замајување на јавноста. Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените. Вистинското лице на овој ребаланс, се гледа таму каде што Владата одлучила да крати. Во сред сезона на пожари, се кратат средства во програмата А2 на Министерството за одбрана, односно парите за противпожарна заштита, и тоа од 1 милијарда се намалуваат на 770 милиони денари. И замислете ова се случува во перод кога веќе почнаа пожарите. Еве има активни пожари во Штип, Македонски Брод и на други места. Владата која секој ден зборува за демографија а со своите политики ги брка младите од земјата, со ребалансот покажа дека тоа било само лажен ПР. Кратат од средства за демографски политики и програми за младите – од 71 милион денари остануваат само 21 милион. Бизнисот повторно ќе ја плаќа цената на неспособното управување со јавните финансии. Поддршката на инвестиции“, се крати за 200 милиони денари. За социјално-ранливите граѓаните нема доволно пари. Во делот за надоместоци и права од социјална заштита ќе фалат уште 3 милијарди за да се сервисираат сите обврски. Кај заштитните друштва кои вработуват инвалиди фалат плус уште 500 милиони, затоа што предвидените 300 милиони денари што се додадени ќе се искористат за исплати од цела 2025. За оваа година нема да има пари. Капиталните инвестиции во детска заштита се намалуваат од 79 на 29 милиони денари. Исплатата на пензиите е ставена во ризик. Не се зголемени парите што се исплаќат од МТСП кон ПИОМ, фалат 10 милијарди денари за до крај на годината. СДСМ нема да поддржи ваков ребаланс кој значи само нови долгови и поголема сиромаштија. Имаме и конкретни амандмани. Во делот социјалата со нашите амандмани предлагаме зголемување на правото на попреченост и посебниот додаток за деца со попреченост. Повеќе пари во буџетот за социјалните услуги, за да нема застој во исплатите кои доцнат и по неколку месеци. Предлагаме обезбедување пари за прифатилишта на жртви за семејно насилство, бидејќи ништо не е предвидено, зголемување на парите за демографските политики и за младите, обезбедување пари за Националниот Сојуз на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи. Во делот на здравството со нашите амандмани бараме повеќе пари за опрема којашто е неопходна за навремена дијагностика и достапна здравствена заштита на сите граѓаните. Во образованието, обезбедување средства за обука на наставници во училиштата и вработени во Бирото за развој на образование, за студентски оброк, ученички оброк, санација на училишта, блок-дотации во основното и средното образование. Во Министерството за одбрана повеќе пари за плати во одбраната, за пожарникари. Во земјоделството, повеќе пари за поддршка за секторот и за интервентниот фонд. Владата може да се откаже од луксузот свој и од огромните трошења и да пренамени пари за граѓаните, за стопанството. Граѓаните заслужуваат Влада што ќе инвестира во нивната иднина, а не Влада што секој месец ги задолжува за да ги покрива сопствените промашувања. Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жениОпштина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години. „Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените. “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените. Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје. Пријавата е достапна и на веб-страницата на Општина Центар ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените“ | Општина Центар .mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасностКавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на градот, Митко Јанчев. Пред четири години бевме прва општина во државата која постави 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти. Денес, таа приказна ја продолжуваме уште посилно. Фотоволтаичните системи се веќе поставени на сите 12 предвидени јавни установи, со вкупна инсталирана моќност од 355 kW. Ова значи едно – помали сметки за електрична енергија, поголеми заштеди и повеќе средства за други потреби на граѓаните. Посебно значајно е што фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари, инвестиција која директно се претвора во долгорочна корист за јавниот сектор и за целата заедница. Панели се поставени на: [🏛️] Локална самоуправа – 20,125 kWp [🏫] ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – 20 kWp [🏫] СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – 15,64 kWp [🏠] Објект „Изворче“ – 25,3 kWp [🏠] Објект „Детелинка“ – 25,83 kWp [🏠] Објект „Гроздоберче“ – 46,5 kWp [🏠] Објект „Снежана“ – 50,02 kWp [🏠] Објект „Сонце“ – 25,3 kWp [🏥] ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – 71 kWp [🎭] Дом на култура „Иван Мазов Климе“ – 15,58 kWp [📚] Библиотека „Феткин“ – 16 kWp [⚖️] Основен суд Кавадарци – 24 kWp Од сончева енергија до помали трошоци. Од помали трошоци до повеќе инвестиции. [☀️] Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава. Продолжуваме со инвестиции што остануваат и носат корист денес, утре и во годините што доаѓаат, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
КошаркаОфицијално: АБА-лигата е одложена!Регионалната кошаркарска АБА-лига сега и официјално ќе биде одложена поради несогласувања со судиите.Кошаркарите на Цибона не отпатуваа за Подгорица на натпреварот од првото коло против Будуќност, а причината се – судиите! Клубот од Загреб доби информација дека натпреварот е одложен и дека нема потреба да патуваат во Црна Гора, поради несогласувања со судиите околу исплатата на хонорарите за натпреварите. Се чинеше дека АБА-лигата нашла решение откако распиша повик за ангажирање судии од целиот свет, но сега тие судии почнаа да се повлекуваат, па оваа иницијатива се соочува со сериозни проблеми. Сè уште не се знае што ќе се случи со останатите натпревари, ниту кога АБА-лигата ќе најде решение, но едно е сигурно – доколку наскоро не се најде излез, регионалното натпреварување ќе се соочи со огромен проблем околу календарот и вклопувањето на преостанатите натпревари во веќе пренатрупаниот распоред на сите екипи, поради обврските во другите европски и домашни натпреварувања.Тагови: АБА ЛИГА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00